Спортски ден за охридските основци

Спортската сала Тодор Александров во Велгошти и терените на ОУ Живко Чинго беа арена за одмерување на вештините и среќата во повеќе спортски дисциплини. Учениците од охридските школи се натпреваруваа во баскет, фудбал, пинг понг, шах. Натпреварите беа организирани од ОУ Живко Чинго , со поддршка на Локалната самоуправа и Сојузот на училишни спортови.

 |  Валентина Неловска  | 

Се одржа спортски ден во салата Тодор Александров во Велгошти. Учениците од охридските училишта и од Дебрца имаа спортски ден по повод одбележувањето на роденденот на Тодор Александров. Спортскиот ден го отвори в.д. градоначалникот Константин Георгиески. Георгиески кажа дека радува фактот што Охрид има ентузијасти во сферата на спортот кои ги организираат ваквите спортски настани за добробит на младите генерации.

„Ова е од големо значење за градот бидејќи преку промоција на здравиот начин и активниот начин на живот ги поттикнуваме младите да чекорат по вистинскиот пат. Тоа е причина што сме собрани сите во СС „Тодор Александров“ во Велгошти да се означи почетокот на спортската манифестација која го јакне духот на младите генерции. Ваквите настани се сон за играчите и место каде што може да се покажат знаењата и вештините. Овој настан ќе е инспирација што поактивно да се занимаваат со спорт, а Локалната самоуправа дава поддршка на  спортот и изградбата на спортската инфраструктура“, напомена во обраќањето Георгиески.

Спортскиот ден е организиран од ОУ „Живко Чинго“ ,а  со поддршка на Локалната самоуправа и Сојузот на училишни спортови.

„ Градењето на здрав дух и навики претставуваат нашите суштински определби и наша секојдневна обврска. По тој повод го организиравме овој спортски ден во кој учествуваат сите основни училишта од Охрид и Дебрца“, рече Мирјана Крлеска, директор на ОУ „Живко Чинго“.
У

Учениците од охридските школи се натпреваруваа во неколку спортски дисциплини меѓу кои се одмерија вештините во баскет, фудбал, пинг понг, шах.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top