Документарниот филм „Богојавление Охрид-2012“ премиерно на Телевизија ТВМ

На Велигден, кога го славиме Христовото воскресение, премиерно на Телевизија ТВМ, ќе биде прикажан најновиот документарен филм „Богојавление Охрид-2012“, хронолошки запис за годинашната прослава на големиот христијански празник Водици.

 |   | 
vodici
Водици

ВодициНа Велигден, кога го славиме Христовото воскресение, премиерно на Телевизија ТВМ, ќе биде прикажан најновиот документарен филм „Богојавление Охрид-2012“, хронолошки запис за годинашната прослава на големиот христијански празник Водици.

Филмот е документиран, видео запис за славењето на Христовото крштевање во Охрид и приказ на најатрактивната и најмасовна прослава на Водици во овој дел од православниот свет со доловување на многувековната традиција, богатство на обичаи и култот на охриѓани за празникот. Со кумството на Чифлиганец, првиот кум за Водици во Охрид, кој нема охридско потекло,  оваа верска манифестација доби пошироки димензии, во духот на интенцијата таа да биде централна во Македонија, на Балканот и православието, а светоста на Охридското Езеро и Балканскиот Ерусалим да патуваат како убава приказна низ светот.

Филмот кој го изработи продукцијата „Kumev Brothers“, премиерно ќе биде прикажан на Телевизија ТВМ, утре во 17.30 часот, а репризно гледачите ќе можат да го видат и во понеделник во 20:20 часот.

{loadposition content9}

 

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top