Охрид ќе добие нов спортски објект

Охрид ќе добие нов спортски објект. Неодамна беа ставени темелите за изградба на спортска сала во ОЕМУЦ Св. Наум Охродски. Овој проект кој долги години наназад беше најавен, конечно ќе се реализира. Спортската сала ќе се гради на локацијата каде сега е спортското игралиште. Изведувач е ГП „Гранит“ и работите треба да завршат за седум месеци.

 |  Јаковлева Лионела  | 

Охрид ќе добие нов спортски објект. Неодамна беа ставени темелите за изградба на спортска сала во ОЕМУЦ Св. Наум Охродски. Овој проект кој долги години наназад беше најавен, конечно ќе се реализира. Со тоа не само што училиштето ќе добие современа спортска сала, туку и градов ќе има нов простор во кој ќе можат да се одржуваат спортски настани.

На оние состаноци кои ги имавме со покојниот градоначалник тој ни побара проекти со кои ќе аплицираме. Јас му го понудив проектот за спортската сала кој беше изготвен од 2008 и стоеше во фиока. Веднаш се зинтересира и набрзо општината ја забрза постапката за решавање на имотно правните односи и префрлање на земјиштето под државна надлежност, објаснува директорот на ОЕМУЦ Св. Наум Охридски, Сашо Недески.

Изградбата на салата е дел од проектот на Министерството за образование за изградба на 145 спортски сали низ државава. Таа ќе се протега на простор од 650 метри квадратни и ќе биде комплетно опремена. Ќе има две соблекувални, машка и женска, тоалети, туш кабини, кабинет за професорите и просторија каде ќе бидат сместени спортските реквизити. Салата се гради со средства од државата, но свој удел имала и Локалната. Таа во голема мера помогнала да се решат имотно правните односи и да се добие имотен лист.

Локалната имаше обврска да ја исчисти локацијата и да ја динесе во состојба за градење. Требаше да се отстранат и сите подземни инсталации и да се дислоцираат, објаснува Недески.

Спортската сала ќе се гради на локацијата каде сега е спортското игралиште. Изведувач е ГП „Гранит“ и работите треба да завршат за седум месеци.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top