СПАСИТЕЛИ НА ВОДА ПАТРОЛИРААТ НА СЛОБОДНИТЕ ОХРИДСКИ ПЛАЖИ

На барање на Локалната самоуправа и градоначалникот Константин Георгиески, Црвен крст Охрид ангажира тим на спасители на вода на охридските плажи кои годинава по долг временски период се слободни  за сите посетители и уредени од Општина Охрид.

 |   | 

Спасителите почнувајќи од 13 јули годинава секојдневно вршат патролни обиколки со спасителен чамец на вода, со велосипеди или пеш на копно, на капалишта на Охридското Езеро. Секој ден во периодот од 11 до 19 ч. спасители на вода патролираат на потегот од плажа Горица 3, плажа Славија, плажа „Акапулко“, плажа Лагадин, плажа „Корали“ и интервенираат во случај на потреба.

За време на викендите и празниците, кога се очекува зголемен број на посетители на капалиштата, тимот на спасители ќе биде придружуван и со тим на парамедици кои ќе укажуваат прва помош во случај на потреба. Црвен крст Охрид свои спасители на вода има поставено и на плажата кај манастирскиот комплекс Св. Наум, на плажата кај АК Љубаништа, на плажите: Градиште 1 и 2, Оревче, Десарет, Метропол- Белви, „Инекс“,„Голден“ и на базенот во СРЦ „Билјанини извори“.

Од Црвен Крст Охрид апелираат до сите посетители, корисници на капалиштата, до издавачите на пловни реквизити (педалинки, кајаци и сл.) да се придржуваат на препораките и мерките за безбедно одвивање на капење, спорт и рекреација.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top