Ознака: условите

pazar

Десеткувани тезгите на пазарот

Post Views: 0 Добар дел од тезгите во градскиот пазар се празни. Кризата по се изгледа почна да ги десеткува тезгите. На пазарот со кој стопанисува ЈП Градски пазар се повеќе се забележуваат празни продажни места, а во последно време дури и слободен простор со целосно отстранети тезги.  Првиот човек на ЈП Тони Коталески вели дека има заинтересираност за закуп на тезгите и тврди дека 80% од нив се издадени. „Имаме негде 150 тезги за замјоделски производи , 50 тезги за бижутерија и 20 тезги за текстил. Од сите тие вкупно 80% се издадени на годишно ниво со закуп, 10% се со закуп за период...

Continue reading

gradinka

35 велгоштанчиња од предшколска возраст, од денес во нова градинка

Post Views: 5 Велгошти конечно ја доби долго посакуваната градинка за своите најмали. Денес беше официјалното отворање на прилагодената и приспособена градинка во други просторни услови, а во рамки на основното училиште „Живко Чинго“. Според министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов, со отворањето на градинките во Лескоец и Велгошти, општина Охрид станува пример за општина која работи во насока на подобрување на постоечките капацитети. „За помалку од две недели, ова е втора градинка во други просторни услови која што ја отвораме во општина Охрид и јас би сакал да се заблагодарам...

Continue reading

Etihad купува уште една национална авио-компанија

Post Views: 2 Потврдени се главните услови од договорот на предложената трансакција со кој авио-превозникот од Обединетите Арапски Емирати, Etihad, ќе стане сопственик на 49% од националната италијанска авио-компанија Alitalia. Двете авио-компании сега ќе прејдат на финализација на документите за таа трансакција, наведено е во заедничкото соопштение. Заклучените инвестиции, како што се наведува, подлежат на финални регулаторни одобренија. Ниедна од компаниите не ги обелодени условите а ниту обемот на инвестицијата на Etihad, иако на почетокот од месецов италијанскиот министер за инфраструктура,...

Continue reading

socijalna

Социјални станови нема ни за лек, но има комерцијални со намалена цена

Post Views: 7 Во Охрид нема ниту еден празен стан од категоријата на социјални станови, обелоденува раководителот на регионалната подружница на Агенцијата за станбен и деловен простор од Охрид, Гоце Георгиески. Тој додава дека реална и огромна е побарувачката на граѓаните за социјални станови, но условите за добивање се тешки. Во моментов во општинава има еден таков станбен комплекс кој има 70 станови и е максимално исполнет, и  кога би се изградиле уште 4 такви станбени единици нема да ги задоволат потребите на охриѓани за да го решат станбеното прашање, појаснува првиот човек на...

Continue reading

tavan

Неколку охридски фамилии живеат во лоши услови

Post Views: 10 Членовите на 4 семејства од кои дестина се деца живеат во страв во приземната куќа до маларичната. Објектот стар 50 години се распаѓа и како што велат станарите, секој миг може да се случи незгода, односно таванот може да им се сруши врз глава. „Овде се никакви условите за живот, прво и прво се прокиснува, гледате како е однадвор, во денешно време ние имаме полски тоалети и водата ни е надвор од објектот, условите се никакви“ Таир раскажува дека останале да живеат со надеж дека надлежните ќе го решат проблемот, кој е стар речиси 5 децении, ветувале, но до ден денес...

Continue reading

jajca

Јајцата и производите од животинско потекло се продаваат во затворен простор

Post Views: 31 Конечно, во охридскиот пазар јајцата и млечните производи се продаваат во затворен простор. На  отворен простор, според законските прописи, повеќе не е дозволено да се продаваат  јајца  и производи од животинско потекло.  За запазување на прописите градски пазар обезбеди просторија во која се дислоцираа  тезгите за продажба на овие производи, информира в.д. Виолета Цепенкоска. „ Просторијата е на околу 30-тина квадрати и ги задоволува моменталните потреби од закупците. Понатака во рамките на нашите можности  ќе ги подобруваме условите кои сега се  минимално технички. ...

