Ќе биде ли Охрид избришан од листата на светско наследство од УНЕСКО?

Еколошките здруженија на граѓани „Фронт 21/42“ и „Еко-свест“ предупредуваат дека можно е веќе на почетокот на идната година Охрид да биде избришан од списокот на УНЕСКО.

 |   | 

Еколошките здруженија на граѓани „Фронт 21/42“ и „Еко-свест“ предупредуваат дека можно е веќе на почетокот на идната година Охрид да биде избришан од списокот на УНЕСКО.

Еколошките здруженија на граѓани „Фронт 21/42“ и „Еко-свест“ во текот на вчерашниот ден иницираа жалба пред постојниот комитет на Бернската конвенција на Советот на Европа во Стразбур поради сомнежот дека планираните развојни проекти на брегот на Охридското езеро и Н.П „Галичица“ ќе нанесат штета на дури 260 строго заштитени видови на животни и нивните живеалишта.

„Сметаме дека државата не може да ги исполни обврските од конвенцијата доколку ваквите проекти бидат реализирани и треба да се направат повеќе напори за да се спроведат поодржливи проекти и ја потенцираме вредноста на подрачјето на охридскиот регион. Во светот има 35 вакви подрачја коишто се прогласени и за културно и за природно светско наследство“, вели Миа Лозаноска – НВО „Фронт 21/42“.

Потписник на „Конвенцијата за заштита на европскиот жив свет и природните живеалишта е и нашата држава. Жалбата овие две граѓански здруженија ја поднесуваат бидејќи надлежните локални и централни власти се оглушиле на препораките од УНЕСКО да се запрат проектите и да се направи нов мониторинг. Тие предупредуваат дека е можно веќе на почетокот на идната година Охрид да биде избришан од списокот на УНЕСКО.

„Во јули оваа година нашата држава беше предупредена дека доколку се реализираат овие проекти можеме да бидеме вклучени на листата на подрачја на опасност на светски наследства во опасност, што пак би можело да биде чекор напред во бришење од листата на светско наследство односно од заштитени подрачја од УНЕСКО“, Миа Лозаноска – НВО „Фронт 21/42“.

Се надеваат дека Советот на Европа следната година ќе отвори случај по нивната жалба, бидејќи Европската банка за обнова и развој е заинтересирана до го финансира проектот за експресен пат од Охрид до Пештани.

Од овие две невладини организации нудат алтернатива, односно одржлив транспорт во Националниот парк Галичица, со тоа што ќе се воведат автобуски линии, изградба на специјална пешачка и велосипедска патека меѓу Охрид и Свети Наум, подобрување на водниот сообраќај преку соларни или електрични чамци, воведување такси служба со хибридни автомобили.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top