Половина од охридските и струшките плажи без спасители на вода

Половина од охридските и струшките плажи без спасители на вода.

 |  Валентина Неловска  | 
spasiteli
spasiteli

На плажата пред хотел Метропол спасен давеник. Вистинскa  драма се одигрувала вчера после 18.30 минути кога 18 годишно момче  почнало да се дави. Неговиот татко се обидел да го спаси,  но безуспешно. Спасителот на вода ангажиран на плажата кој случајно останал по истекот на неговото работно време го спасил момчето.

spasiteliГоран Миланоски , координатор на центарот за безбедност на вода при Црвен крст Охрид   и помлад национален инструктор за спаување на вода , наведува дека најчести причини   за давење во вода се паниката и грчот во мускулите. Веднаш зад овие две причини се несугурните пловни објeкти, напоменува Миланоски.

„ На педалинки се качуваат непливачи, а издавачите на педалинките не им изнајмуваат елеци за спасување или пак на повеќе души даваат по еден елек. При контроли со патролни чамци сме затекнале и сме реагирале во ситуации кога на педалинка имало малолетни лица  со еден елек за спасување или неисправби педалинки. Апелираме до издавачите на педалинки да се поодговорни  и сите заедно да дадеме придонес за што поголема безбедност на капалиштата на езерските води“, порачува  Миланоски.

Спасителите на вода  се стручно обучени и имаат голема улога за безбедност на капалиштата. Во ризични  ситуации нивната интревенција е од непроценлива важност. Миланоски  нагласува дека основниот критериум кој треба да го поседува еден спасител е присебноста. Во моментов не сите плажи на охридско струшката ривиера се уредени и покриени со задолжителните екипи на спасители на вода. Во Охрид 19 плажи се безбедни, а 21 сеуште се без спасители. На струшката ривиера од 13 плажи само 6 се безбедни, напоменува Сашо Точков преседател на Црвен крст Охрид. Тој не знае кои се причините на концесионерит екои не гопочитуваат законот. Но , се надева дека најавенит еконтотли од страна на Локаланата самоупрва ќе дадат резулатат и ќе се подигне безнедноста на вода на плажите.
spasiteli
„ Ја поддржувам иницијативата на ЛС искажана на состанокот со концесионерите на плажите и намерата да се стави ред на капалиштата.  Но, на состанокот беа присутни само оние кои веќе се ажурни и склучиле договир со спасувачи на плажа. Шпицот се очекува оваа недела и треба да сме подготвени на сите барања на туристите“, укажува Точков.
 
По состанокот со концесионерите на охридксите плажи одржан во петокот инспекторите  денес излегле на терен  во контрола на плажите. Охридскиот  Црвен крст побарал    и од струшкатат Локална  самоуправа  да  направи контрола  и на нивното крајбрежје. Засега од оваа општина нема повратни информации дали ќе се контолираат плажите со цел  концесионерите да создават безбедни плажи според  законските одредби, напомена Точков.  

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top