Ознака: УНЕСКо

Унеско бара од Локалната самоуправа евалуација на влијанието врз животната средина на бесправно изградените објекти во заштитениот појас

Post Views: 4 Донесување на Планот за управување со природното и културното наследство во Охридскиот регион е клучно, со тоа е тесно поврзан Мораториумот за било какви урбани трансформации во заштитеното подрачје. Тоа е она што ги погодува граѓаните кои сакаат илегално да градат, вели Градоначалникот на Охрид Константин Георгиески. Што се однесува на она што незаконски досега е изградено Георгиески дециден ,секој објект за кој има решение за отстранување ќе биде рушен, отстапки нема да има за никого. Кога ќе се руши, не открива. „Сега ќе следи процес на евалуација и тоа е она што...

Continue reading

УНЕСКО му даде уште една шанса на Охрид

Post Views: 1 Продолжување на рокот за спроведување на препораките за заштита на Охридскиот регион е одлуката на Комитетот за светско наследство на УНЕСКО на 43. сесија што се одржува во Баку, Азејберџан. Комитетот гласаше по амандман поднесен од БиХ, Кина , Унгарија и Бразил според кој властите во Македонија до 1ви февруари 2020 треба да поднесат нов целосен извештај за преземените мерки за зачувување на универзалната културна и природна вредност на Охридскиот регион. Предходно Комитетот изгласа статус на заштитено светско наследство да добие и албанската страна од езерото. На следната...

Continue reading

РЕВИТАЛИЗАЦИЈА НА СТУДЕНЧИШКОТО БЛАТО И РЕГУЛИРАЊЕТО НА СООБРАЌАЈОТ ВО ОХРИДСКОТО ЕЗЕРО, ПО ПРЕПОРАКИТЕ НА РЕАКТИВНАТА МОНИТОРИНГ МИСИЈА НА УНЕСКО

Post Views: 8 Општина Охрид во рамките на своите редовни активности, а согласно својата политика за примена на највисоки стандарди за заштита на животната средина, почитувајќи ја Конвенцијата на УНЕСКО за заштита на природното и културното наследство и настојувајќи да ги спроведе сите препораки од Реактивната мониторинг мисија на УНЕСКО (април 2017 г.), на 06.06.2018 година, со почеток во 11 часот, во големата сала на Општина Охрид, организира трибина за Студенчишкото блато и потребата од регулирање на пловниот сообраќај во Охридското Езеро посебно во делот на сместување на пловните...

Continue reading

Научната фела загрижена, со губење на статусот на УНЕСКО градот ја губи и главната туристичка вредност

Post Views: 1 Се прекинуваат постапките за издавање одобрение за градење и за легализација на бесправно изградени објекти во Охрид. Времено се прекинуваат и постапките за изработување и донесување на урбанистички планови и урбанистички проектни документации, како и постапувањето по донесените урбанистички планови и документации. Овие активности ќе продолжат после донесувањето на Планот за управување со природното и културното наследство, кое се очекува да се случи за околу шест месеци. На вчерашната седница владата  го утврди Предлог-законот за управување со природното и културното...

Continue reading

Ќе се корнат палмите во Охрид по препорака на УНЕСКО

Post Views: 11 Една од препораките во извештајот кои ги добивме од УНЕСКО кој треба да биде разгледан на 43-та сесија на Комитетот за културно наследство што ќе се одржи наредниот месец во Баку, беше и внимателно набљудвање на автентичноста и интегритетот, на архитектонското и урбанистичката кохерентност на Охрид. Притоа од УНЕСКО препорачуваат да се избегнува користење на форми и материајли кои не се карактеристични за подрачјето и флората, како што беа палмите засадени пред неколку години, но и да се избегне користење на големи комерцијални билборди со кои се нарушваат визурите...

Continue reading

Општина Охрид: Во извештајот на УНЕСКО посочени се и позитивните активности на кои локалната самоуправа и владините институции работеа

Post Views: 5 „Забелешките што се наведени во Извештајот на УНЕСКО, кој треба да биде разгледан на 43-та сесија на Комитетот за културно наследство што ќе се одржи наредниот месец во Баку, ја покажуваат фактичката состојба на Охридскиот регион. Оваа состојба беше детектирана уште во мониторинг мисијата на УНЕСКО која беше направена во април 2017 година“. „Општина Охрид, во текот на изминатите две години ги зеде во предвид сите препораки во однос на ова прашање и во рамки на своите законски надлежности сериозно се посвети на исполнување на барањата на УНЕСКО“. Важно е да се напомене...

