• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Акцијата за уривање на дивоградбите на охридското крајбрежје продолжува во Елешец, Канео и Студенчишта

Акцијата за уривање на дивоградбите на охридското крајбрежје продолжува во Елешец, Канео и Студенчишта

Привршува уредувањето на плажата Лагадин. Заврши уривањето сега просторот хортикултурно се уредува.

 |  Соња Рилковска  | 

Привршува уредувањето на плажата во туристичката населба Лагадин. Сите шанкови, платформи и објекти се веќе отстранети..Нема веќе рампи и лежалки.Деновиве  ќе се посипува со речна автохтона песок, нови засади на растенија и дрвја, а  се очекиува плажата  да биде подготвена за туристи до 15 јуни.

„Речиси целосно се расчистени плажите на овој потег, од село Пештани до хотел Метропол, каде што со помош на механизација, отстранети се нелегални градби, платформи, постаменти од бехатон плочки и ѕидови од најразлични градежни материјали. Откриени и отстранети се голем број нелегални одводни цевки и јами од кои се влевале отпадни води директно во Охридското Езеро“, изјави градоначаникот Константин Георгиески на денешната прес конференција во Лагадин.

Акцијата за отстранување на дивоградбите продолжува во населбата „Свети Стефан“,  „Горица Трета“ и  „Елешец“.  Георгиески најави и остранување на платформите во градската зона  од каналот „Студенчишта“ кон „Горица 1“ и   плажите во делот на населбата „Канео“.

„Оваа можност сакам да ја искористам и повторно да потенцирам дека нелегалните градби кои претставуваат опасност за регионот и се во спротивност на режимите на заштита ќе бидат отстранети согласно законските процедури и нема да има никаква селективност во постапките. Јасно, очекувано и разбирливо е дека дел од поранешните концесионери на плажите негодуваат и ќе негодуваат со решенијата и постапките за отстранување. Сето тоа се должи на фактот што години наназад остварувале противправна корист и огромни приходи, граделе и узурпирале надвор од договорите за концесија на земјиштето“, додаде Георгиески.

Георгиески со милионски бројки  обелодени, колку  од  концесиоенрите  со години нелегално заработувале баснословски суми.

„Оваа пракса за градење на бизниси на штета на општината, државата и светското природно и културно наследство мора да биде минато. Како што имам кажано и претходно, треба на сите да ни стане јасно дека ваков тип на урбанизација и користење на крајбрежјето во строго заштитените зони повеќе нема да има. Освен препораките на УНЕСКО, зад нашите заложби стои законот, правото и прописите кои задолжително мора да се почитуваат“, подвлече Георгиески.

Веројатноста дека на сесијата на Унеско во јуни Охрид ќе се најде на листата на светско наследство во опасност постои, смета градоначалникот, но уверува дека локалната и натаму ќе продолжи во мисијата за зачување  на  непроценливото богатство за идните генерации.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top