Поразителна вистина која стои зад iPhone

Може ли воопшто да биде некогаш решен овој проблем?

 |  инфодеск  | 

Кинескиот снабдувач на Apple ги крши сите сигурносни и платежни прописи и покрај ветувањата кој ги дал на технолошкиот џин дека ќе ги подобри условите, соопштиле две здруженија на активисти, воочи пуштањето во продажба на iPhone 6.

Организациите China Labor Watch и Green America објавиле низа приговори за платите, безбедноста и условите за работа во фабриките на кинеските производители за светски познатите компјутери и смарт телефони, јавува ABC News.

Глобалните брендови кои се потпираат на кинеските доставувачи, одговориле дека платите ги наметнале а и другите стандарди и дека спроведуваат редовни инспекции.

Меѓутоа, активистите тврдат дека кршењето на прописите во фабриката Catcher Technology, која произведува делови за MacBook и iPad, во градот Suqian, се влошиле а за тоа бил известен Apple во април 2013 година.

Таен истражител кој добил работа во фабриката, открил кршење на прописите, вклучувајќи и прекувремено работење и до 100 часа месечно, додека со закон е дозволено 36 часа. Открил дека се кршат прописите на Apple, вклучувајќи недавање заштитна опрема и заклучување на излезите во случај на пожар и затварање на прозорците, а фабриката била полна со метална прашина.

Во 2012 година Apple ветил дека ќе ги зголеми платите и дека ќе ги намали работните часови во Кина, откако ревизијата открила кршење на прописите кај големиот доставувач.

Во соопштението кој го објави Apple стои дека нивните инспектори ги прегледуваат погоните на Catcher секој месец. Минатата година Apple спроведе 451 ревизија на доставувачите, вклучувајќи го и Catcher. Со последната ревизија се забележани конкретни подобрувања, стои во соопштението.

Така на пример Catcher ги поправил апаратите за пожар, ги отклучил излезите за во случај на пожар, ги обележал насоките за итен излез, и го почитувал ограничувањето со работните часови.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top