Ознака: УНЕСКо

УНЕСКО се смилува: имаме рок до февруари 2020

Post Views: 6 Охрид уште неколку месеци нема да биде прогласен „светско наследство во опасност.“ УНЕСКО на конференцијата во Баку Азербеџан ни дозволи дополнителен рок до февруари следната година. Државава и градов ќе добие уште неколку месеци за да ги исполни препораките на реактивната комисија на УНЕСКО за Охридскиот регион дадени во 2017 година. Земјава треба да добие дополнително време пред да се одлучува дали Охридскиот регион ќе добие статус „светско наследство во опасност.“ Од владината делегација на конференцијата во Баку, Азербејџан, информираа дека дел од градбите кои беа...

Continue reading

Општина Струга мора да ги спроведе препораките на Унеско за заштита на Охридскотo крајбрежје

Post Views: 5 Благој Бочварски, министерот за транспорт и врски, најави работна посета на општина Струга и средба со градоначалникот Рамиз Мерко. Досега соседната општина не презеде никаки активности за одстранување на нелегалните градби на крaјбрежието според препорките на Унеско за разлика од општина Охрид. Мерко во повеќе наврати тврдеше дека нема нелегални градби во неговата општина, а нема ни податоци колкав е бројот на нелагалните објекти в долж крајбрежјето. „ Врз основа на документација сакам да видам што е нелегално, кој е планот на општината за решавање на овие прашања....

Continue reading

Мисијата на Унеско се сретна со невладиниот сектор

Post Views: 1 Невладиниот сектор вчера одржа средба со претставници на Мониторинг комисијата од Унеско. Тие ги искажале ставовите и забелешките во однос на заштита на културното и природното наследство во регионот. И понатаму останува неизвесно дали Охрид ќе остане под Унеско или ќе се најде на листата на загрозени културни наследства, што е чекор до бришење од листата на Унеско, вели Драгана Велковска од Здруженито „Еден“ по одржаната средба. Оваа дилема ќе се разјасни по 8 недели кога Реактивната Комисија на Унеско треба да подготви извештај со информации и забелешки кои ги добила...

Continue reading

Елизабета Канческа-Милеска

Министерката за култура на Генералната конференција на УНЕСКО во Париз

Post Views: 2 Министерката за култура и претседател на Националната комисија за УНЕСКО Елизабета Канческа-Милевска денеска и утре  ќе има обраќања на 35-то заседание на Генералната конференција на УНЕСКО во Париз, која се одржува  од 6 до 23 октомври. Канческа-Милевска, која е и шеф на делегацијата составена од претставници на министерствата за надворешни работи, за образование и наука и за животна средина и просторно планирање, денеска во името на Република Македонија ќе се обрати на главната пленарна седница на 35-та Генерална конференција, а утре ќе се обрати на Пленарниот форум...

Continue reading

Националната комисија за УНЕСКО: Зачувување на Охрид како светско природно и културно наследство

Post Views: 8 Националната комисија на УНЕСКО на вторатa седница го разгледа Нацрт-извештајот за состојбата и напредокот во заштитата на природното и културното наследство на Охридскиот Регион за 2020 година, при што усвои Мислење упатено до Владата, во кое се вели дека Нацрт-извештајот е во насока на истакнување на заложбите на земјата која значително ги интензивираше своите активности за спроведување на Одлуката на Комитетот за светско наследство на УНЕСКО од седницата одржана во Баку во 2019 година и за исполнување на препораките на Реактивната мониторинг-мисија на УНЕСКО и советодавните...

Continue reading

Гир: ЕУ ја дели загриженоста на УНЕСКО за заштитата на Охридскиот регион

Post Views: 1 Денеска сум во Охрид за како ЕУ да ја дадеме подршката и да ја нагласиме  важноста на заштитата на статусот на исклучителна универзална вредност доделен на Охридскиот регион од страна на УНЕСКО, кажа евроамбасадорот Дејвид Гир по работната средба со Градоначалникот Константин Георгиески. ЕУ ја споделува загриженоста на УНЕСКО кои укажуваат на ризикот Охридскиот регион да се најде на листата на светско наследство во опасност и го разбираме огромниот јавен интерес за заштитата на природното и културното наследство на регионот, изјави Гир. „Заштитата на природното и културното...

