30 години Охрид под заштита на УНЕСКО

На денешен ден пред 30 години Унеско под своја закрила го зеде Охрид.

 |  Крсте Голабовски  | 
unesco
унеско

OhridНа денешен ден пред 30 години Унеско под своја закрила го зеде Охрид.
За локалните власти недоволно важен момент за одбележување иако го најавуваа како еден од јубилеите со кои претендираше нашата општина за “Град на културата“.
На денешен ден пред точно триесет години УНЕСКО го зеде под своја заштита целиот Охридски регион. На 5-ти септември 1979 година под закрила на оваа меѓународна организација прво беше ставено Охридското езеро. Последниве неколку години од седиштето на УНЕСКО во Париз беа упатени низа  забелешки кои најмногу се однесуваа на сериозното нарушување на автентичноста на старото градско јадро, поради огромното количество бетон и друг градежен матерјал, како и новите градби кои воопшто не соодејствуваат со традиционалнта архитектура од овој регион. Сепак Охрид успеа да го задржи епитиетот „Град под заштита на УНЕСКО“. Иако станува збор за значаен јубилеј, кој локалната го најави како еден од настаните со кој конкурираше за проектот, „Град на културата“, од фанфарите ништо. Никакви плакати, никаков настан не го одбележа овој јубилеј.
Инаку,Унеско е Oрганизација за oбразование, наука и култура на Обединетите Нации основана на 16 ноември 1946 год. Основната цел на Организацијата е да придонесува за мирот и стабилноста промовирајќи соработка меѓу нациите преку образованието, науката и културата какo мeтoд за подобрување на универзалното почитување на правдата, законите, човековите права и основната слобода. УНEСKO делува во пeт главни прoграми: oбразoвание, прирoдни науки, сoциoлoгија, култура и кoмуникации. Спoнзoрира прoeкти за писмeнoст, развoј на тeхниката и пeдагoгијата, интeрнациoнални науки, прoeкти поврзани со регионалната културна историја, прoeкти со кои се промовира културната разноликост и програми кои ги поддржуваат интернационалните договори за заштита на светското културно наследство.
Република Македонија стана членка на УНЕСКО на 28 јуни 1993 год, а Охрид многу порано.
{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top