Ознака: спортски

Ставрески: Модернизација на спортските објекти и поддршка на спортски клубови и манифестации

Post Views: 5 Иницијатива Охрид конечно да добие соодветен Центар за развој на водените спортови, а за да се поттикнат младите да спортуваат,  обновување на веќе постоечките спортски терени во населбите и изградба на нови спортски игралишта на неколку локации, најави на прес конференција Сашо Ставрески, кој што презентираше дел од програмата на кандидатот за градоначалник Константин Георгиески. Тој ги спомна веќе започнатите проекти од областа на спортот како реконструкција на постојните и изградба нова трибина на фудбалскиот стадион во СРЦ „Билјанини Извори“ вреден 800.000 евра во...

Continue reading

Пецаков: Изградба на 30 рекреативни зони, тениски терени, спортски и детски игралишта

Post Views: 7 Инвестирањето во спортскиот дух од најмали нозе кај децата е вистински влог во здравјето на нацијата. Посветуваме огромно внимание и имаме слух за проекти од спортот и физичкото здравје кај младите, кажа денеска на прес конференција Кирил Пецаков презентирајќи проекти од изборната програма на кандидатот за градоначалник од ВМРО ДМНЕ, Митре Милошевски. „Проектите за спортот се проекти за напредок, за поубав град, за Охрид! Со задоволство го најавувам проектот:  Изградба на 30 рекреативни зони, односно 5 тениски терени, 5 мултифункционални игралишта, 20 детски игралишта....

Continue reading

Спортски ден за активните вработени во Општина Охрид

Post Views: 5 ЈП Билјанини Извори за активните вработени во Општина Охрид и Јавните претпријатија организира Спортски ден во петок од 10 до 14 часот. Спортското дружење и поттикнувањето за практикување на спорт и рекреацијакај вработените секогаш позитивно делуваат во насока на подобрувањето на комуникацијата, тимската работа, мотивацијата и продуктивноста а со тоа и целокупната работна атмосфера во самите претпријатија и општините. Водејќи се со таа цел ние како претпријатие ги покануваме сите вработени и мажи и жени од јавните претпријатија од Охрид и општината Охрид да се приклучат...

Continue reading

СТАРТУВА ПРОЛЕТНИОТ ДЕЛ ОД УЧИЛИШНИТЕ СПОРТСКИ ЛИГИ

Post Views: 1 Пролетниот дел на училишните спортски лиги за основни и средни училишта започнува во петок. Спортските лиги ќе започнат со натпреварите во футсал, кои ќе се играат во балон салата „Климент Колески“ од 09 до 12 часот. Организатор на училишните спортски лиги е Сојуз на училишен спорт Охрид, а се реализираат под покровителство на општина Охрид.

Continue reading

Спортски ден за охридските основци

Post Views: 0 Се одржа спортски ден во салата Тодор Александров во Велгошти. Учениците од охридските училишта и од Дебрца имаа спортски ден по повод одбележувањето на роденденот на Тодор Александров. Спортскиот ден го отвори в.д. градоначалникот Константин Георгиески. Георгиески кажа дека радува фактот што Охрид има ентузијасти во сферата на спортот кои ги организираат ваквите спортски настани за добробит на младите генерации. „Ова е од големо значење за градот бидејќи преку промоција на здравиот начин и активниот начин на живот ги поттикнуваме младите да чекорат по вистинскиот пат....

Continue reading

Охрид ќе добие нов спортски објект

Post Views: 2 Охрид ќе добие нов спортски објект. Неодамна беа ставени темелите за изградба на спортска сала во ОЕМУЦ Св. Наум Охродски. Овој проект кој долги години наназад беше најавен, конечно ќе се реализира. Со тоа не само што училиштето ќе добие современа спортска сала, туку и градов ќе има нов простор во кој ќе можат да се одржуваат спортски настани. На оние состаноци кои ги имавме со покојниот градоначалник тој ни побара проекти со кои ќе аплицираме. Јас му го понудив проектот за спортската сала кој беше изготвен од 2008 и стоеше во фиока. Веднаш се зинтересира и набрзо општината...

Continue reading

Predrag Samardziski

Голема парична казна за Самарџиски?

