Законите се важни, но поважна е свеста кај заедницата

На  Охрид и Котор  од Црна Гора, како градови кои се на листата на Унеско, подолго време им се забележува дека не ги почитуваат пропозициите.

 |  Валентина Неловска  | 
Охрид
Охрид

OhridНа  Охрид и Котор  од Црна Гора, како градови кои се на листата на Унеско, подолго време им се забележува дека не ги почитуваат пропозициите. Зоран Павлов претседател на македонскиот национален комитет на меѓународниот совет за споменици и места, ИКОМОС, смета  дека ја  испочитувале нивната препорка и  изработиле план за управување со Охридскиот регион како  и законот за заштита на природното и културното наследство.  Се чека само Законот за старото градско јадро. Павлов вели  Унеско посочува на недоследностите, но наша е одлуката како нив ќе ги исправиме, а  укажува на потребата од поголема општествената свест.   
Котор, како  дел од светското култрурно наследство го има истиот проблем како и Охрид со претераната , неконтролирана урбанизација. Се гради легално и нелегално и тешко се справуваат со урбаниот хаос, вели членот на црногорскиот ИКОМОС, проф. Илија Лалошевиќ.
Според Бранка Шекариќ, претседател на српскиот Икомос,  како да се заштити културното наследство одговорот е даден во теоријата на еден од најпознатите теоретичари, италијанскиот конзерватор Чезаре Бранди, кој учествувал во конзерваторскитеработи на катедралната црква  СВ. Софија во 1951 година. Одговорот лежи во високата професионална и морална заложба на секоја струка.
Проблемот и дилемата остануваат. Дали Охрид ќе остане на листата на УНЕСКО зависи од нашиот избор. Дали ќе се одлучиме за заштита на автентичното културно наследстви или за масовност и квантитет на урбан англомерат со што за секогаш ќе го изгубиме епитетот-град на УНЕСКО
{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top