Ознака: Студенчишта

Започна изградбата на пешачката и велосипедска патека кај каналот Студенчишта

Post Views: 7 Започна изградбата на современа пешачка и велосипедска патека, на потегот од бараките на АД „Трудбеник“ до „Билјанини извори“. Според планот патеката треба да биде направена од природни материјали како што се камени плочи и дрво, а ќе има и атрактивни содржини како што се мали мостови од дрвена конструкција кои ќе се протегаат од пешачката патека до малиот канал и ќе се поврзуваат со спортско рекреативниот центар „Билјанини извори“. Ќе се исчисти и малиот канал , ќе се постават платформи кои ќе се дрвени и ќе служат за пристапување на пловните објекти и неколку видиковци....

Continue reading

Вандали го уништиле новопосадениот дрворед на патеката Студенчишта

Post Views: 4 Непознати сторители ја откорнале поставената рампа на пешачката патека Студенчишта и ги уништиле посадените дрвца на новоизградениот дел на потегот од Бела Виста до Кадмо. Вандалскиот чин најверојатно се случил во текот на ноќта при што сторителите најпрво ја откорнале рампата која беше поставена да ги спречи несовесните возачи со автомобили да возат по патеката, а потоа ги оштетиле и изгазиле и новопосадените дрвца на оваа локација. За овој чин била известена и полицијата која извршила увид на лице место. Инаку рано утринава направената штета беше очигледно санирана,...

Continue reading

ЈП „Билјанини извори“ ќе се грижи за детското игралиште во близина на каналот Студенчишта

Post Views: 11   ЈП „Билјанини извори“ ќе се грижи за детското игралиште во близина на каналот Студенчишта.  Ова беше одлучено на денешната седница на Совет. Причина за ваквата одлука е што ова детско катче после цели 11 години пред десет дена целосно е реконструирано, адаптирано и проширено, со помош на средства во висина од 8.000 евра доделени од амбасадата на СР Германија. Проектот е реализиран во соработка со Локалната самоуправа, од Охрид. Општината сакајќи да го зачува во добра состојба му одреди стопан. Генералниот став на локалната е за одредени добра во градов  да има точно...

Continue reading

Се запали глисер кај „Студенчишта“

Post Views: 12 На 17-ти јули 2021 година, околу 19:00 часот, 42-годишниот Љ.Н. од Скопје, пријавил во СВР Охрид, дека во каналот „Студенчишта“ во Охрид, при поправка на негов глисер „Монтереј“, се случил пожар во кој нема повредени лица. – Пожарот е изгаснат со интервенција на Територијалната противпожарна единица Охрид, информираат од СВР Охрид.

Continue reading

Реновиран детскиот парк кај Студенчишта

Post Views: 2   Денес и официјално се изврши свечено примопредавање на детското игралиште во близина на каналот Студенчишта. Ова детско катче после цели 11 години целосно е реконструирано, адаптирано и проширено, со помош на средства во висина од 8.000 евра доделени од амбасадата на СР Германија. Проектот е реализиран во соработка со Локалната самоуправа, од Охрид. Како што нагласи првиот човек на градот Никола Бакрачески, благодарение на помошта од германската амбасада голем број дечиња ќе најдат своја рекреативна содржина како и тоа да ги изразат своите имагинации, со што би им...

Continue reading

det igra

Детското паркче кај каналот Студенчишта ќе се проширува

Post Views: 1 Дислоциран забавниот детски парк кај мостот. Од ЛС најавуваат  градежни зафати со кој паркот ќе се проширува и обновува со модерни играчи , клупи и хортикултурно зеленило. Новото детско катче ќе се протега на 397 м квадратни, а неговите  граници ќе се прошират на просторот на кој порано беше поставен времен угостителски објекти, информира секретарот на општината Димитар Спасески.   Реквизитите кои пак досега се користеа во овој парк ќе бидат пренаменти. „ Во моментов интензивно се одвиваат градежните работи. Од она што е договорено старите играчки ќе бидат дадени на...

