Ознака: УНЕСКо

Експертите на УНЕСКО својата инспекција на охридскиот регион ја започнаа од НП Галичица

Post Views: 2 Комисијата на Унеско денеска ја започна својата мониторинг мисија на охридскиот регион. Прва на агендата на експертите од организацијата за заштита на светското природно и културно наследство, Галичица. Тричлената комисија оствари работна средба со раководството на НП Галичица. Средбата се одвиваше зад затворени врати а по нејзиното завршување претставниците на УНЕСКО не дадоа изјави. НП Галичица е под лупа на експертите со цел да се утврди дали и во која мера се испочитувани препораките кои Унеско ги даде во врска со големите инфраструктурни проекти кои треба да се...

Continue reading

Мониторинг Комисијата на Унеско пристигна во Охрид

Post Views: 5 Од 9 до 14 април во охридскиот регион ќе престојува Комисијата на Унеско. Од Националната канцеларија на УНЕСКО во Скопје не откриваат детали што се е на агендата на експертите од организацијата за заштита на светското културно наследство, но засега, неофицијално, се очекува да се врши увид во НП Галичица во однос на планираниот експресен пат до Свети Наум и ски центарот на Галичица како и Светиклиментовиот универзитет на Плаошник. Комисијата ќе оствари средби и со невладини организации. Граѓанското здружение за заштита на животната средина Еден и граѓанската иницијатива...

Continue reading

opera house

Во продажба се ќерамидите на сиднејската „Оpera House“

Post Views: 5 Прочуената Опера во Сиднеј, зградата којашто стана најпрепознатливиот симбол на овој австралиски град, на виртуелна продажба ги стави керамидите од дел од покривот за да може да го финансира обновувањето. Славната опера во австралиската метропола Сиднеј, кое е вброено во светското наследство на УНЕСКО , која во октомври одбележа 40 години од постоењето, во понеделникот даде на продажба 125 илјади керамиди кои се наоѓаат на највисокиот дел од покривот, Со таа иницијатива, се смета дека би можело да се соберат околу 15 милиони австралиски долари или 10 милиони евра. Меѓу...

Continue reading

Мониторинг мисијата на УНЕСКО доаѓа во март

Post Views: 1 Денес истече рокот кој Комисијата од Унеско и го даде на државата да достави извештај за статусот на заштитените добра и за чекорите преземени за спроведување на препораките кои оваа комисија ги достави до владата.  Во  јули мината година Комитетот од  Унеско за светско наследство  упати сериозни забелешки дека во Охридскиот регион се планирани големи инфраструктурни проекти како Ски-центар Галичица, патот А3, Железничкиот коридор VIII и автопатот А2. УНЕСКО смета дека овие проекти може  да влијаат врз исклучителната универзална вредност на заштитеното добро.  По препораките...

Continue reading

Бакрачески: Еколошките друштва пред УНЕСКО даваат погрешна слика за заштитеното наследство

Post Views: 5   На 40-то заседание на Комитетот за светско наследство на УНЕСКО во Истанбул и официјално била искажана загриженоста за иднината на охридскиот регион и неговото природно и културно наследство под напливот на големиот број планирани т.н. „развојни проекти“. Од УНЕСКО било јасно потенцирано дека Охрид наредната година може да се најде на листата на градови во опасност, која е само еден чекор пред одземањето на статусот на светско културно наследство на овој македонски град. Градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески пак, смета дека состојбата не е толку алармантна. „Далеку...

Continue reading

Ќе биде ли Охрид избришан од листата на светско наследство од УНЕСКО?

Post Views: 2 Еколошките здруженија на граѓани „Фронт 21/42“ и „Еко-свест“ предупредуваат дека можно е веќе на почетокот на идната година Охрид да биде избришан од списокот на УНЕСКО. Еколошките здруженија на граѓани „Фронт 21/42“ и „Еко-свест“ во текот на вчерашниот ден иницираа жалба пред постојниот комитет на Бернската конвенција на Советот на Европа во Стразбур поради сомнежот дека планираните развојни проекти на брегот на Охридското езеро и Н.П „Галичица“ ќе нанесат штета на дури 260 строго заштитени видови на животни и нивните живеалишта. „Сметаме дека државата не може да ги...

