Ознака: Студенчишта

Во каналот Студенчишта сопствениците ќе ги врзуваат пловилата кој каде ќе стигне

Post Views: 20 На каналот Студенчишта и оваа летна сезона ќе нема одбележени паркинг места каде што ќе се врзуваат пловните објекти. Сопствениците и понатака ќе се снаоѓаат кој како знае и умее за да ги закотват пловилата на безбедно место. Надлежност за одбележување на местата каде ќе се врзуваат пловилата засега немаат ни од Капетанија ни од Локалната самоуправа, напоменува Горан Устијаноски капетан на Капетанија на Пристаништата на РМ. Каналот беше заедничко место за приврзување, се правеше со компромис за сместување на пловните објекти, напоменува Устијаноски. При тоа капетанот...

Continue reading

Марина кај Студенчишта

Post Views: 0 Дали станува се пореална изградбата на марина во каналот Студенчишта. Архитектонското студио Тетрактис од Скопје самоиницијативно изготви идејно решение на марина на овој потег на охридското крајбрежје. Станува збор за градба која ќе ги запази сите еколошки стандарди и која нема да му наштети на биодиверзитетот во овој дел од езерото, а воедно нема да зазема голем простор, а ќе биде функционална. Оваа марина е дел од интегралното решение за Студенчишкото блато и нема да ја наруши силуетата и функцијата на овој еко систем, тврдат од Тетрактис. Потенцијалниот концесионер...

Continue reading

Ќе се става ред во каналот Студенчишта

Post Views: 7 Ќе се уредува каналот Студенчишта, а се поизвесна станува и изградбата на марина. Градоначалникот Јован Стојаноски вели дека овој капитален проект мора да се реализира, но најпрво треба да се заштити Студенчишкото блато бидејќи неговото значење за Охридското езеро е огромно. Веќе е договорено да се направи ревизија на Студијата за Студенчишкото блато, разговорите со Министерството за транспорт и врски и со Министерството за одбрана се во завршна фаза и ако студијата за блатото покаже дека може да се гради марина на тој потег тоа и ќе се направи, вели Стојаноски. Идеен...

Continue reading

Разни видови отпадоци завршуваат и во каналот Студенчишта

Post Views: 3 Пловат разни видови отпадоци во долниот дел од каналот Студенчишта. Најчесто се забележуваат пластични отпадоци, чаши и шишиња, хартија и друга амбалажа од храна и пијалоци. Гордана Јованоска, директорка на ЈП Билјанини извори, кое стопанисува со каналот, информира дека редовно ја одржуваат неговата чистота, но сепак се забележуваат вакви несакани појави. За жал во текот на летово честопати од глисерите и корисниците на каналот беа фрлани отпадоци кои што не може да се исчистат во истиот момент  и пловат во водата и не се дава убава слика. Иако, секој ден го одржуваме...

Continue reading

Тилевски: Паркот кај „Студенчишта“ ќе биде ново препознатливо место во Охрид

Post Views: 15 Паркот кај каналот „Студенчишта“ ќе биде новото атрактивно и препознатливо место за Охрид, најави кандидатот за градоначалник од ВМРО – ДПМНЕ, Митко Тилевски на денешната прес конференција. Со цел дооформување и разубавување на делот околу Охридското Езеро, овој потег ќе биде уреден во достоинствено катче за одмор и релаксација на нашите сограѓани, вели Тилевски. „Изградбата на новите атрактивно пешачко-рекреативни патеки од мостот кон Хотелот Парк и од Котва до Билјанини Извори несомнено наметнаа потреба на просторот од пресекот на улиците „Кеј Македонија-АСНОМ“ до...

Continue reading

На паркингот кај пешачката патека кај Студенчишта се наплаќа по 100 ден

Post Views: 3 На паркингот кај Центарот за обука на вода се наплаќа паушално, без да се издаде фискална сметка, се пожалија граѓани до редакцијата на ТВМ. Велат дека иако на овој паркинг кој е од А зона за еден час треба да се наплаќаат 40 ден. нив им биле побарани 100ден. со образложение дека сигурно ќе се задржат подолго од еден час со оглед што биле тргнати на забава во блиските усгостителски објекти на плажите. Реагираат и на уреденоста на паркингот кој освен што е пошлунчен нема никакви други услови кои би требало да се нудат на еден современ паркинг простор. А при врнежи од...

