Ознака: условите

Zdravstven dom Struga

Не стивнуваат обвинувањата за директорката на Здравствениот дом во Струга

Post Views: 0 По вчерашното обвинување за мобинг врз вработените во Здравствениот дом во Струга, денес повторно полни раце работа за директорката Вера Попоска. Сестрите од Здравствениот дом денес излегоа со листа барања за подобрување на условите за работа. Тие тврдат дека условите во кои досега работеле се под секое ниво и дека тие не се во можност ефикасно да си ја вршат својата работа. Сестрите потврдија и дека во Здравствениот дом дошла и Трудовата инспекција и направила свој записник, но досега тие не успеале да го видат овој записник ниту пак знаат дали по овој записник е постапено. „Нашето...

Continue reading

gluvi i nagluvi

Се подобруваат условите во градов и во државава за лицата со оштетен слух

Post Views: 9 Полека, но сигурно се подобруваат условите во градов и во државава за лицата со оштетен слух. Во охридското здружение на глуви и наглуви лица има околу 150 членови од кои неколку се малолетни лица.   Двајца од нив се во основно образование, двајца се средношколци едн апсолвент,а има и едно 4 годишно дете кое оди на подготвителна настава во училиштето во Битола за деца со оштетен слух. Според сегашните законски решенија родителите се тие кои одлучуваат каде ќе се школуваат нивните деца, дали ќе посетуваат некое специјализирано училиште или пак ќе следат настава во училиштата...

Continue reading

sala

Женскиот ракомет во струга пред исчезнување

Post Views: 6 Ракометарките на ЖРК „ФОН Универзитет“, некогаш добро познат под името „Стружанка“,  клуб кој беше втор во Југословенската лига, а денес под закрилата на ФОН универзитетот е највисоко рангиран во супер женската ракометна лига, едвај функционира во катастрофални услови. Директорот на клубот, Д-р Јован Трпеноски кажа дека условите во кои сега работат се ужасни. Илузорна е споредбата со европските клубови и спортските сали во кои тие клубови тренираат. И македонските ракометни клубови кои им доааѓаат во гости згрозени од условите кои ги затекнале во спортската сала. „На...

Continue reading

bratstvo

Се подновија делови од ОУ „Братство Единство“

Post Views: 10 САД помогнаа во реновирање на ОУ „Братство Единство“. Денес се одржа свечена церемонија, со што со сечење на лента се одбележа завршувањето на реновирањето на ова училиште преку проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција во образованието. „Помагаме за подобрување на условите во училиштата во Македонија со што фундаментално се подобруваат условите на учениците“, истакна Дејвид Кокс, координаторот  за операции во Канцеларијата на атешето за одбрана при Амбасадата на САД во Скопје „Импресивно е што се можеме да постигниме кога работиме заедно. Обезбедувањето на помош...

Continue reading

gerijatrija

Пензионерите и годинава празнично на геријатрија

Post Views: 1 Охридското пензионерско здружение во посета на одделението за геријатрија при Општа болница Охрид. Традиционално во очи на претстојните празници, вештите раце на пензионерките направија различни домашни специјалитети како комат, штрудла питулици, ванилици, и ги поставија на трпезата на геријатрија за да ги вкусат пациентите. Годинава охридските пензионери покрај визита на пациентите, беа во посебна мисија, да ги видат условите на геријатриското одделение, како и тоа да дознаат до каде е реализацијата на идејата за проширување на истото. „Ги видовме условите тие се подолго...

Continue reading

Bujar Osmani

Нов Закон за здравствена заштита

Post Views: 2 Целта, е преку темелно преуредување и прецизирање на делови од органзиацијата на системот на здравстена заштита, да се создадат услови, а со тоа и реални шанси од долгорочен рамномерен развој на здравствениот систем за потребите на граѓаните и да се создадат предуслови преку воведување нови решенија кои ќе го подобрат квалитетот на здравствената дејност и ќе го унапредат здравствениот систем доближувајќи го поблиску до пацинетите. Министерот Османи рече дека при изработката на законот се воделе од показателите за состојбите во здравството и искуствата стекнати од постоечкиот...