Continue reading

УНЕСКО бара до 1 февруари 2022 да добие извештај за Охридскиот регион

Post Views: 0 Македонија и Албанија како држави што управуваат со Охридскиот регион како светско културно-историско и природно богатство ќе мора до 1 февруари наредната година до УНЕСКО да достават извештај со реализиран напредок во спроведувањето на активностите посочени во препораките за заштита на Охридскиот регион. Во ревидираните одлуки што ги донесе Комитетот за Светско наследство при Организацијата на ОН за образование, наука и култура на продолжената 44-та пленарна сесија одржана во Кина стои дека Експертскитe тела на ИУЦН (за природно наследство) и ИКОМОС (за културно наследство)...

Continue reading

bokova

Директорот на УНЕСКО во посета на Македонија

Post Views: 6 По повод златниот јубилеј на реномираната поетска манифестација „Струшки вечери на поезијата“ денеска и утре, во официјална посета на Република Македонија ќе престојува генералниот директор на УНЕСКО Ирина Бокова. Како што соопшти Министерството за култура, во текот на денешниот ден,  Бокова придружувана од министерката за култура и претседателка на Националната комисија на УНЕСКО Елизабета Канческа-Милевска ќе го посети Музејот на вода во Охрид, а во вечерните часови ќе присуствува на презентацијата на поетскиот портрет на годинашниот лауреат на СВП, Матеа Матевски. Утре,...

Continue reading

unesko

Загрозен статусот на Охридскиот регион под Унеско

Post Views: 2   Доведен под знак прашалник статусот на Охридскиот регион под заштита на Унеско. На последната седница на Комитетот на УНЕСКО која се одржа во Истанбул, за прв пат во официјален документ на светската организација е ставена забелешка со која Охридскиот регион се соочува со опасност да биде впишан во листата на загрозени подрачја. Ваквото нотирање  е чекор до губење на статусот на заштитено подрачје, алармираат еколозите од НВО  „Фронт 21/42, на стартот од кампањата „Едно е!Вредно е!“ за зачувување на Охридскиот регион под  УНЕСКО. Со кампања  се крева гласот  за надлежните...

Continue reading

Razlicni li sme

Дали навистина сме толку различни?

Post Views: 3 Сличностите кои постојат помеѓу етничките заедници кои живеат во Струга, треба да се покажат заедно со мултикултурните убавини на таа средина. Така Унеско клубот „Values of Struga“ денеска на чаршискиот мост во центарот на градот  организира настан како дел од проектот „Дали сме различни“ под наслов „Различни ли сме“. Зојка Наскова, национален стручен претставник на УНЕСКО во земјава посочи дека изборот на Струга како место каде овој ќе биде реализиран не е случаен. „Во текот на развојот на програмата и со консултација со локалните партнери избрани се три пилот општини,...

Continue reading

Георгиески на прес конференција во врска со одлуката на Унеско

Post Views: 2 Комитетот на светско природно и културно наследство на УНЕСКО му даде на Охридскиот регион уште една шанса и дополнителен рок од две години за зачувување на Статусот на заштитено подрачје. Тоа се должи на досегашните испорачани резултати на општина Охрид во исполнување на препораките на УНЕСКО, истакна градоначалникот Константин Георгиески во неговото денешно обраќање на прес конференција. Ова особено се однесува на сериозните и континуирани активности кои Општина Охрид ги презеде во делот на отстранување на бесправните градби, уредување на крајбрежјето и доследното...

Continue reading

Одложено гласањето за статусот на Охридскиот регион под УНЕСКО

Post Views: 0 Нема епилог од расправата по нацрт-извештајот за идниот статус на заштитеното културно и природно наследство на на Охридскиот регион на 44. Сесија на Комитетот за светско наследство при УНЕСКО, што се одржува во кинескиот град Фуџоу. Текстот на одлуката по кој ќе се гласа за статусот на Охридскиот регион го пегла посебна група која ја формира претседавачот со сесијата.  Расправата започна со дискусија за извештајот во кој се нотираат слабостите за односот на државата, институциите, на централно  и локално ниво кон Охридското Езеро и градот како природно односно културно...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top