ТелевизијА ТВМ започна со емитување на вести за глуви и наглуви лица

Носители на преоктот се Лајонс клубот „Охрид“, Локалната самоуправа и ТелевизијА ТВМ.

 

 |  Валентина Нелоска  | 
Nade Nice
Наде Ниче

„Информација за секого без предрасуди“ е проект кој се реализира во рамките на програмата на ТелевизијА ТВМ, со помош на Лајонс клубот „Охрид“ и Локалната самоуправа. Целта на проектот е решавање на еден од најгорливите проблеми на глувите и наглуви лица од Охрид – ненавремен пристап до секојдневните информации кои се од пресудно значење за нормално функционирање. За таа цел, ТелевизијА ТВМ започна со емитување на специјално издание на ТВМ Дневникот во 20:00 часот, во кое се содржани сите дневни информации, претходно обработени и прилагодени на гестовниот говор.

 

„ За успешно реализирање на ваков тип на информативна емисија, нашиот медиум ангажираше две лица со познавање на гестовниот говор, кои што секојдневно ќе овозможат навремено, точно и прилагодено информирање на лицата со овој вид на хендикеп. Покрај тоа, неопходна беше и набавка на одредена техничка опрема, која во целост ја обезбеди нашата телевизија“ вели Ирена Арнаудова, главен и одговорен уредник во ТелевизијА ТВМ.

Секојдневното информирање за овие лица има големо значење, посебно кога се работи за локалните случувања како и новините во работата на Локалната самоуправа. Градоначалникот Александар Петрески, вели дека го подржува овој проект како последователна активност на отварањето на специјалниот шалтер во просториите на Локалната самоуправа, на кој што е овозможена помош на сите глуви лица во комуникацијата со административните работници во општината, и додава:

„Со ова покажуваме дека не само декларативно, туку и финансиски ја подржуваме работата на Здружението на глуви и наглуви лица од Охрид, како и проекти поврзани со нивното делување. Јас како градоначалник секогаш се залагам за помош на сите хендикепирани лица“ 

Nade NiceПокрај ТелевизијА ТВМ и Локалната самоуправа од Охрид, дел од средствата потребни за реализација на овој проект обезбеди и Лајонс клубот „Охрид“.  Павел Попоски, претседател на овој клуб, истакнува дека иако клубот постои нецели две години, зад нив веќе има поголем број реализирани проекти, кои се однесуваат на ранливите категории на граѓани. Посебно е задоволен од фактот, што нивниот клуб е првиот од Македонија, кој токму за овој проект добил донација директно од централата во Чикаго.

„Нашиот клуб и понатаму ќе продолжи да работи во оваа насока… сигурен сум дека успешната реализација на овој проект ќе ги отвори вратите за уште поголеми донации од страна на Lions Clubs Internacional, не само за Охрид туку за сите клубови ширум Македонија“ 

 

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top