Само половина од охридските плажи покриени со спасители на вода

Само половина од охридските плажи покриени со спасители на вода.

 |  Валентина Неловска  | 
spasiteli

spasiteliКој како од концесионерите на плажите  води сметка за  почитување на  безбедноста на капалиштата. Од 41 плажа на охридското крајбрежје само 22 -ца  концесионери кои стопанисуваат со плажите го почитуваат законот.Тие обезбедиле посматрачница,  ги обележале пливалиштата сопловаци  и ангажирале спасители на вода, информира Сашо Точков од ОО ЦК.
Плажите на Градиште 2 и 3 , Бела Виста, Партизан, Силекс,  Младост и Извиднички …., Точков  ги набројува оние плажи кои се без спасители на вода. Од Црвен крст , се единствено надлежни за покривање на плажите со стручно обучени спасителски служби за безбеднсот на вода. Повикуваат на совесност и почитување на законот.
 
„Апелирам да ги почитуваат одредбите и капачите и концесионерите. Концесионерите да ги обележат капалиштата, да постават пунктови за прва помош и да ангажираат спасители. Апел и до капачите да ги користат плажите кои се безбедни за капење“, напоменува Точков.

spasiteliСликата со безбедноста на плажите е слична и во соседна Струга. Од 15-тина концесии на плажи на струшкото крајбрежје,  само неколкумина концесионери го испочитувале законот, информира Точков.

„ Во Струга сликата е многу полоша. Од 13 само 5 плажи се покриени со спасители на вода. Апелирам до концесионерите и наделжниет институции, министерството за транспорт и врски и Капетанија час поскоро да направат контроли. Инспекциите да преземат мерки соодветно законската регулатива“, појаснува Точков.  

Точков кажува дека во моментов нивната служба за спасување на вода брои 311 високо обучен кадар. Од нив за безбедноста на плажите се ангжирани 60 спсители. Во Струга пак се ангажирани само 6-мина.За што поголема безбедност на посетителите на капалиштата Точков напоменува дека нивните служби летово ќе го користат и бродот амбуланта. 

 

 

 

 

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top