Сами од себе нема да се санираат

Опасните рушевини сами не се санираат. Надлежните од општина Охрид очигледно се немоќни да се справат со проблемите од ваков карактер, бидејќи се` оставаат на забот на времето.

 |  Билјана Николовска  | 
rushevina
рушевина

Да можеа да зборуваат опасните рушевини во градов ќе имаа што да кажат. Во централното градско подрачје на ул „Богомилска“ во Охрид, постојат неколку ризични куќи кои од забот на времето се распаѓаат и претставуваат вистинска опасност по безбедноста на луѓето. ТВМ во неколку наврати информира, предупредува и апелира за можните последици доколку истите сами се срушат, но надлежните досега не мрднаа ниту со малиот прст. Реагираа и граѓаните кои живеат во непосредна близина на опасните објекти. Тие позади камерата на ТВМ велат дека сериозно се загрижени за безбедноста на нивните деца, како и за самите нив. Се чудат како на ова фрекфентно место на кое се пристапува од четири страни никој не презема ништо, иако многупати реагирале до службите во градов. Надлежните првично немаа сознание кој е сопственик на една од опасните рушевини на „Богомилска“, која цела беше надвисната над бандерата со електричен напон.Раководителот на општинскиот инспекторат Танас Танасоски пред околу девет месеци кажа дека е упатен во оваа проблематика и конкретно за овој објект рече дека нема адреса на која може да прати налог за задолжување за рушење. Во тоа време и Бранко Арнаудов од секторот за урбанизам не знаеше точно за што станува збор. Според денешниот изглед, на ово место, повеќе од очигледно е дека  надлежните сеуште не ја согледале реалната слика на терен, бидејќи досега не презеле ништо. Да беше само еден проблем од ваков карактер можеби ќе можеше и да замижиме. Но на овој потег на само 30 тина метри понатаму постои сериозена опасност и од друг ваков објект. Паднати камења, искршени стакла, напукнати и навалени ѕидови се опасност која секој ден демне над жителите од оваа улица, која очигледно е заборавена од надлежните. Се прашуваме до кога индолентниот однос на релевантните институции во градот ќе го одложуваат овој горлив проблем кој може да предизвика катастрофални последици, не само по безбедноста на луѓето туку и воопшто.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top