Continue reading

Повторно некултура и негрижа овојпат кај каналот „Студенчишта“

Post Views: 7 Повторно некултура и негрижа од нас самите. Овојпат до рубриката „Ти си твојот град“ изреволтирана наша сограѓанка испрати слики од каналот Студенчишта. На нив се гледа расфрлано ѓубре од несовесни лица по уредените паркови и во водата. Ова е нејзиниот коментар: Искрено ми е многу жал што бев дел од овој непријатен призор. Толку труд беше вложен за да се среди овој дел од градот, а сега е целосно загаден од страна на несовесни поединци. Наместо да пешачиме и да спортуваме уживајќи во природата, ние го вдишуваме овој смет околу нас. Срамота е за нас како охриѓани што...

Continue reading

ДА СЕ ОТСТРАНАТ ПЛОВНИТЕ ОБЈЕКТИ КАЈ КАНАЛОТ „СТУДЕНЧИШТА“

Post Views: 7 Заради непречено одвивање на градежни работи на пешачакта и велосипедската патека која што се протега од Билјанини извори долж каналот Студенчишта, потребно е сопствениците на пловните објекти кои се наоѓаат на патеката и во каналот од страната каде што се изведуваат градежните активности, да бидат отстранети. Општина Охрид ги известува сопствениците на пловните објекти веднаш да ги дислоцираат. Доколку сопствениците тоа не го направат, пловните објекти, ќе бидат дислоцирани, а трошоците ќе паднат на терет на сопствениците.

Continue reading

Пуштена во употреба пешачката патека Студенчишта, Парк

Post Views: 3 Пуштена во употреба пешачката патека Студенчишта, Парк. За два дена градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески, пресече две црвени ленти на спортско рекреативни зони во градов. Бакрачески не го крие задоволството од успехот во реализацијата на проекти кои според него се од огромно значење не само за охриѓани туку и за гостите кои го посетуваат Балканскиот бисер. „Еден од начините да уживаме во природата е изградбата на пешачко рекреативни зони. Морам да бидам искрен и нескромен дека во овој период од две години откако почнаа првите градежни активности на оваа патека...

Continue reading

На каналот Студенчишта со бавно темпо се одвиваат градежните зафати

Post Views: 1 На каналот Студенчишта со бавно темпо се одвиваат градежните работи за изградба на пешачката патека. Покрај патеката во должина од 500 метри, со овој урбан проект се уредува и коритото на помалиот канал, предвидена е изградба на двометарска платформа од десната страна на каналот, како и два мостови и два видиковци. Пешачката патека од мостот до Билјанини извори е затворена за користење од започнувањето на градежните зафати во октомври минатата година, што значи дека на предвидените содржини во овој проект се работи скоро 8 месеци. Истиот, градот ќе го чини околу 300.000...

Continue reading

Охрид ќе добие пешачко-рекреативна патека кај каналот Студенчишта

Post Views: 0 Општина Охрид ги започна подготвителните активности за изградба и уредување на пешачко – рекреативна патека која ќе се протега од ресторанот „Билјанини извори“ до истоимениот Спортско Рекреативен Центар. Деновиве екипи на ЈП „ Охридски комуналец“ го расчистуваат теренот. Патеката е предвидено да има аморфна форма со променлива ширина со цел да се поставува урбана опрема без да се попречи линијата на движење на корисниците. Патеката со своите содржини ќе биде одделена од каналот со зелен појас од висока и ниска вегетација со што се обезбедува безбедност на посетителите....

Continue reading

Течат работите за изградба на рекреативната патека кај каналот Студенчишта

Post Views: 5   Два месеци активно се работи на пешачко рекреативната патека од мостот кај езерската полиција до Билјанини извори. Рокот за комплетна реализација на овој проект, изградба на пешачка патека во должина околу 500 метри, вреден околу 300 000 евра, е 12 месеци. Портпаролот на Секторот за комунални дејности Љупчо Танесеки, вели дека во тек се земјените работи, односно ископување на ровови во постоечкиот канал, транспорт на ископаниот материјалот и одведување на водата која што е во каналот за да се вршат градежните работи. „Засега сме задоволни од динамиката и интензитетот...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top