Ознака: спасители

СПАСИТЕЛИ НА ВОДА ПАТРОЛИРААТ НА СЛОБОДНИТЕ ОХРИДСКИ ПЛАЖИ

Post Views: 4 Спасителите почнувајќи од 13 јули годинава секојдневно вршат патролни обиколки со спасителен чамец на вода, со велосипеди или пеш на копно, на капалишта на Охридското Езеро. Секој ден во периодот од 11 до 19 ч. спасители на вода патролираат на потегот од плажа Горица 3, плажа Славија, плажа „Акапулко“, плажа Лагадин, плажа „Корали“ и интервенираат во случај на потреба. За време на викендите и празниците, кога се очекува зголемен број на посетители на капалиштата, тимот на спасители ќе биде придружуван и со тим на парамедици кои ќе укажуваат прва помош во случај на потреба....

Continue reading

На плажите без спасители да има табли со предупредување

Post Views: 1 Мартин Елечоски е Национален инструктор за спасување и спасител на вода. Десет години е дел од спасителната служба на вода на охридското крајбрежје. Споделува дека нивната служба има големо значење за одржување на безбедноста на капалиштата каде што капачите се заштитени од давење и повреди. „Покрај гарантирањето на безбедноста на капачите на плажите, гарантираме безбедност на капалишната зона да не се приближуваат до објекти кои би ги повредиле капачите, им даваме совети како безбедно да уживаат на плажа. Постојат опасности од топлотен удар, а има и алкохолизирани...

Continue reading

Охрид се здоби со тренери и спасители на брзи води

Post Views: 6   Центарот за безбедност на вода при Црвен крст Охрид се здоби со тренери и спасители на брзи води. Ова е резултат на обуката за спасување и извлекување на давеници од брзи води, кои во организација на Црвен крст Охрид и под водство на инструктор за безбедност на вода од Операција Флориан во изминатите четири дена се реализира  на реката Црн Дрим во Струга. Обуките поминаа без никаков проблем. За овие четири дена успеавме да ги оспособиме волонтерите за интервенции на брзи води. Ние сме задоволни како се помина и се надеваме дека помогнавме за зголемување на безбедноста...

Continue reading

spasiteli

Само половина од охридските плажи покриени со спасители на вода

Post Views: 1 Кој како од концесионерите на плажите  води сметка за  почитување на  безбедноста на капалиштата. Од 41 плажа на охридското крајбрежје само 22 -ца  концесионери кои стопанисуваат со плажите го почитуваат законот.Тие обезбедиле посматрачница,  ги обележале пливалиштата сопловаци  и ангажирале спасители на вода, информира Сашо Точков од ОО ЦК.Плажите на Градиште 2 и 3 , Бела Виста, Партизан, Силекс,  Младост и Извиднички …., Точков  ги набројува оние плажи кои се без спасители на вода. Од Црвен крст , се единствено надлежни за покривање на плажите со стручно обучени спасителски...

Continue reading

spasuvaci

Концесионерите на охридските плажи да побрзаат со ангажирање на спасители

Post Views: 4 Час поскоро склучување на договори на концесионерите на плажите за ангажман на спасувачи  на вода, апелираат од Црвениот крст од Охрид. Изминатите години, на охридските и струшките плажи во просек се ангажирале помеѓу 90 и 100 спасители на вода. Покрај тоа, се преземаат и превентивни мерки како обуки и препораки до капачите со цел избегнување на посериозни инциденти во водите на Охридското Езеро. „Да се обратат во Центарот за безбедност на вода во Охрид, односно во Црвениот крст во Струга и Охрид, каде што ќе можат да ги добијат сите потребни информации и да се договорат...

Continue reading

Црвен крст Струга, објавува повик за пријавување на кандидати за курс/обука за спасители на отворени води

Post Views: 0 За потребите на Центарот за безбедност на вода при Црвен крст Струга објавува повик за пријавување на кандидати за курс/обука за спасители на отворени води. Обуката, која ќе ја водат национални инструктори за безбедност на вода според стандардите на Меѓународната Федерација за безбедност на вода (ILSF), содржи теоретски и практичен дел, а ќе се реализира во втората половина на месец јуни 2021 г. Заинтересираните кандидати треба да ги задоволуваат следните услови и барања: – Да се на возраст од 16 до 35 години (да достават соодветен доказ (извод на родени, лична...

