Нов Закон за здравствена заштита

Министерот за здравство, Бујар Османи ја презентираше работната верзија на новиот закон за здравствена заштита. Во него се предвидува воспоставување мрежа на здравствени установи, воведување концесија, сигурност во здравството и акредитација и надзор над здравствената дејност.

 |  Маја Савиќ  | 
Bujar Osmani
Бујар Османи

Bujar OsmaniЦелта, е преку темелно преуредување и прецизирање на делови од органзиацијата на системот на здравстена заштита, да се создадат услови, а со тоа и реални шанси од долгорочен рамномерен развој на здравствениот систем за потребите на граѓаните и да се создадат предуслови преку воведување нови решенија кои ќе го подобрат квалитетот на здравствената дејност и ќе го унапредат здравствениот систем доближувајќи го поблиску до пацинетите.

Министерот Османи рече дека при изработката на законот се воделе од показателите за состојбите во здравството и искуствата стекнати од постоечкиот закон. Тие се потрудиле и да бидат надминати сите празнини.

– Се работи за системски закон што го регулира системот, функционирањето и организацијата на здравствената заштита, како и начелата и условите по кои ќе фунционира новиот здравствен систем. Неговата имплементација треба да придонесе за ефикасно решавање на тековните проблеми со кои се соочува здравството во Република Македонија, но и да одговори на предизвиците со кои ќе се соочиме во иднина, кажа Османи.

Министерот за здравство појасни дека воспоставувањето на мрежа на здравствени установи преставува прецизно уредување на критериумите за дефинирање на мрежата и начинот и условите на вршење на здравствената дејност во мрежата, но и надвор од неа. Мрежата ќе ја сочинуваат приватни и државни здравствени установи кои ќе ги исполнат критериумите и условите што ќе бидат дефинирани во законот.

– Здравствената дејност што ќе се врши во установите што се дел од мрежата и која претставува јавен интерес на граѓаните на Македонија ќе се финансира од средствата од задолжителното здравствено осигурување што го плаќаат на Фондот. Установите што ќе бидат дел од мрежата ќе мора да ги исполнуваат сите услови дефинирани со прописите за здравствено осигурување под исти услови и под иста цена за сите осигурани лица, истакна Османи.

За пацинетите и граѓаните што се опфатени со задолжително здравствено осигурување тоа ќе значи дека во сите установи што се дел од мрежата без разлика дали се државни или приватни ќе важат сините картони без да мора да доплаќаат надвор од законски дефинираната партиципација. За приватните здравствени установи што ќе вршат дејност надвор од мрежата нема да важат картоните.

Колку амбуланти, аптеки, стоматолошки и гинеколошки ординации, болници и клиники ќе има на едно одредено географско подрачје ќе зависи од вкупните здравствени потреби на населението, како и бројот и стручноста на медицинскиот персонал ќе бидат дел од предусловите за влегување во мрежата

Во изготвувањето на новиот закон за здравствена заштита, кој наскоро ќе биде доставен на разгледување до Владата, биле вклучени сите релеванти претставници од здравствениот систем, лекарската, фармацевстката и стоматолошката комора, синдикатот за здравство, лекарското друштво на Макеоднија, Иститутот за јавно здравје и други институции. 
{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top