Post Views: 0 Нашиот репрезентативец, Предраг Самарџиски се соочува со големи проблеми, кои ги направи поради нелегален трансфер во неговиот поранешен клуб Литвор Ритас, пишува Спортски вести. Имено неговата поранешна менаџерска агенција „Интерперформанс“ поднела тужба до спортскиот суд во Женева, а таа е направена поради тоа што тој побарал да биде застапуван од друга агенција.Судот веднаш ги прифатил аргументите на „Интерперформанс“, што значи дека нашиот репрезетативец погрешил кога при трансфер во Литвос ги користел услугите на друга менаџерска агенција.Одлуката е дека Самарџиски...

Continue reading

Со планинската трка „Охрид треил“ градот добива нов спортски настан

Post Views: 1 Промовиран новиот спортски настан Охрид треил. Станува збор за комбинирана трка и пешачење низ определени предели во НП Галичица во должина од 60 км и 35 км. Учесниците ќе трчаат на големата трка 12 часа , а на малата 9 часа. Охридската Асоцијација за спортови „ Спорт за сите Сите за спорт“ и Здружението „Трекс“ со поддршка на Локалната самоуправа ќе го организираат овој спортски настан во месец мај. Организаторите имаат амбиции планинската трка да прерасне во меѓународна спортска манифестација, напоменува Дејан Крле од Здружението Трекс. „ Планинското трчање е мешавина...

Continue reading

Здравевски: Нема трага од современи спортски и детски игралишта ветувани од СДСМ и Стојаноски

Post Views: 2 Младите се чувствуваат гневни, измамени и злоупотребени по измината една година локална власт на СДСМ и градоначалникот Јован Стојаноски. Нема никаква трага од изградбата на современи спортски и детски игралишта на повеќе локации во градот, констатира  претседателот на Унија на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ Охрид, Александар Здравевски. „На потегот од улиците „Марко Цепенков“ и „Момчило Јорданоски“ во Горна Влашка маала градоначалникот Стојаноски вети фудбалско игралиште, но за жал наместо детски џагор и спортски натпреварувачки дух гледаме обрасната трева и несреден простор....

Continue reading

sportska sala

Министерството за образование ќе гради спортска сала во Вевчани

Post Views: 4 Жителите на општина Вевчани ќе ја добијат долго очекуваната спортска сала. Општината инвестираше со сопствени средства во подигање  на потпорните ѕидови , а денови се очекува и поставување на камен темелникот на салата со површина од 700 м квадратни, информира градоначалникот Цветомир Угриновски.„Тоа е спортска сала од поголем тип со 500 седишта и две соблекувални. Ќе може да се играат спортски натпревари, изградбата на салата ќе чини околу 700.000 евра , а ќе ја финансира министерството за обарзование. Очекуваме  до јуни месец, идната година да биде завршена. Сите жители...

Continue reading

ГРАДОНАЧАЛНИКОТ СТОЈАНОСКИ СЕ ОБРАТИ НА САМИТОТ НА АСОЦИЈАЦИЈАТА НА СПОРТСКИ НОВИНАРИ ОД ЈУГОИСТОЧНА ЕВРОПА

Post Views: 1 На присутните спортски новинари и бројните гости топло добредојде им посака првиот човек на Охрид, градоначалникот проф. д-р Јован Стојаноски, кој им посака добредојде на гостите и порача во името на целиот град, следната година бордот на директори на Асоцијацијата на спортски новинари од Југоисточна Европа да се одржи токму во Охрид. – Ќе направиме се` да бидеме добри домаќини. Ви благодарам на сите пред се` заради овие млади деца кои се иднината на нашиот град и кои еден ден сигурно ќе бидат шампиони на Македонија во фудбал. Ја имаме најубавата и најперспективната...

Continue reading

Ivanov

Општина Охрид дел од проектот „Спортски бон-тон“

Post Views: 2 Охрид е една од шесте општини која се вклучи во проектот „Спортски бон тон“ чиј покровител е претседателот на Собранието на Република Македонија Ѓорге Иванов. Целта на овој традиционален спортски настан е  да се стави акцент на спортот кај младите, кој заедно со семејството и училиштето е третиот столб  на образованието на децата. Преку низа активности ќе се промовира спортот како општествена активност преку која со игра, забава и дружење на децата и младите од различна етничка припадност се  надминуваат  стереотипите и се  зацврстуваат   меѓуетничките односи во Република...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top