Министерството за образование ќе гради спортска сала во Вевчани

Министерството за образование ќе гради спортска сала во Вевчани.

 |  Валентина Неловска  | 
sportska sala
sportska sala

Жителите на општина Вевчани ќе ја добијат долго очекуваната спортска сала. Општината инвестираше со сопствени средства во подигање  на потпорните ѕидови , а денови се очекува и поставување на камен темелникот на салата со површина од 700 м квадратни, информира градоначалникот Цветомир Угриновски.
sportska sala
„Тоа е спортска сала од поголем тип со 500 седишта и две соблекувални. Ќе може да се играат спортски натпревари, изградбата на салата ќе чини околу 700.000 евра , а ќе ја финансира министерството за обарзование. Очекуваме  до јуни месец, идната година да биде завршена. Сите жители се задоволни посебно младите. Сега ќе имаме    
услови да формираме разни спортски клубови.“

Со изградбата на спортската сала во оваа општина  ќе се отворат нови можности за развој, најавува градоначалникот Угриноски. Вевчани е атрактивно туристичко место на 850 метри надморска висина и има  идеални услови за развој на  спортскиот туризам.

Vevcani„Покрај спортската сала е и тениското игралиште. По завршувањето на салата ќе почнеме со изградба на повеќе наменско игралиште и за другите спортови.Има перфектни патеки по планината Јабланица,  да се дотераат не треба голема инвестиција и одиме со приватни инвестиции во развој ана сместувачки капацитет. На Вевчани му фали сместувачки капацитет од   барем 120 легла, па да почнеме да носиме спортски екипи.“

Градоначалникот Угриноски најавува и средување на платото пред општинската зграда. На местото од некогашната самопослуга просторот хортикултурно ќе се уреди, а предвидена е изградба на фонтана и  поставување на споменик на Михајло Пупин. 

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top