• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Бакрачески: Еколошките друштва пред УНЕСКО даваат погрешна слика за заштитеното наследство

Бакрачески: Еколошките друштва пред УНЕСКО даваат погрешна слика за заштитеното наследство

Еколошките здруженија и асоцијации прикажуваат погрешна слика за состојбата со заштитеното природно и културно наследство во охридскиот регион пред УНЕСКО. Ваков е ставот на Локланата самоуправа на општина Охрид во врска со последните предупредувања од УНЕСКО, околу можноста за одземање на статусот на светско културно наследство на туристичкиот бисер.

 |  Николоска Биљана  | 

 

На 40-то заседание на Комитетот за светско наследство на УНЕСКО во Истанбул и официјално била искажана загриженоста за иднината на охридскиот регион и неговото природно и културно наследство под напливот на големиот број планирани т.н. „развојни проекти“. Од УНЕСКО било јасно потенцирано дека Охрид наредната година може да се најде на листата на градови во опасност, која е само еден чекор пред одземањето на статусот на светско културно наследство на овој македонски град. Градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески пак, смета дека состојбата не е толку алармантна.

„Далеку е од оној аларм кој што сакаат во јавноста да го прикажат некои организации. Морам и овде да кажам јас сум многу искрен и нема да давам дипломатски изјави истите тие се премногу исполитизирани и имаат преголемо политичко влијание, а многу малку се осврнуваат на стручните и професионални аспекти, на принципите врз кои што се тие засновани и изгледа дека тие повеќе сакаат да го нема Охрид во УНЕСКО отколку што навистина се загрижени за заштита на човековата околина“.

Конфликтната состојба меѓу Локалната самуправа и еколошките асоцијации стана пожестока откако невладините организации предводени од Фронт 21/42“ укажаа на неколку жешки еколошки точки кои се однесуваат на изградба на инфраструктурни проекти во Нaционалниот парк Галичица и езерскиот брег. Градоначалникот Бакрачески јавно ги повика претставниците на еколошките асоцијации да седнат на иста маса со него и отворено да поразговараат за овој проблем.

„За сите аспекти за кои што навистина имаат искрена загриженост во делот на заштита на човековата средина нека дојдат кај нас во Локалната самоуправа ќе поразговараме за сите можни аспекти, за можна или потенцијална загрозеност на човековата околина, меѓутоа на еден многу професионален и стручен начин со изнесување на аргументи и со вклучување на експертски мислења, а не политизирани изјави

Бакрачески нагласи дека околу оваа проблематика Владата и ресорните министерства веднаш постапиле по препораките на УНЕСКО. За таа цел формирале работен експертски тим, кој пак изготвил акционен план и бил усвоен на седница на Влада со цел да се одговори на истите предупредувања. Градоначалникот најави, дека на барање на македонската Влада, во февруари ќе дојде мисија на УНЕСКО, која ќе направи комплетен увид на точките кои на конференцијата во Истанбул биле забележани како можност да се спроведат одредени препораки. Според Бакрачески тоа е најдобриот начин да се согледа моменталната ситуација и да се расчистат шпекулациите кои години наназад провејуваа во јавноста.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top