Continue reading

Црвен крст Охрид објави повик за обука за спасители на отворени води

Post Views: 0 Црвен крст Охрид, за потребите на Центарот за безбедност на вода објавува повик за пријавување на кандидати за курс/обука за спасители на отворени води. Обуката, која ќе ја водат национални инструктори за безбедност на вода според стандардите на Меѓународната Федерација за безбедност на вода (ILSF), содржи теоретски и практичен дел, а ќе се реализира во втората половина на месец јуни 2021 година. Заинтересираните кандидати треба да ги задоволуваат следните услови и барања: – Да се на возраст од 18 до 35 години ( да достават соодветен доказ, извод на родени, лична карта)–...

Continue reading

spasiteli

Половина од охридските и струшките плажи без спасители на вода

Post Views: 16 На плажата пред хотел Метропол спасен давеник. Вистинскa  драма се одигрувала вчера после 18.30 минути кога 18 годишно момче  почнало да се дави. Неговиот татко се обидел да го спаси,  но безуспешно. Спасителот на вода ангажиран на плажата кој случајно останал по истекот на неговото работно време го спасил момчето. Горан Миланоски , координатор на центарот за безбедност на вода при Црвен крст Охрид   и помлад национален инструктор за спаување на вода , наведува дека најчести причини   за давење во вода се паниката и грчот во мускулите. Веднаш зад овие две причини се...

Continue reading

spasuvaci

Спасителите на вода подготвени, но не и концесионерите на плажи

Post Views: 8 Спасувачите на вода технички и психофизички подготвени за делување во новата капачка сезона. Но, тоа не важи за сите концесионери на плажите на охридско – струшкиот брег.  Дел од нив и годинава  замижуваат пред законските одредби да обезбедат сигурни капалишта. Две недели пред официјалниот старт на туристичката сезона  немаат преземено подготовки за обележување на плажите, вели Сашо Точков  од општинскиот Црвен крст. Напоменува дека на плажите немаат  поставено  набљудувачници, пунктови за укажување на прва помош и делови за интервенција  на спасувачите на вода.„...

Continue reading

spasiteli

Психофизички подготвени -спасителите на вода

Post Views: 9 Зоран Станкоски и Љупчо Стојаноски се лиценцирани спасители на вода. Со оваа квалификација  се стекнале пред пет години. Двајцата се обучиле и полагале во ОО Црвен крст. По стекнатите вештини и дозвола за спасување на вода досега биле ангажирани на бројни плажи в долж охридското крајбрежје. Интервенирале во многу  ситуцаии, но за среќа  ризичните моменти завршувале среќно. „ Досега не сум имал ситуации со давење, но имало бројни ризични ситуции со губење на свест или посекотини  кои звршувале во најдобар ред“, нагласува Станкоски. Во моментов Стојаноски и Станкоски...

Continue reading

bot

Спасители, лекар и психолог на охридските плажи

Post Views: 2  Охридските плажи ова лето ќе бидат побезбедни, ова го ветуваат од општинскиот Црвен крст кој се максимално подготвени да стартуваат во оваа туристичка сезона. Општинскиот Црвен крст има 208 лиценцирани спасители на вода, а наскоро ќе започне и обука на нови 40 -тина спасители, информира нејзиниот претседател Сашо Точков. На плажите ќе бидат ангажирани околу 100-тина од нив кои ќе се грижат капачите да бидат сигурни во езерските води. „За безбедноста на плажите се грижи самиот концесионер кој ќе ја повика службата или пак Капетанијата, односно Министерството за транспорт...

Continue reading

spasiteli

Центарот за безбедност на вода да се сфати сериозно

Post Views: 2 Општинската организација на Црвен крст и по седум години не најде слух и разбирање кај надлежните органи за да обезбедат локација за функционирање на Центарот за безбедност на вода. Огромната езерска површина на која во летниот период се разладуваат  бројни капачи и пловат бродови, кајчина и глисери   налага да постои еден ваков Центар кој би бил лоциран на самиот езерски брег. Во него би биле сместени спасители, чамци и опрема за брзо делување во ризични ситуации, истакнува Сашо Точков, претседател на  Црвен крст-Охрид. Црвен крст постојано добива опрема за опремување ...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top