Избрани најдобрите Топ 10 ученици од Охрид

Емилија Ракичевиќ, ученичка во 6 одделение од основното училиште „Григор Прличев“ е добитничка на прва награда Топ 10 ученици од Охрид.

 |  Валентина Нелоска  | 
nagradi
награди

Emilija RakicevicЕмилија Ракичевиќ, ученичка во 6 одделение од основното училиште „Григор Прличев“ е добитничка на прва награда Топ 10 ученици од Охрид. Единаесет годишната Емилија  во конкуренција на 20 нејзини  врсници покажала одлични резултати, а се подготвувала темелно. Кон  Емилија која покажа одлични резултати во изборот Топ 10 ученици од Охрид, се приклучија и останатите девет ученици. Од  5 –то деветолетка, Јована Ѓорѓиеска и Марија Турмакоска, од 5 –то осмолетка Владо Војданоски и Лео Спасески, шесто одделение Јана Василеска, седмо одделенците Марија Таштаноска и Марина Ѓорѓиеска  и осмо одделенците Теодора Бујаороска и Виктор Домазетоски.

За покажаното знаење најдобрите Топ 10 ученици беа наградени од членовите на Лајонс клуб Охрид. Кон поддршка  на учениците и нивното покажано знаење се приклучи и ТВМ Телевизија. Михајло Арнаудов од ТВМ истакна дека постојано со својата мисија се приклучуваат кон проекти значајни за општествената заедница. По проектот прилагодување на вестите за лицата со оштетен слух, ги потикнуваат децата да сфатат дека само со знаење ќе ги остварат своите желби.

nagradena ucenicka; Mihajlo Arnaudov (Televizija TVM)

На изборот Топ 10 најдобри ученици се пријавиле сите охридски  училишта и учествувале со свои ученици во тестирање на знањето. Тестовите во неколку циклуси по предметите Македонски јазик, математика, Англиски јазик и Информатика  беа реализирани во училшниот подготвителен центар ПИСИ. Ангел Јанев од  ПИСИ, рече дек анивната идеја е да ги истакнат, и наградат најдобрите и да се промовираат учениците кои покажуваат убави нешта.

nagradaИзборот Топ 10 најдобри ученици во Охрид се одржува по трет пат. Иницијативата е прифатена и од основните училишта во Битола и Прилеп. Во престојниот период , со изборот  Топ 10 најдобри ученици, се планира да бидат опфатени и средните училишта од градот.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top