Continue reading

pesacka pateka

Течат градежните зафати за пешачката патека од каналот Студенчишта до Парк

Post Views: 0 Градежните зафати за првите 210 метри од пешачката патека од каналот Студенчишта до Парк во должина од 1700 метри ќе бидат готови до почетокот на сезоната, најавуваат од Фондот за комунален развој, сообраќај и патишта при општина Охрид. Како што изјави Љупчо Танески проектираната стаза почнале да ја градат пред еден месец и во моментов во полн ек биле градежните зафати за првата фаза. „Согласно тендерските услови планирано е пешачката патека да биде готови до почетокот на летната сезона, тука сме ние како орган да ја утврдиме, пропишиме и следиме динамиката на изведените...

Continue reading

Недостиг на паркинг места за пловни објекти во каналот „Студенчишта“

Post Views: 0 Дел од охридските кајчари останаа без паркинг место за своите пловни објекти. Речиси е невозможно да се добие паркинг место за нов пловен објект бидејќи нема доволно простор во каналот Студенчишта. Директорката на ЈП „ Билјанини извори“ кое стопанисува со јавниот градски паркинг, Гордана Јованоска вели дека ова е проблем кој не е нов, а за да се добие нов паркинг простор потребно е некој од старите закупци да се откаже за истото место да биде доделено на следниот на листата на чекање. „Во последно време се соочуваме со недостиг на места исто како што беше и во...

Continue reading

boja

Настрада каналот Студенчишта

Post Views: 0 Не престанува атакот кон водните ресурси во градов. Водата во каналот Студенчишта прекриена со сини дамки. Рибарите велат дека се работи за остатоци oд боја. Инспекциските служби и овој пат затаија. На површината на водата пливаат сини дамки. Рибарите кои алармираа за оваа појава, не сакаа да коментираат пред нашата камера. Тие кажаа дека се работи за остатоци од боја која се употребува за бојадисување на бродовите. Додаваат дека со ваквиот однос на несовесните сопственици на бродовите, на каналот му претстои еколошка катастрофа. Рибарите велат, инспекциските служби...

Continue reading

Акцијата за уривање на дивоградбите на охридското крајбрежје продолжува во Елешец, Канео и Студенчишта

Post Views: 4 Привршува уредувањето на плажата во туристичката населба Лагадин. Сите шанкови, платформи и објекти се веќе отстранети..Нема веќе рампи и лежалки.Деновиве  ќе се посипува со речна автохтона песок, нови засади на растенија и дрвја, а  се очекиува плажата  да биде подготвена за туристи до 15 јуни. „Речиси целосно се расчистени плажите на овој потег, од село Пештани до хотел Метропол, каде што со помош на механизација, отстранети се нелегални градби, платформи, постаменти од бехатон плочки и ѕидови од најразлични градежни материјали. Откриени и отстранети се голем број...

Continue reading

gradska marina

Две локации во игра за изградбата на градската марина

Post Views: 8 Утврдувањето на конечната локација за изградба на градската марина е при крај, најавуваат од локалната самоуправа. Реализацијата на овој проект кој долги години наназад се најавува, според градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески ќе добие финансиска поддршка од Владата, односно средства од буџетот на Република Македонија. За изградба на марината, во моментов се одлучува помеѓу две локации. „Во оптек се две локации, едната е локацијата во централното градско подрачје до старото градско пристаниште и втората локација е некаде околу каналот „Студенчишта“ за кои што треба...

Continue reading

kanal studencista

Каналот Студенчишта прекриен со маслена дамка

Post Views: 2 Каналот Студенчишта прекриен со маслена дамка. Очевидците кои ги затекнавме таму велат дека таа вчера во попладневните часови била многу поголема, а денес остатоци од масло можеа сеуште да се забележат на десниот кеј од каналот. Радован Димитриески, претседателот на Спортското риболовно друштво Св. „Апостол Петар“ вели дека тоа се должи на несовесното однесување на сопствениците на пловните објекти кои ги гаражираат таму. Димитриески додава дека не е прв пат на ваков начин да се загадува каналот, а инспекциските служби да не излезат на терен. –Досега такво нешто...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top