Ознака: својот

Kamber Demirali

Исчезнато лице

Post Views: 3 Камбер Демирали на 24-ти декември го напуштил својот дом и од тогаш му се губи секаков траг. Неговото семејство изгубило секаков контакт со него. 40 годишниот Демирали е глувонем. Роден е на 28 февруари 1972 година со адреса на живеење на ул. „Рахмут Рифат“, бр.7. Се молат граѓаните кои имаат било каква информација за Камбер Демирали да го контактираат семејството на тел. 046/ 261 921. {loadposition content9}

Continue reading

izlozba Verikali i Premini

Со „Вертикали и Премини“ со фотографски ракурс допир до душата на Охрид и Струга

Post Views: 1 Во Музејот Куќата на Робевци е поместена најновата изложба на Анастас Ќушкоски која е насловена како  „Вертикали и Премини“. Ова е второ навраќање на авторот на тема старата архитектура. Низ различен ракурс Ќушкоски ги прикажал разните форми на вертикалите и премините. Преку нив ја допрев душата на Охрид и Струга, вели авторот. „Вертикалата беше  мој  предизвик, преку неа ја гледам симболиката на светлината  како потраг по неа,  Бога и бескрајот. Таа вертикала за да го најде својот пат мора да мине низ преминот. Тогаш таа станува жива и духовна и таа ме преукупира и...

Continue reading

Suna

50 години во боите на виножитото

Post Views: 11 Ова е краткото име на долгиот пат кон успехот на Нијази Махмуд или онака како што сите го знаеме, СУНА бои и лакови. Емотивни говори, благодарници за верните соработници и пријатели. Златниот јубилеј на една од првите приватни фирми во Охрид прославен на еден посебен начин. Една од првите приватни фирми во градов го доживеа својот златен јубилеј. Мајсторот Нијази Махмуд и неговата СУНА денес одбележаа успех каков што ретко се одбележува. Од скромните почетоци далечната 1961ва година кога на мала троколка си го терал својот занает, денес Нијази Махмуд е едно од најпознатите...

Continue reading

Svecena Akademija

Врачени Наградата и повелбите Св.Климент Охридски

Post Views: 8 Охрид синоќа го одбележа големиот празник, денот на својот заштитник Свети Климент Охридски. Пред голем број присутни гости и почитувачи на делото на великиот Св.Климент Охридски градоначалникот Александар Петрески ги  врачи Наградата и трите повелби. На Свечената академија присуствуваа голем број претставници на  општествено политичкиот живот на градот, но помина без присуството на претседателот на ОК на ВМРО ДПМНЕ, Атанаско Михаилов. Д-р Михаилов за ТВМ рече дека не присуствувал на свеченоста поради приватни обврски.На доделувањето на наградите не присутвуваа ни ...

Continue reading

fasada

Ситиот на гладниот не му верува

Post Views: 1 Сопствениците на куќите кои се без фасада се ставени пред тешка дилема како да ја завршат последната фаза од изградбата на својот дом во услови на тешка економска криза. Во недостиг на финасии сега се растргнати меѓу високите казни од кои боли глава и своите можности за да ја завршат и обојат надворешноста на својот дом.    Раководителот на комуналниот инспекторат Танас Танасоски вели дека засега немаат точна цифра на нефасадирани објекти во Охрид. Нивните сознанија се дека повеќето нефасадираните објекти се во руралните средини, а во градот нивната бројка е помала.Во...

Continue reading

ucenicka tashna

Дали образованиот процес, ги грбави нашите ученици?

Post Views: 2 Целата училишна опрема која еден ученик во четврто одделение ја носи на својот грб, тежи повеќе од пет  килограми. Кај основците само учебниците и тетратките тежат по околу 2кг, а дополнителни два-три килограми – работните тетратки, училишниот прибор и ранецот. Што значи дека десетгодишен ученик на својот грб носи повеќе од една петтина од својата телесна тежина. Кога на овој податок уште ќе ги додадеме и неправилното седење во клупите, лошиот и во голем број случаи застарен инвентар во училиштата, недоволна физичка активност, несоодветните услови за живеење и...

