Паника на Олд Трафорд

„Волкот од Вол Стрит„ прети со уништување на Манчестер Јунајтед

 |  инфодеск  | 

Менаџерот на Манчестер Јунајтед веќе го доби прекарот „Волкот од ВолСтрит„ кој бил експерт за рушење на вредноста на акциите, односно експерт за измама на клиентите кои за големи провизии продавал безвредни акции, а букмејкерите на една голема обложувалница го почастија Мојс со тој прекар бидејќи акциите на клубот од Олд Трафорд потонаа на њујоршката берза за околу 250 милиони во последните шест месеци.

Драстичен пад на акциите се поклопува со доаѓањето на Дејвид Мојс и заминувањето на Алекс Фергусон од клупата на Манчестер Јунајтед. Под водство на Мојс, црвените ѓаволи паѓаат и на резултатски и на финансиски план. Веќе на половина од сезоната екипата практично ги загуби сите шанси за одбрана на титулата, а како што стојат работите опаснo им виси и пласманот во Лигата на шампиони. Негативните резултати резултираа со осетен пад на акциите.

Мојс го води Манчестер како да е агент од Ливерпул кој е дојден на Олд Трафорд по задача да го сруши до темел, се шалат по форумите навивачите на Евертон а посебно на Ливерпул, двата најголеми ривали на Манчестер.

Во некои британски обложувалници, можно е да се обложувате на тоа дали до крајот на сезоната вредноста на акцијата на Манчестер Јунајтед ќе падне на 10 долари од сегашните 15 по акција. Одлична можност од 12/1 за оние кои мислат дека Мојс до крај ќе го упропасти Манчестер, а таквите не се малку. Навистина е тешко да се претпостави до кога ќе трае слободното паѓање на Манчестер Јунајтед затоа што испадна од ФА купот а пред неколку дена и од лига купот.

Ниедна несреќа не доаѓа сама, така што веднаш од испаѓањето од лига купот објавени се извештаите за приходите на најголемите фудбалски екипи (Football Money League Report) и према нив Манчестер после долги години не е повеќе во друштво со Реал и Барселона. Баерн Минхен го претекна Манчестер благодерение на  фантастичната сезона од минатата година кога ги освои најважните трофеи и го зголеми својот приход за 17 проценти или 431,2 милиони евра.

Инвеститорите во Манчестер се се поскептични дека под водство на Мојс би можела екипата да стигне до место во премиерлигата кое води во лигата на шампиони, а уште поскептични се дека би можел да се пробие понатака во лигата на шампиони.

Дека лошите вести од берзата предизвикаа паника на Олд Трафорд, сведочи и изненадното купување на Хуан Мата од Челзи. Шпанецот го изгуби местото во прв тим кај Мурињо но тоа не му пречеше на Манчестер да изброи 45 милиони евра оштета и да му понуди плата од околу 170 илјади евра неделно. Астрономска плата за играч кои ја грееше клупата во Челзи. Но и по поразот од Стоук, се чини дека ни тој нема многу да биде од помош.

Навивачите се разочарани, а уште поголем проблем за Мојс е тоа што сопствениците на клубот не се баш уверени дека е способен да го извлече бродот кој тоне, и не е невозможно дека по првата сезона може да добие отказ, затоа што Манчестер Јунајтед без Лига на шампиони е како јадење без сол и зачин, како што велат сопствениците. На Мојс сега тешко би му помогнала и реминисценцијата на Фергусон и неговото „стартен почек на кредитот„.

Ако „црвениот брод„ продолжи да тоне, акциите уште повеќе ќе потонат а во тој случај останувањето на недораснат капетан на бродот би значело самоубиство со предумисла, а ова го знаат искусните бизнисмени и инвеститори, а се знае во фудбалот кој прв плаќа данок во вакви ситуации.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top