Continue reading

Поразителна вистина која стои зад iPhone

Post Views: 0 Кинескиот снабдувач на Apple ги крши сите сигурносни и платежни прописи и покрај ветувањата кој ги дал на технолошкиот џин дека ќе ги подобри условите, соопштиле две здруженија на активисти, воочи пуштањето во продажба на iPhone 6. Организациите China Labor Watch и Green America објавиле низа приговори за платите, безбедноста и условите за работа во фабриките на кинеските производители за светски познатите компјутери и смарт телефони, јавува ABC News. Глобалните брендови кои се потпираат на кинеските доставувачи, одговориле дека платите ги наметнале а и другите стандарди...

Continue reading

restoran

Ќе се издава ресторанот на охридските гробишта

Post Views: 8 После три месеци пауза, на повидок е повторно отварање на ресторанот во кој се прават задуши кај охридските гробишта. Функционирањето на овој ресторан е од посебна важност за граѓаните на Охрид, бидејќи секоја друга опција за правење на задуша на друго место само дополнително го оптоварува буџетот на корисниците на таа услуга.   „Се надевам дека огласот за издавање под закуп на ресторанот нареднта недела ќе биде објавен.  Интересот е огромен така да ќе видиме кога ќе го објавиме огласот кој се посериозни кои навистина сакаат да се јават “ – најавува Симоноски. За...

Continue reading

пумпа

Вистински спас за дневниот центар „Зраци“

Post Views: 4 Нема веќе миење садови во тоалети. СанитарНо-техничкиот проблем со кој се соочуваа и штитениците и вработените од Дневниот центар за поддршка на лицата со интелектуална попреченост „Зраци“ од Охрид сега веќе го нема. Со помош на Локалната самоуправа и ЈП „Нискоградба“, беше инсталирана потопна пумпа  која ги спроведува отпадните води од центарот до градскиот канализационен систем, бидејќи самиот центар се наоѓа во подрумски простории. Сашо Донев директор на ЈП „Нискоградба“ задоволен од сработеното, но и од можноста да се помогне на оние на кои помошта им е најпотребна. „Деновиве...

Continue reading

Го инсталиравте Facebook Messenger? Сега прочитајте на што се согласивте

Post Views: 0 Од Facebook  рекоа дека за нив е полесно оддржувањето на посебна апликација, што е делимична вистина, но компанијата не нагласила што се крие во условите на користење кој никој не ги чита. Секако, кога Facebook се би кажал, никој не би ја користел како апликација, и затоа најпрактично е корисниците да кликнат само “Agree”. Апликацијата е бесплатна но, сите апликации ние ги плаќаме на овој или оној начин. Huffington Post влегол малку подлабоко во условите за користење на Messenger и открил прилично незгодни работи во условите за користење, а сме допуштиле Facebook  да...

Continue reading

proslava

Денот на албанската просвета и албанскиот учител одбележан со свечена програма

Post Views: 6 Основното училиште „Братство единство“ од Охрид денес  гo одбележа 7-ми Март- Денот на албанската просвета и албанскиот учител. На овој ден во 1877 год. било отворено првото училиште на албански јазик во Корча, а во 1961год. е одлучено овој датум да се прославува. Директорот на ОУ Братство единство, Муамер Доко вели дека сите овие години се вложувале напори да се издигне професијата на албанскиот учител на едно повисоко ниво и во тоа се успеало, но додава дека сеуште има простор за работа на оваа тема. –И понатака треба да се трудиме за да ги подобриме условите...

Continue reading

donacija

50 кревети и медицинска опрема донација за специјалната болница „Свети Еразмо“

Post Views: 4 Педесетина кревети и придружна постелнина, медицинска опрема во гази, вати, потоа наткасни, масички за јадење за пациентите, сталаци за инфузии. Оваа медициска опрема е дел од донацијата која ја доби специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Свети Еразмо“ од Охрид. Според директорот на оваа медицинска установа, д-р Митко Тилевски, донираните кревети во голема мера ќе помогнат во подобрување на условите во кои престојуваат пациентите во „Свети Еразмо“. Оваа голема донација е обезбедена од страна на културното друштво „Октиси 2009“ со седиште во Сент Гален од...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top