Continue reading

zanaeti

Старите занаети полека тонат во заборав

Post Views: 12 Охрид, некогашниот занаетчиски, трговски, верски и културен центар, пополека но сигурно го губи својот препознатлив лик. Од познатата стара Охридска чаршија, за жал сега остана само нејзиното име. Како во филмските сцени, во последен миг се прават обиди да биде спасено нешто од оние автентични занаети кои некогаш биле основен извор на приходи за Охриѓани. „Занаетчиите се обременети со големи давачки кон државата, се соочуваат со една нелојална конкуренција на готови производи увезени од исток. Од друга страна пак може и немаат некој атрактивен простор за да си ги изложат...

Continue reading

izlozba

Охрид низ трансформација и метафизички стил

Post Views: 0 Охрид прикажан преку една трансформација и еден метафизички стил. Вака академските сликари Лидија и Мирко Вујисиќ кои веќе шеста година Охрид го одбрале за свој втор дом, им го прикажаа најубавото од градот на сите оние кои ја сакаат и ценат ликовната уметност. Што се однесува до концепцијата на оваа изложба, одбравме многу интригантен и мошне интересен простор кој има свои предизвици и формиравме еден концепт на прикажувањето на слики,графики и цртежи во кој иманентно ќе постои една нишка које ќе обединува атмосферата и историјата доживувањето и она што е ендемско...

Continue reading

vodici

На терен се повеќе неквалитетни водичи со очајно познавање на странски јазик

Post Views: 1 Разни професионални профили се повеќе меѓусебно си стануваат нелојална конкуренција. Хотелиери, сопственици на туристички агенции, рецепционери, бродари се ангажираат како туристички водичи и за мали пари го дополнуваат својот семеен буџет. Со тоа прават нелојална конкуренција, се жалат професионалните туристички водичи. Во потрага по егзистениција се руши цената на туристичките водичи. При тоа, голем е бројот на водичите кои добиваат лиценца без да положат писмено и усмено познавање на странски јазик. Познавањето на странскиот јазик го докажуваат само со потврда за...

Continue reading

Zubush Shemo

Охриѓанка среде Турција освои трето место на натпревар во турски јазик

Post Views: 10 Основното училиште Братство Единство се закити со ново признание. благодарејќи на младата ученичка Зубуш Шемо. Меѓународниот натпревар во турски јазик кој се одржа во главниот град на Турција, Анкара беше местото на овој поход од кој Зубуш се врати со освоено трето место. Ова е уште еден доказ дека со доволно работа и труд, можат да се постигнат одлични резултати. Младата ученичка беше очигледно возбудена и под импресии на оствареното. Малата Зубуш за да го постигне овој успех напорно работела во текот на целата година и заедно со својот ментор, професорот Рамиз Зекирија,...

Continue reading

spomenik Sv Naum Ohridski Cudotvorec

Споменикот на Свети Наум денес гордо се исправи на својот постамент

Post Views: 0 Делото изработено од академик Томе Серафимоски своето свечено претставување ќе го има утре, на големиот христијански празник, Свети Наум, летен. Поставувањето на споменикот лично ќе го следи и неговиот творец, академик Томе Серафимоски. Споменикот на Свети Наум застана на својот постамент во друштвото на Свети Кирил и Методиј и Свети Климент Охридски. Поставувањето на споменикот беше лично следено од авторот на делото, академик Томе Серафимоски. Идејата за ваквиот изглед на градскиот плоштад со споменици од трите најзначајни светители е стара 20 години и потекнува...

Continue reading

zvono

Камбанаријата во Перивлепта раскажува за Пупин

Post Views: 10 Звукот на ѕвоното од камбанаријата од дворот на црквата Св.  Богородица Перивлепта се разлева силно и надалеку. Со радосниот одек се разлева споменот за Св. Климент, но и сеќавањето на Михајло Пупин, донаторот на камбанаријата. По  неговото второ доаѓање во Кралска Југославија, а од контактите во 1921 година со тогашниот Охридски епископ, д-р Николај Велимировиќ, се родила идејата од неговиот фонд  да се изгради камбанарија во  дворот на тогашната црква Св. Климент.  Во тоа време Охрид, лулката на христијанството на Балканот, немал камбанарија, истакнува Проф.Митрески. ...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top