Во продажба се ќерамидите на сиднејската „Оpera House“

Прочуената Опера во Сиднеј, зградата којашто стана најпрепознатливиот симбол на овој австралиски град, на виртуелна продажба ги стави керамидите од дел од покривот за да може да го финансира обновувањето.

opera house
опера хаус

Прочуената Опера во Сиднеј, зградата којашто стана најпрепознатливиот симбол на овој австралиски град, на виртуелна продажба ги стави керамидите од дел од покривот за да може да го финансира обновувањето.

Славната опера во австралиската метропола Сиднеј, кое е вброено во светското наследство на УНЕСКО , која во октомври одбележа 40 години од постоењето, во понеделникот даде на продажба 125 илјади керамиди кои се наоѓаат на највисокиот дел од покривот, Со таа иницијатива, се смета дека би можело да се соберат околу 15 милиони австралиски долари или 10 милиони евра.

Меѓу првите коишто дадоа свој придонес е австралискиот актер Хју Џекмен. „Операта е ремек-дело на светското наследство на УНЕСКО коешто му припаѓа на секој од нас”, рече Џекмен.

opera houseВо рамките на кампањата под мотото „„Поседувајте ја нашата куќа”, керамидите се продаваат на интернет, а цената на едно парче се движи меѓу 100 и 400 австралиски долари. Собраните средства ќе се употребат за обновување на зградата и за организација на бесплатни настани за широката јавност. Во операта во Сиднеј секоја година се случуваат две илјади изведби, коишто ги проследуваат 8,2 милиони посетители.

Операта во Сиднеј е дело на данскиот архитект Јорн Утзон, составена од три групи „школки” , надсводени и меѓусебно испреплетени, а во 2007 година беше додадена на списокот на светското наследство на УНЕСКО, како едно од „големите архитектонски дела на XX век”.

Три генерации наследници Јорн Утзон присуствуваа на свеченоста одржана на 20-ти октомври годинава кога беше одбележан денот кога во 1973 година Операта беше инаугурирана од страна на британската кралица Елизабета Втора. Операта се наоѓа во заливот на Сиднеј кој данскиот архитект го потсетил на бродоградилиштата во неговиот роден град Аалборг. Ученик на славниот Финец Алвар Аалто, Утзон почина во 2008 година во 90-те година. Поради разијдувањата со австралиските власти, бил принуден да го напушти проектот во 1966 година, препуштајќи им го на Питер Халн, Дејвид Литлмор и Лионел Тод кои се грижеле за довршување на проектот.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top