Continue reading

alga pristaniste

Расцвета зелената кончеста алга

Post Views: 0 Зголемената температура на водата, причина кончестата разгранета зелена алга од род кладофора, интензивно да расцвета. Оваа алга во Охридското езеро претежно ја има на места кои се пооптоварени со фосфор, како што е случај со делот на градското пристаниште. Зелената алга расте прицврстена за камења, карпи или друга цврста подлога, меѓутоа по одредено време и потрага по светлина, одредени нејзини делови се одделуваат од подлогата и на површината на езерото создаваат топчести душеци.  Овие т.н кладофорни топки создаваат непријатна слика, за што многу често се нарекува...

Continue reading

logo

ОСУ „Ванчо Питошески“ подготвено за своите идни ученици

Post Views: 4 Осмооделенците Бојан Робески и Ристески Дарко, се можеби идните средношколци кои своето образование ќе го продолжат во Средното општинско училиште „Ванчо Питошески“. И двајцата задоволни од условите кои се нудат во ова училиште, а со кои се запознаа на денешната презентација организирана за сите осмооделенци во просториите на самото средно стручно училиште. „Ова е прво училиште кое ние сме го посетиле, досега доаѓаа презентери од другите средни училишта од градов и ни презентираа. Внимание ми привлекоа практичните настави, бидејќи јас го обожавам готварството, мислам...

Continue reading

plaza

Нема плажа без гњаважа

Post Views: 0 Концесионерите на охридските плажи изиграни. Најголемиот дел од нив велат дека Министерството за транспорт и врски не игра фер плеј. Условите кои ги наметна овојпат за давање на плажите под концесија ги натера да направат радикален чекор. Поголемиот дел од концесионерите на охридските плажи нема да аплицираат за повторно да добијат право да стопанисуваат со нив. Тие велат дека да можат би го вратиле времето назад и воопшто не би се впуштиле во оваа неисплатлива авантура. Поранешните концесионери објаснуваат дека само мал дел од нив заработиле од плажите, повеќето се...

Continue reading

plaza

Распишан конкурсот за давање на oхридските плажи под концесија

Post Views: 3 За помалку од еден месец ќе се знаат новите газди на Охридските плажи. Министерството за транспорт и врски го распиша јавниот конкурс за давање под краткотраен закуп земјиште сопственост на Република Македонија, наменето за плажи на охридското крајбрежје. Условите наведени во него се крајно неповолни и арогантни, речиси за сите поранешни, а и потенцијални концесионери, вели Љупчо Нечкоски – поранешен концесионер на плажа. „ Условите за конкурирање за секоја плажа се крајно неприфатливи, пред се од финансиска гледна точка . А не знам и од кои причини и голем број од плажите...

Continue reading

most

Понтони да, но по еко-стандарди

Post Views: 1 Нов оглас, со нови обврски. Уште неколку дена до распишување на новиот оглас за краткотраен закуп на охридските плажи, а заинтересираните се соочуваат со најавата за доплнителната обврска, поставување на мини пристаништа, на пет охридски плажи. Од потенцијалните концесионери, сега за сега молк. Повеќето од поранешните закупци на плажите, на кои според акциониот план на МТВ треба да се постават понтонските пристаништа, не сакаат да коментираат се додека не се знаат условите во огласите за давање на плажите под краткотраен закуп, кои пак треба да се распишат до крајот...

Continue reading

pres

Петрески чека извинување од ФК Охрид 2004

Post Views: 3 Жестока реакција на локалната и јавното претпријатие „Билјанини извори“ за обвинувањата од раководството на ФК Охрид 2004. Овој пат на прес конференција ги демантираа тврдењата дека условите за тренирање на стадионот „Билјанини извори“ се лоши. Градоначалникот Петрески со ултиматум до раководството, ако не се извинат-отидоа бесплатните тренинзи. Обвинувањата на ФК Охрид 2004 дека условите на стадионот „Билјанини извори“ се лоши, не поминаа незабележани. На нив остро реагираше локалната, а особено директорката на ЈП „Билјанини извори“, Гордана Јованоска. Таа вели: „Каде...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top