• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Црвен крст Струга, објавува повик за пријавување на кандидати за курс/обука за спасители на отворени води

Црвен крст Струга, објавува повик за пријавување на кандидати за курс/обука за спасители на отворени води

За потребите на Центарот за безбедност на вода при Црвен крст Струга објавува повик за пријавување на кандидати за курс/обука за спасители на отворени води.

 |   | 

За потребите на Центарот за безбедност на вода при Црвен крст Струга објавува повик за пријавување на кандидати за курс/обука за спасители на отворени води.

Обуката, која ќе ја водат национални инструктори за безбедност на вода според стандардите на Меѓународната Федерација за безбедност на вода (ILSF), содржи теоретски и практичен дел, а ќе се реализира во втората половина на месец јуни 2021 г.

Заинтересираните кандидати треба да ги задоволуваат следните услови и барања:

– Да се на возраст од 16 до 35 години (да достават соодветен доказ (извод на родени, лична карта)

– Да знаат да пливаат и да имаат психо-физички предиспозиции за спорт

– Да обезбедат и достават Потврда за здравствена способност за обавување спорт и спортски активности, не постара од 6 месеци, издадена од соодветен лекар или здравствена установа

Повикот трае од 25 мај до 15 јуни 2021, а кандидатите можат да се пријават во просториите на Црвен крст Струга, ул. Ристо крле бб, Охрид, секој работен ден од 9-15 ч., или на телефоните 046 786 014 и 075 342 340 – Никола

На сите кои успешно ќе ја завршат обуката и се стекнат со лиценца за спасител на вода, Црвен крст Струга ќе им обезбеди и понуди платен ангажман на соодветни капалишта во летната сезона 2021.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top