На паркингот кај пешачката патека кај Студенчишта се наплаќа по 100 ден

На паркингот кај пешачката патека кај Студенчишта се наплаќа по 100 ден. Во вечерните часови без оглед дали ќе се здржите само еден час, реагираат граѓани.

 |  Јаковлева Лионела  | 

На паркингот кај Центарот за обука на вода се наплаќа паушално, без да се издаде фискална сметка, се пожалија граѓани до редакцијата на ТВМ. Велат дека иако на овој паркинг кој е од А зона за еден час треба да се наплаќаат 40 ден. нив им биле побарани 100ден. со образложение дека сигурно ќе се задржат подолго од еден час со оглед што биле тргнати на забава во блиските усгостителски објекти на плажите. Реагираат и на уреденоста на паркингот кој освен што е пошлунчен нема никакви други услови кои би требало да се нудат на еден современ паркинг простор. А при врнежи од дожд паркингот се претвора во езерцце. Од ЈП Билјанини извори кои стопанисуваат со овој простор велат;
Паркингот што се наоѓа кај Центарот за обука на вода со Одлука на Совет на општина Охрид е даден на стопанисување на ЈП Билјанини Извори. Тој паркинг припаѓа во зона А и цената за 1 час паркирање изнесува 40 ден. Како и секоја година пред да започне де се врши наплата на овој паркинг простор се врши уредување односно тампонирање на целиот паркинг.
Од Јавното претпријатие не добивме одговор зошто се наплаќа по 100 денари паркинг во вечерните часови. Директорот на ЈП Билјанини извори објаснува дека не инвестирале повеќе на овој простор бидејќи истиот не е нивни туку само стопанисуваат со него. Како што во неколку наврати ТВМ информираше, оваа локација која години наназад се користеше како паркинг простор за блиските плажи, од минатата година го доби јавното претпријатие на стопанисување и требаше да го огради и уреди. Посторот е исчистен и тампониран, но сеуште е далеку од исполнување на услови за солиден паркинг простор. Инаку, паркинзите покрај плажите во летните месеци носат значајни средства кои посебно се значајни за ова претпријатие кое со нив исплаќа дел од своите долгови кон многубројни доверители.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top