20 000 евра останаа во општинската каса

Поништен мистeриозниот тендер за набавка на ДВД презентација за потребите на општина Охрид. Понудената сума од 20 000 евра од страна на еден од тројцата понудувачи очигледно падна во очи и на надлежните.

 |  Билјана Николовска  | 
evra
евра

evraПоништен тендерот за набавка на ДВД презентација за Охрид. ТВМ за овој тендер информираше пред еден месец кога беше завршена постапката за прибирање  на понудите.

Во врска со овој случај до нашата редакција стигна и интригантен допис од страна на наш граѓанин кој се осмели јавно да обелодени дека е отворена тендерска постапка под сомнителни околности и со нејасна техничка спецификација, со кој се врши обид за рекет на Локалната. ТВМ трагајќи по вистината дозна дека раководителот на Секторот за локален економски развој, Гоце Симоновски воопшто не беше информиран за распишувањето на ваквиот тендер, а како што тогаш изјави за нашата телевизија, ДВД презентација од ваков вид воопшто не му е потребна на градов. 

Инаку, тендерот беше распишан без доволно информации за понудувачите. ТВМ  посочи  дека главните компоненти како што е начинот на изработка на едно ДВД, почнувајќи од техниката и техничките услови под кои истото се подготвува па се до бројот на ДВД-та во тендерот не се наведени.

Со поништувањето на тендерот се потврди дека бевме во право. „Имаше голема причина да се поништи овој тендер“, изјави за ТВМ Игор Бежоски претседателот на тендерската комисија од Одделението за јавни набавки на Охрид. Тој додаде дека понудувачите понудиле цени кои се повисоки од реалните на пазарот. Бежоски рече дека тендер од ваков тип повеќе нема да се отвори, бидејќи средствата кои општина Охрид ги имала планирано за тоа биле пренаменети.

Инаку на овој тендер беа јавени тројца понудувачи, MS про софт – Охрид со понуда од 2 000 ЕУ, ASP Охрид со 19 000 ЕУ и Пржин Продукција со 20 000 ЕУ.
По се изгледа дека Локалната си заштеди 20 000 евра.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top