Ознака: ТВМ

vodici

Документарниот филм „Богојавление Охрид-2012“ премиерно на Телевизија ТВМ

Post Views: 2 На Велигден, кога го славиме Христовото воскресение, премиерно на Телевизија ТВМ, ќе биде прикажан најновиот документарен филм „Богојавление Охрид-2012“, хронолошки запис за годинашната прослава на големиот христијански празник Водици. Филмот е документиран, видео запис за славењето на Христовото крштевање во Охрид и приказ на најатрактивната и најмасовна прослава на Водици во овој дел од православниот свет со доловување на многувековната традиција, богатство на обичаи и култот на охриѓани за празникот. Со кумството на Чифлиганец, првиот кум за Водици во Охрид, кој нема...

Continue reading

med nurse

Отворено писмо од медицинските сестри до директорот Арнаудов

Post Views: 2 Медицинските сестри со Високо образование од ЈЗУ Општа болница-Охрид испратија писмо до Телевизија ТВМ како реакција на изјавите на директорот на Општа болница искажани во прилог за Дневникот од 06.02.2012. Во отвореното писмо стои: Почитуван директоре Г-дин Арнаудов Ние медицинските сестри со завршена Висока медицинска школа на Универзитетот “Св.Климент Охридски” од Битола, не можеме да го оствариме нашето право за признавање на Високото образование во институцијата во која работиме-Општата болница во Охрид. И покрај нашите барања до надлежните органи...

Continue reading

Simona

Надеж за Мона

Post Views: 14 Се отворија портите за спас на Симона Јовеска од Охрид. Малата Мона, која има само четири години и која живее со надеж дека еден ден ќе ја види светлината на денот и рака за рака со своите врснички ќе заигра и прошета низ охридските улици, ќе тргне на пат за спас.  Мајката на Симона лично ни кажа дека благодарение на прилогот емитуван на нашата телевизија многу хумани организации се понудиле да помогнат. И не само тоа, вчера телефонски повик добила и од Министерството за труд и социјална политика од каде ветиле покривање на сите трошоци во Европската клиника во Скопје,...

Continue reading

jazz inn

Според сопствениците на Jazz Inn протестот и не бил така мирен

Post Views: 6 До редакцијата на ТВМ, денес  стигна допис од сопствениците на Кабарето Џез Ин. Во него се наведува дека еден од сопствениците синоќа се обидел да разговара со протесната група, но бил дочекан со погрдни навреди, пцовки и сериозни закани.Тој смирено ги посоветувал агресивните лица да си ја бараат правдата на легален начин низ надлежните органи на државата и се повлекол од толпата. Сопствениците на кабарето Џез Ин и покрај законското право за поднесување тужби против лицата потписници на лажните и сериозни клевети и јавното медиумско понижување, нема да покренат никаква...

Continue reading

nagradi

Избрани најдобрите Топ 10 ученици од Охрид

Post Views: 50 Емилија Ракичевиќ, ученичка во 6 одделение од основното училиште „Григор Прличев“ е добитничка на прва награда Топ 10 ученици од Охрид. Единаесет годишната Емилија  во конкуренција на 20 нејзини  врсници покажала одлични резултати, а се подготвувала темелно. Кон  Емилија која покажа одлични резултати во изборот Топ 10 ученици од Охрид, се приклучија и останатите девет ученици. Од  5 –то деветолетка, Јована Ѓорѓиеска и Марија Турмакоска, од 5 –то осмолетка Владо Војданоски и Лео Спасески, шесто одделение Јана Василеска, седмо одделенците Марија Таштаноска и Марина Ѓорѓиеска ...

Continue reading

sdsm

Охридската СДСМ дава знаци на живот

Post Views: 5 Најавите за предвремените парламентарни избори ги размрдаа партиските активисти на ОО на СДСМ Охрид. ТВМ дознава дека веќе се крои листата на кандидати за пратеници во  новиот состав на Собранието на Р. Македонија. Како единствено сигурен кандидат се споменува името на Митре Вељаноски, долгогодишен партиски приврзаник на СДСМ, кој на конгресот кој што се одржа на 07 јули 2009 година во Охрид влезе во тимот на високото партиско водство на лидерот Бранко Црвенкоски. На листата кандидати за пратеници по се изгледа во игра влегува и актуелниот директор на МЈП „Проаква“,...

