Ознака: УНЕСКо

Nikola Bkraceski vo Pariz

Градоначалникот ја претстави кандидатурата на Охрид за европски град на културата

Post Views: 16 На покана на Филмскиот Фестивалот на Југо-источна Европа “SEE a Paris”, кој под покровителство на УНЕСКО деновиве се оддржува во Париз престојува Градоначалникот на Охрид, д-р Никола Бакрачески. На свечената церемонија, покрај обраќањето на Генералниот Директор на УНЕСКО г-ѓа Ирина Бокова, министерот за култура на Р.Црна Гора, г-дин Бранислав Миќуновиќ, и други високи личности, се обрати и Градоначалникот Никола Бакрачески, кој пред присутните ги претстави културните и духовни вредности на Охрид, на тема “Охрид- кандидат за Европски град на културата...

Continue reading

биосфера

Биосферниот резерват Охрид- Преспа влегува во процес за заштита под Унеско

Post Views: 0 Прекуграничниот биосферен резерват Охрид-Преспа влегува во нов процес подготовки за прогласување на бисферниот резерват под заштита на Унеско. Дејан Паноски од Билатералниот секретаријат за заштита на сливот на Охридското Езеро истакна дека во интерес на биосферниот резерват е  заштитата на природните реткости, но и промовирање на нови туристички и економски вредности за развој на целиот регион. „ Во таа насока ќе продолжиме заедно со активнсотите за номинација и зонирање на биосферниот резерват со зони каде што ќе може да се развива урбаниот сегмент, активно да се управува...

Continue reading

Dejan Panoski

Билатеријалниот секретаријат има конкретни планови за 2013 год.

Post Views: 0 Три големи проекти кои што се однесуваат на интересите на Охрид и регионот ќе треба да се имплементираат во 2013 год. Претставникот на билатералниот секретаријат Дејан Пановски открива на што ќе се фокусира секретаријатот годинава. „На крајот од 2012 год. Завршивме три успешни проекти кои што претходно долг период ги водевме и за кои лобиравме. Едниот е прогласување на биосферен резерват Охрид – Преска кој што во следниов период ќе си земе замаф по изготвување на апликацијата, Вториот е проектот кој конкретно ќе треба да го изведиме за студенчишкото блато за негова...

Continue reading

sv. kliment Ohridski

ООУ Св. Климент организатор на Унеско камп

Post Views: 14 Во четирите денови колку што ќе трае кампот учесниците во истиот ќе разменуваат искуства, но и ќе разговараат за зајкнување на Унесковата мрежа на збратимени училишта. Организаторите на кампот велат дека горди се што и покрај лошите времески услови, сепак сите пријавени учесници пристигнале и се дел од кампот, поточно гости на Св. Климент се ментори и ученици од четири училишта од Пиран – Словенија, Кикинда – Србија, Котор – Црна Гора и од Скопје – Македонија.   Домаќините задоволни од одзивот, а гостите уште позадоволни од приемот во Охрид. „Ова...

Continue reading

crkva

Конакот во комплексот Перивлепта со нови содржини

Post Views: 1 Во комплексот Богородица Перивлепта наскоро ќе стартува конзервација, реставрација и ревитализација на конакот и камбанаријата.  Секој момент се очекува добивање на конзерваторското одобрение од  Управата за заштита  на културното наследство по што ќе следи рушење на ѕидовите и кровот на конакот кој се во лоша состојба. Под раководство на врвни македонски  статичари ќе се зајакнуваат постоечките ѕидови и ќе се реконструира она што мора да биде  срушено, нагласува  директорот на Завод и музеј, Тања Паскали Бунташеска. Со градежните зафати во комплексот се предвидени и ...

Continue reading

flaer

Светското наследство во рацете на младите

Post Views: 15 Никола Јакимовски и Емилија Богданоска, се само дел од тимот средношколци од ОСУ „Ванчо Питоешки“ кои учествуваа во реализацијата на проектот на УНЕСКО, „Светското наследство во рацете на младите“. Велат, знаењата кои ги стекнаа при изработката на овој проект, а во врска со локалитетот СВ. Наум, за нив се од непроценливо значење. Сега тие, се еден чекор поблиску до вокацијата туристички водич. „Добивме со истражувањата такви информации, важни за нас и за презентација пред туристите, посебно за работи кои се малку познати на македонската па и на светската јавност. Ова...

