Го инсталиравте Facebook Messenger? Сега прочитајте на што се согласивте

Постои добра причина зошто ја издвоија како посебна апликација

 |  инфодеск  | 

Од Facebook  рекоа дека за нив е полесно оддржувањето на посебна апликација, што е делимична вистина, но компанијата не нагласила што се крие во условите на користење кој никој не ги чита. Секако, кога Facebook се би кажал, никој не би ја користел како апликација, и затоа најпрактично е корисниците да кликнат само “Agree”.

Апликацијата е бесплатна но, сите апликации ние ги плаќаме на овој или оној начин.

Huffington Post влегол малку подлабоко во условите за користење на Messenger и открил прилично незгодни работи во условите за користење, а сме допуштиле Facebook  да се користи со нив.

Во продолжение можете да прочитате само некои работи кои сме ги подариле на семожниот Facebook.

-Апликацијата овозможува промени на состојбата за мрежно поврзување.

-Апликацијата овозможува поврзување на телефонски броеви без ваша интервенција, што може да доведе до неочекувани трошоци или повици. Злонамерните апликации можат да повикуваат без ваша потврда а со тоа создаваат трошок на ваша сметка.

-Апликацијата овозможува праќање на смс пораки. Злонамерните апликации можат да праќаат пораки без ваша потврда, што доведува до неочекувани трошоци.

-Апликацијата овозможува снимање преку микрофонот. Оваа дозвола овозможува снимање на звукот без ваша потврда во било кое време без ваша согласност.

-Апликацијата овозможува сликање на слики и снимање на видео. Оваа дозвола овозможува апликацијата да ја користи камерата во било кое време без ваша потврда.

-Апликацијата овозможува читање на повиците од вашиот телефон, вклучувајќи ги и податоците за влезните и излезните повици.

-Апликацијата овозможува читање на податоците за вашите контакти кои се наоѓаат во телефонот, вклучувајќи ја и фреквенцијата на повикување, праќање електронска пошта или комуникацијата на други начини со одредени поединци.

-Апликацијата овозможува читање на личните податоци на профилот како што се вашето име и информациите за контакт. Тоа значи дека апликацијата може да ја идентификува личноста и може да ги проследи податоците на други.

-Апликацијата овозможува пристап до другите телефонски сетинзи. Оваа дозвола овозможува апликацијата да го утврди бројот на телефон и идентификациониот број на телефонот.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top