Голема парична казна за Самарџиски?

Нашиот репрезентативец, Предраг Самарџиски се соочува со големи проблеми, кои ги направи поради нелегален трансфер во неговиот поранешен клуб Литвор Ритас, пишува Спортски вести.

 |  Голабовски Крсте  | 
Predrag Samardziski

Нашиот репрезентативец, Предраг Самарџиски се соочува со големи проблеми, кои ги направи поради нелегален трансфер во неговиот поранешен клуб Литвор Ритас, пишува Спортски вести.

Predrag SamardziskiИмено неговата поранешна менаџерска агенција „Интерперформанс“ поднела тужба до спортскиот суд во Женева, а таа е направена поради тоа што тој побарал да биде застапуван од друга агенција.
Судот веднаш ги прифатил аргументите на „Интерперформанс“, што значи дека нашиот репрезетативец погрешил кога при трансфер во Литвос ги користел услугите на друга менаџерска агенција.
Одлуката е дека Самарџиски треба да плати поради прекршување на одредбите , казна од 21.000 долари, плус дополнителни52.000 евра и камата од денот кога е настанат спорот.
Но покрај тоа нашиот интернациналец и неговата, сега нова менаџерска агенција мора да ги покријат трошоците за арбитража кои не се воопшто мали и изнесуваат 18.000 евра, што сето тоа вкупно прави една неверојатна бројка од околу 100.000 евра, односно еден едногодишен договор во било која екипа од Европа.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top