Ознака: ТВМ

sdsm

Инцидент во ОО на СДСМ Охрид

Post Views: 0 Познат изнудувач од Охрид, вчера околу 20 часот, во просториите на ОО на СДСМ, вербално и физички го нападнал претседателот на огранокот, Науме Јованоски. Ова за ТВМ го потврди портпаролот на СВР, Стефан Димоски, каде случајот бил пријавен. Портпаролот рече дека во текот на денешниот ден, стручните екипи на СВР работат на пронаоѓање и повикување на лицата кои се пријавени, со цел да се изврши разговор со нив, како би се утврдиле сите наведени искази од страна на пријавувачот. Димоски додаде дека доколку се потврдат исказите, ќе следуваат соодветни пријави против сторителите. ...

Continue reading

Petreski

Има ли пазарења во Советот?

Post Views: 0 Шпекулациите кои деновиве проструија во јавноста дека се разнишува мнозинството во советот градоначалникот официјално нити ги потврдува нити демантира, иако од изјавата која ја даде за ТВМ може да се заклучи дека сепак постојат пазарења во советот. „Секој може да бара што сака, но се знае што е совет, што е градоначалник. Градоначалникот согласно статутот на Охрид и законските прописи одлучува кој каде ќе биде директор. Советот ќе одлучува кој ќе биде претставник во управните и надзорните одбори. Они кои се одлучуваат да побараат вакво нешто си прават бајрам на умот....

Continue reading

bilbord

Или прескокни го или заобиколи го

Post Views: 2 Еден месец како остатоците од стакло и метал и оголените кабли за електрична енергија зјапаат на тротоарот пред Мекдоналдс. Рекламното пано на фирмата ЛАЗОВ ГРУП, во близина на градскиот плоштад, веднаш до сендвичарата на Мекдоналдс, стои срушено, а никој од надлежните, не најде за сходно досега да интервенира. Во интерес на граѓаните, ТВМ Телевизија повторно се обиде да стапи во контакт со претставници од фирмата ЛАЗОВ Груп, кои овој пат не ни одговорија на повиците. Тие пред еден месец не информираа дека грижата за рекламните сити лајт паноа е нивна одгвороност и дека...

Continue reading

evra

20 000 евра останаа во општинската каса

Post Views: 6 Поништен тендерот за набавка на ДВД презентација за Охрид. ТВМ за овој тендер информираше пред еден месец кога беше завршена постапката за прибирање  на понудите. Во врска со овој случај до нашата редакција стигна и интригантен допис од страна на наш граѓанин кој се осмели јавно да обелодени дека е отворена тендерска постапка под сомнителни околности и со нејасна техничка спецификација, со кој се врши обид за рекет на Локалната. ТВМ трагајќи по вистината дозна дека раководителот на Секторот за локален економски развој, Гоце Симоновски воопшто не беше информиран за распишувањето...

Continue reading

blagodarnica

Уште еден успех за ТвМ

Post Views: 8 Денес Нашиот медиум доби благодарница за придонес по повод големиот христијански празник Богојавление, кој што се одржува во Свињиште. За се што ќе се случува на одбележувањето по повод овој голем христијански празник говорат мештаните, големите верници и иницијатори. Празник над празниците. Големиот христијански празник Богојавление, Водици секое место го одбележува со своја специфика. Аманет на иницијативниот одбор на МПЦ на Аџиовски, е мештаните на селото Свињишта да продолжат да ја  негуваат традицијата на фрлањето на крстот во водите на реката Свињишка, кумството...

Continue reading

Lionela

Дебатна емисија за туризмот на телевизија ТВМ

Post Views: 1 Каде оди туризмот во нашиов град, одговори на голем број прашања. Дебатна емисија во врска со туризмот на телевизија ТВМ,  со гости, градоначалникот Александар Петрески, професор доктор Науме Марионски и директорот на Агенцијата за промоција на туризмот магистар Зоран Стрезовски. Видео – Каде оди туризмот во нашиов град – прв дел Видео – Каде оди туризмот во нашиов град – втор дел Видео – Каде оди туризмот во нашиов град – трет дел {loadposition content9}

Continue reading

napis

И воздухот се наплаќа на охридските плажи

Post Views: 1 Екипата на ТВМ телевизија по неодамнешната вечерна прошетка по охридската чаршија, денеска ги обиколи и плажите на охридското крајбрежје. Барајќи соодветно место за плажирање останавме неискапени. Слободен ден, убаво време па каде ако не на плажа. За секој случај зедовме и камера за се да остане овековечено, бидејќи некои доживувања се случуваат само еднаш и никогаш повеќе. Решивме да не одиме многу далеку па отидовме на плажата СВ. Стефан. Само што сакавме да го паркираме возилото и да се растовариме, приметивме на едно дрво ставен плакат со натпис „забрането носење...

Continue reading

Nade Nice

ТелевизијА ТВМ започна со емитување на вести за глуви и наглуви лица

Post Views: 4 „Информација за секого без предрасуди“ е проект кој се реализира во рамките на програмата на ТелевизијА ТВМ, со помош на Лајонс клубот „Охрид“ и Локалната самоуправа. Целта на проектот е решавање на еден од најгорливите проблеми на глувите и наглуви лица од Охрид – ненавремен пристап до секојдневните информации кои се од пресудно значење за нормално функционирање. За таа цел, ТелевизијА ТВМ започна со емитување на специјално издание на ТВМ Дневникот во 20:00 часот, во кое се содржани сите дневни информации, претходно обработени и прилагодени на гестовниот говор.   „...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top