Continue reading

ezero riba

Основците од ОУ Св. Климент Охридски во посета на хидробилошкиот инситут

Post Views: 0 Седмо и осмооделенците од ОУ Св. Климент Охридски учеа за Охридското Езеро и живиот свет во него, со посебен акцент на рибите. Денешните активности по повод светскиот ден за заштита на животната средина, беа реализирани од страна на невладиното здружение за промоција на туризмот и културните вредности во Охрид, Култ ДАМ и основното училиште Св Климент Охридски. „Често политичарите меѓу себе се препукуваат дека УНЕСКО има силни фондови кои никој не ги користи, јас верувам дека тие силни фондови ќе се отворат само ако се направат вистински проекти за што имаме и капацитет...

Continue reading

arijan meroli

УНЕСКО ќе го штити Охридско – преспанскиот регион

Post Views: 4 УНЕСКО ќе го штити Охридско – преспански регион.  Интенција на Билатералниот секретаријат за заштита на Охридското Езеро е овој регион да биде прогласен за биосферен резерват за што се залага нашата држава, Р. Албанија, а позитивно се изјасни и Р. Грција. Во проектот ќе учествуваат и општините кои се наоѓаат во овој регион. На ваков начин природното и културното богатство на регионов институционално ќе се заштити. Дејан Пановски претставник во Билатералниот секретаријат за заштита на Охридското Езеро од Македонија вели дека со прогласувањето на биосферен резерват Охрид...

Continue reading

unesco

Република Македонија стана член на највисокиот – Извршниот одбор на УНЕСКО

Post Views: 2 Република Македонија стана член на Извршниот одбор на УНЕСКО. Кандидатурата на Република Македонија беше позитивно изгласана со 142 гласа (од вкупно 195 држави – членки) на гласањето што се реализира на 2 ноември 2011 година во рамките на 36-то заседание на Генералната конференција на УНЕСКО која се одржува од 25 октомври до 10 ноември во седиштето на организацијата во Париз. Мандатот на нашата земја во ова највисоко тело на УНЕСКО е четири години. Македонија за прв пат добива место во извршниот одбор на УНЕСКО, откако е членка на оваа организација. „ Местото во...

Continue reading

Охрид

Законите се важни, но поважна е свеста кај заедницата

Post Views: 0 На  Охрид и Котор  од Црна Гора, како градови кои се на листата на Унеско, подолго време им се забележува дека не ги почитуваат пропозициите. Зоран Павлов претседател на македонскиот национален комитет на меѓународниот совет за споменици и места, ИКОМОС, смета  дека ја  испочитувале нивната препорка и  изработиле план за управување со Охридскиот регион како  и законот за заштита на природното и културното наследство.  Се чека само Законот за старото градско јадро. Павлов вели  Унеско посочува на недоследностите, но наша е одлуката како нив ќе ги исправиме, а  укажува...

Continue reading

охрид

На Охрид му се заканува бришење од листата од УНЕСКО

Post Views: 4 Проф. д-р Коста Балабанов, некогашен член  на Комисијата за изготвување на апликацијата за впишување на Охрид на листата на светското културно наследство е загрижен од тоа што градот ги напушта пропозициите на  Унеско. Балабанов  смета доколку  продолжи и понатака негрижата кон Охрид му се заканува  опасност да биде тргнат од листата. Тоа би било срам над срамовите за градот и државата смета проф д-р Балабанов. Тој се навраќа во минатотот кога строго се почитувале пропозициите.„ Некогаш во стариот дел на градот жителите  се оставаа да живеат како во 19 век, следејќи...

Continue reading

unesco

30 години Охрид под заштита на УНЕСКО

Post Views: 5 На денешен ден пред 30 години Унеско под своја закрила го зеде Охрид. За локалните власти недоволно важен момент за одбележување иако го најавуваа како еден од јубилеите со кои претендираше нашата општина за “Град на културата“.На денешен ден пред точно триесет години УНЕСКО го зеде под своја заштита целиот Охридски регион. На 5-ти септември 1979 година под закрила на оваа меѓународна организација прво беше ставено Охридското езеро. Последниве неколку години од седиштето на УНЕСКО во Париз беа упатени низа  забелешки кои најмногу се однесуваа на сериозното нарушување...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top