Continue reading

risto cado

Ако сакаат пат нека дадат и од своите дворови

Post Views: 10 До редакцијата на ТВМ пристигна демант  од Серафилоски Илчо за прилогот објавен на 25 март, кој се однесуваше на пристапниот пат за жителите од крак на улицата Ристо Чадо. Илчо Серафилоски кој живее и работи во Берлин е сопственик на спорната парцела на која незаконски е направен асфалтиран пат. Тој во демантот кој го испрати до ТВМ потенцира дека тврдењата на соседот Стефаноски и преставникот на Локалната самоуправа Зоран Шикалоски се неточни. Тој вели дека и самиот е жесток противник на алчноста, но се чуди како некои луѓе се толку дрски и со лага ја злоупотребуваат...

Continue reading

ohridski gevrek

Охридскиот варен ѓеврек конечно и во Скопје

Post Views: 8 „Жито леб„ АД Охрид по се изгледа ќе ги преземе активните продавници од Жито Лукс“ АД Скопје. За тоа ќе биде склучен и официјален договор за деловна соработка со преддоговор за купопродажба на недвижен имот и купопродажба на производи со фирмата. Преговорите денес добија на интезитет и се очекува да се склучи договорот. Од „Жито леб“ велат дека иако во некои медиуми беше објавено дека договорот е веќе склучен, на него сеуште официјално не е ставен потпис. Од ова Акционерско друштво деновиве за ТВМ ќе дадат подетални информации околу нивното евентуално влегување на скопскиот...

Continue reading

rushevina

Им дојде крајот на опасните објекти

Post Views: 4 Кој чека, ќе дочека. Конечно, долгонајавуваното рушење на небезбедни објекти во грдов отпочна. ТВМ во неколку наврати го актуелизираше овој проблем, кој претставуваше рак рана на општината. Тоа го признаа и од Локалната, поточно од Комуналниот инспекторат, кои во последните изјави за нашиот медиум, се оправдаа дека чекаат налог од Секторот за урбанизам. Налогот за првите 8 ризични објекти, веќе е во рацете на надлежниот инспекторат.„Овојпат работата ќе ја истераме до крај“, категоричен Танасоски. Тој вели дека нема прогледувње низ прсти, без разлика за кој и да се работи.Согласно...

Continue reading

rushevina

Сами од себе нема да се санираат

Post Views: 10 Да можеа да зборуваат опасните рушевини во градов ќе имаа што да кажат. Во централното градско подрачје на ул „Богомилска“ во Охрид, постојат неколку ризични куќи кои од забот на времето се распаѓаат и претставуваат вистинска опасност по безбедноста на луѓето. ТВМ во неколку наврати информира, предупредува и апелира за можните последици доколку истите сами се срушат, но надлежните досега не мрднаа ниту со малиот прст. Реагираа и граѓаните кои живеат во непосредна близина на опасните објекти. Тие позади камерата на ТВМ велат дека сериозно се загрижени за безбедноста...

Continue reading

vmro-dpmne

ВМРО-ДПМНЕ најавува бојкот на свечената Академија

Post Views: 1 Телевизија ТВМ дознава дека за вечерва координаторот на советничката група на ВМРО ДПМНЕ свикал вонреден состанок, на кој ќе се дискутира за добитниците на наградите, но и за можен бојкот на централната свеченост, која треба да се одржи во хотел Метропол на 8ми Декември. ТВМ исто така дознава дека е свикана вонредна седница на управниот одбор на Националната Установа Фестивал „Охридско лето“ за сабота, по која ќе следува прес конференција на која ќе се изнесе официјалниот став, во врска со скандалозното доделување на наградата св.Климент Охридски. Не е исклучена можноста...

Continue reading

Vodici

Кој ќе биде кум за Водици?

Post Views: 1 Неофицијално ТВМ ги дознава годинешните аспиранти за кум на Водици. Меѓу пристигнатите апликации за оваа престижна улога годинава се и браќата Јован и Климент Љотески, познати охридски бизнисмени, Верица Хајба – туристички работник од Охрид и сопственикот на туристичката агенција „Контики“ во Македонија – Зоран Миневски. Кумот на Водици го има едно од најзначајните места во целата религиозна церемонија која се одвива за време на овој голем христијански празник. Најголеми шанси за добивање на годинешното кумството имаат браќата Љотески.   {loadposition content9}

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top