Continue reading

УНЕСКО: Државата, Југозападниот плански регион и Охрид имаат рок од три години да го решат проблемот со дивите депонии

Post Views: 6 Во последниот Нацрт извештај на УНЕСКО за состојбата со природното и културното наследство на Охридскиот регион стои дека во временски период од три години, државата и Југозападниот плански регион мора да ги затворат нелегалните депонии како Буково, Мауцкер, депониите кај Струга, но и помалите, многу побројни во регионов, а просторот соодветно да го исчистат и опплеменат. Според претходниот извештај депонијата во Буково требаше да биде затворена до крајот на 2020 година и повеќе на та таа локација да не се одлага отпад, но во најновиот, оваа препорака треба да се исполни...

Continue reading

Отстранувањето на ризиците по Охридското Езеро и регионот согласно насоките на УНЕСКО мора да биде врвен приоритет за сите засегнати и надлежни

Post Views: 3 Неопходност од преземање итни мерки и активности, како и највисока подготвеност на сите чинители вклучени во процесот за да се отстранат опасностите по Охридското Езеро и неговото природно и културно наследство, согласно насоките на УНЕСКО, е од врвен приоритет и на новиот состав на Националната комисија за УНЕСКО на Република Северна Македонија, која, во координација со владиното интер-ресорско тело со кое претседава претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев е вклучена во подготовката на Извештајот за напредокот за 2020 година кој нашата држава...

Continue reading

Нацрт извештајот на УНЕСКО е силен аларм за состојбата во Охридскиот регион

Post Views: 2 Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев одржа координативен состанок со заменикот на претседателот на Владата задолжен за економски прашања Фатмир Битиќи, министерката за култура Ирена Стефоска, министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини, министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и директорот на Македонски железници – Инфраструктура Хари Локвенец, на кој се анализираа наодите во нацрт извештајот на Реактивната мисија на УНЕСКО за состојбата со природното и културното наследство во Охридскиот регион. На почетокот...

Continue reading

Георгиески: Проектот за реконструкција на кејот е усогласен со УНЕСКО

Post Views: 1 Проектот за реконструкција на Кеј Македонија , за кој Општината има правосилно решение за реконструкција е усогласен со  насоките од  УНЕСКО, кажа градоначалникот на Охрид Константин Георгиески во вчерашното гостување на емисијта Топ Тема. Во нацрт-извештајот на УНЕСКО  членовите на Реактивната мониторинг мисија навеле дека иако сметаат дека е потребна реконструкција на кејот, постојниот  проект предвидува масивна бетонска конструкција и според нив неоправдано проширување на кејот со што ќе навлезе за околу 1,5 метар во езерото. Мисијата посочила дека проектот треба...

Continue reading

Статусот на Унеско за регионов е важен за развојот на туризмот

Post Views: 5 Да се зачува Охридскиот регион на листата на Светско културно и природно наследство е од голема важност за развојот на туризмот, вели Андон Бојаџи од НП Галичица. Верува дека државата ќе добие поддршка од граѓаните и институциите за да се справи со проблемите за да се зачува Статусот на културно и природно наследство на Унеско. Позитивни сигнали доаѓаат од Министерството за култура. Ресорната министерка најави дека во Охрид, Струга и Дебрца веќе нема да се гради без нивно одобрение и консултација. Бојаџи смета дека треба да се регулираат работите и постапувањата при...

Continue reading

Општина Охрид: Исполнувањето на препораките од УНЕСКО за нас останува приоритет

Post Views: 3   Во изминатите 18 месеци Општина Охрид како локална власт, но и во координација со другите надлежни институции и Владата континуирано и посветено работела на зачувување на природното и културно национално богатство на Охридскиот регион. Но , додаваат дека се работи за сложен процес, кој бара огромен ангажман, време и средства. И покрај тоа, спроведени се сериозни активности со кои се става крај на децениската деградација на овој регион, велат од општината во соопштение за јавност. „Првпат е донесен сеопфатен План за управување со светското природно и културно наследство...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top