Биосферниот резерват Охрид- Преспа влегува во процес за заштита под Унеско

Прекуграничниот биосферен резерват Охрид-Преспа влегува во нов процес подготовки за прогласување на бисферниот резерват под заштита на Унеско.

 |  Валентина Неловска  | 
биосфера
биосфера

Прекуграничниот биосферен резерват Охрид-Преспа влегува во нов процес подготовки за прогласување на бисферниот резерват под заштита на Унеско. Дејан Паноски од Билатералниот секретаријат за заштита на сливот на Охридското Езеро истакна дека во интерес на биосферниот резерват е  заштитата на природните реткости, но и промовирање на нови туристички и економски вредности за развој на целиот регион.

„ Во таа насока ќе продолжиме заедно со активнсотите за номинација и зонирање на биосферниот резерват со зони каде што ќе може да се развива урбаниот сегмент, активно да се управува и зони кои ќе се под стриктна заштита. Со еден збор се што ќе е како заштитено подрачје во регионот во овој момент ќе го ставиме под капа на Унеско што ќе му даде нови вредности и ново значење на целиот регион“.
охрид-преспа
Неговиот колега од албанската страна Аријан Мероли   кажа дека ако постои вистинска тенденција за заштита на еко системот би требало да има унифицирани политики и стратегии  на локално и централно ниво за заштита на приорните места. Регионот ќе функционира под мрежа на Унеско.

„ Ако зборуваме за албанскиот дел, главната заштита започнува со овој процес, што значи главна цел на подрачјето е заштитата  на интересите на целото подрачје. Политиката на цемтарлните и локалните власти треба да се усогласат со оваа  иницијатива“.

Волфганг Фремут, германскиот тим лидер на прекуграничниот  бисферен резерват Охрид-Преспа нагласи дека даваат поддршка на министретсвата за овој иден резерват. Во процесот на прогласување треба да ги дознаеме потребите на локалното население и да  помогнеме во  подобрување на животот . Во воспоставување на бисферен резерват би требало  да се вклучат и грчките преставници, порача Фремут.

„Одржавме состанок со општините и добивме силна поддршка од градоначалниците и советниците дури и од грчката страна. Ова е трилатерлана погранична соработка, а вратата е отворена и за грчката страна да ни се придружи“.   

Конечната одлука за прогласување на прекуграничниот  биосферен резерват Охрид – Преспа дали ќе биде  под заштита ќе ја донесе Комитетот на Унеско. За тоа ќе одлучуваат  21 земја од цел свет.  Ова беше една од  темите на  денешната работилница на прекуграничниот биосферен резерват Охрид-Преспа.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top