Continue reading

Влада: Долгогодишното лошо управување со регионот и мегаломанските проекти кои беа закана за езерото и националниот парк, причина УНЕСКО, Охрид да се стави на Листата на загрозено светско наследство

Post Views: 2 После вчерашната информација објавена од голем број македонски медиуми дека УНЕСКО предложи Охрид да се стави на Листата на загрозено светско наследство, од Владата излегоа со официјален став дека Охридскиот регион долги години бил лошо управуван и дека постапува со внимание и сериозност по сите одлуки и препораки на УНЕСКО. -„Владата на Република Северна Македонија пристапува со внимание и сериозност кон комплексните состојби со кои се соочува светското природно и културно наследство во Охридскиот регион години наназад. Долгогодишното лошо управување со регионот и мегаломанските...

Continue reading

Локалната и централната власт сериозно да ги сфатат забелешките и препораките од УНЕСКО

Post Views: 1 Екологистите очекуваат лоша оценка од УНЕСКО. Во јуни во Баку Охрид може да добие нови забелешки или во најлош случај да биде ставен на листа загрозени градови на Унеско, предупредуваат екологистите.Тие своите тврдења ги базираат на неспроведувањето на забелешките, од деветнаесетте забелешки упатени од  реактивната комисија на Унеско не биле реализирани ниту десет.  „Во јуни очекуваме да добиеме препорака со уште поголеми забелешки  од УНЕСКО или Охрид  ќе биде ставен во групата загрозени градови. Најверојатно некој во овој град и тоа го посакува. Не смееме да дозволиме...

Continue reading

zastita kulturno nasledstvo

Природното и културно наследство на регионот на Охридското Езеро ќе се става под интегрирана заштита

Post Views: 3 Попис на сите културни и природни богатства кои ги има регионот на Охридското Езеро и во македонскиот и во албанскиот дел. Вака треба да започне проектот на УНЕСКО за интегрирана заштита на културното и природното наследство во регионот на Охридското Езеро. Овој проект цели кон разрешување и отстранување на сите закани кон природните и културните вредности на овој регион и нивна интегрирана заштита и во Македонија, и во Албанија. „Интегрираната заштита на целокупниот охридски регион значи всушност еден нов квалитет, најмногу во областите на заедничка грижа за квалитетот...

Continue reading

Доколку се следат препораките на УНЕСКО, последниот камион отпад на Буково треба да пристигне до крајот на 2020 година

Post Views: 0 Во тој случај Охрид останува без локација каде да го депонира отпадот. Оваа година Југозападниот плански регион мора да изнајде решение за изградба на регионална депонија. Екологистите остануваат на ставот дека предложената локација кај Дебарца е погрешна бидејќи општината е главно и најголемо сливно подрачје на Охридското езеро. Според препораките на Унеско, депонијата во Буково треба да биде затворена до крајот на 2020 година. Со тоа Охрид ќе остане без можност каде да го депонира отпадот доколку во нареднава година Југозападниот плански регион не изнајде решение за...

Continue reading

Охрид СОС: Испорака на нови барања и забелешки од Унеско од јунскиот состанок

Post Views: 1 Нови барања и забелешки очекуваат од граѓанското здружение СОС за македонската Влада од страна на Унеско од состанокот кој ќе се одржи во јуни во Баку, каде што ќе заседава Комитетот за светско наследство при УНЕСКО. Таму ќе се решава дали Охрид ќе го стави на листата на културно и природно наследство во опасност. Пред година и пол беа испорачани 20 барања според забелешки кои не се во согласност со критериумите на Унеско, за градот и Езерото да не бидат ставени на листата на загрозени подрачје под заштита на Унеско. 8 април беше крајниот рок за доставување на документите...

Continue reading

УМЕРЕН УРБАНИСТИЧКИ РАЗВОЈ НА ОХРИД СОГЛАСНО ПРЕПОРАКИТЕ НА УНЕСКО

Post Views: 1 Во однос на Предлог -одлуката за утврдување нацрт- детален урбанистички план за УЗ 2, УБ 2.3-опфат 5, КО Охрид 3, Oпштина Oхрид , плански период 2013–2018, што се најде на дневен ред на 17-та седница на Советот на Општина Охрид , градоначалникот Стојаноски за медиумите  изјави: – Станува збор за точка на дневен ред на Советот на општина Охрид   која е Нацрт урбанистички план. Треба да знаат и граѓаните дека во ваков случај најпрво следува Јавна расправа , по што се изработува предлог урбанистички план, по што во финална фаза е усвојување или не усвојување на тој...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top