Ознака: својот

nikola mitrovic

Општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ со свое видување за вчерашниот митинг на здружената опозиција

Post Views: 1 Денес, кога јасно се гледа дека ВМРО ДПМНЕ победува, кога јасно се согледува потребата на нашите сограѓани за нови дела за подобар Охрид, сведоци сме дека од страна на политичкиот опонент СДСМ  повеќе немаат кредибилитет да зборуваат за Охрид бидејќи истите се тие кои го уништија нашиов град, со овие зборови портпаролот на ОК на ВМРО ДПМНЕ ја започна денешната пресс конференција. На вчерашниот митинг кој го одржа СДСМ во Охрид, малубројните присутни граѓани меѓу кои злоупотребени малолетни ученици кои го поднесоа својот школски прибор,не само што согледаа дека константно...

Continue reading

agencija

Да има што повеќе жени во политиката

Post Views: 13  Да се зголеми бројот на жените во политиката. Ова е заложба на Советот на жени за родова еднаквост, македонското женско лоби и невладината организација „Антико“. Тие сметаат дека и сегашната законска бројка од 30% е мала за да може реално да се зајакне влијанието на жената врз политичките случувања во државава. Од друга старана пак и оние жени кои се инволвирани во политиката многу малку придонеле за подобрување на состојбата на ранливите категории. Ова е уште поевидентно на локално ниво, вели Наде Мартиноска од женскиот центар „Бисера“. Во Советот на општина Охрид...

Continue reading

aman

Охриѓани слободни стрелци

Post Views: 0 Охриѓани слабо заинтерсирани да дадат поддршка на народната иницијатива Аман за измени во Законот за енергетика. Охриѓани во споредба со граѓаните од останатите градови во земјава не покажале голем интерес да ја поддржат иницијативата. Со таквиот однос одаваат впечаток на слободни стрелци  некој друг да им ја заврши работата, а тие  да ги користат придобивките. Од почетокот на иницијативата за собирање потписи па досега само 256 охриѓани го ставиле  својот потпис на иницијативата.  Овој број е многу поголем во останатите градови како што се Битола, Прилеп , Скопје, Куманово...

Continue reading

sednica sovet

Секој на своето

Post Views: 0   Изградбата на комплексот во Љубаништа од мултимилионерот Субрата Рој и изградбата на хидроаеродромот стигнаа и на седница на совет. Денес по оваа точка се дискутираше на 56 седница на Советот на Општина Охрид која по обичај започна со задоцнување и тоа овојпат дури со час и половина. Ставот на советничката група на ВМРО ДПМНЕ е дека за ваква тема не треба да се дискутира на совет,  Но Градоначалникот со објаснување дека за толку важни прашања за градот мора да се слушнат мислењата и ставовите на советниците како и на експертите. Петрески уште еднаш го потврди својот...

Continue reading

emo

Охридско ЕМО не го дава својот имот

Post Views: 14 „АД ЕМО Охрид почна да оди напред и нема да дозволиме никој да ни застане на патот на успехот“. Ова е ставот на извршниот директор на охридско ЕМО, Зоран Филоски, во врска со идејата на Локалната, во атарот на ЕМО да гради фабрика за преработка на отпад. Филоски вели дека Локалната не може и не смее имотот на ЕМО да го гледа како идна депонија на Охрид. Тој истакна дека сосема бил затечен од неодамнешните изјави на директорот на ЈП Охридски Комуналец, секако со амин на Локалната, кои дрско, без претходно да ги известат ниту писмено ниту усмено, дека размислуваат за...

Continue reading

Nikoloski UIST

Универзитетот „Свети Апостол Павле“ го прослави својот патрон

Post Views: 2 Најмладиот универзитет во земјава, Универзитетот за информатички науки и технологии, „Свети Апостол Павле“- го прослави својот прв патронен празник. Денот на големиот светец и учител, на едно место успеа да собере професори, политичари, студенти како и претставници од Министерството за образование, наука и култура. „Само за неколку години од своето постоење овој универзитет успешно се етаблира во високообразовниот простор на Република Македонија.“-рече проректорот на Универзитетот Свети Климент Охридски од Битола, Професор д-р Пере Аслимоски. Тој во својот поздравен...

Continue reading

maturanti 1952

Охридската чаршија-културна институција на генерациите

Post Views: 4 „Само оној кој работи на долгата патека, полека и трпеливо може да постигне успех.“ Нема поголем доказ за оваа убава мисла од генерацијата гимназијалци од 52та. 60 години матура за дел од охриѓани кои дадоа исклучителен придонес за Охрид на сите полиња на општественото живеење. За нив ни говори човекот кој и самиот е дел од неа, човекот кој врз себе го понел товарот да биде хроничар на културолошкото издигнување на Охрид, Томислав Стефоски. „Мојата генерација беше природно надарена, генерација која зрачеше во секој поглед. Беа луѓе кои носеа со себе една добрина, една...

Continue reading

konferencija mak. jazik

Академиците со осврт кон делото на Гане Тодоровски

Post Views: 1 Лесно е да се сеќаваш на оние кои оставиле голема оставнина зад себе. Посебно ако оставнината се сите дела и размисли, запишани од единствениот поет и академик, Гане Тодоровски. Неговото име и неговото творештво добија посебен осврт на 39та меѓународна конференција за македонски јазик. Голем број поети, професори и академици, но и негови блиски пријатели ги споделија сопствените сеќавања на поетот, но и начините на кои неговата поезија допрела до секој еден од нив. Огромно влијание поезијата на Гане Тодоровски има и врз неговиот син, Бојан кој вели: „Тој беше голем визионер...

Continue reading

dvor

Љубов , време, нега и пари

Post Views: 8 Трендафили, сардели, бегонии, вистински цветен рај. Ова е дворот на Чеповска Венера која за својот труд и љубов кон цвеќињата и природата доби прво место од женското здружение Бисера за најубаво уреден двор. Венера вели дека оваа награда многу и значи бидејќи е потврда за се она што го прави околу уредувањето на ова нејзино катче. Таа не штеди време за да ги засади и одржува цвеќињата бидејќи ги обожава и тоа сите. Ако сакатае да имате убаво уреден двор треба да работите најмалку 2 до 3 часа дневно во текот на сезоната, а на почетокот на пролетта и по цел ден, вели Чеповска. Венера...

Continue reading

muc

Каде јадат учениците од ЕМУЦ на големите одмори, на топло или на минусни температури?

Post Views: 2 Деновиве во нашата редакција имаше јавувања и реакции од родители на ученици од електро-машинскиот центар „Свети Наум Охридски“. Родителите револтирани велат „Не е хумано на вакви ниски температури, нашите деца својот појадок да го јадат надвор.“Имено, на големиот одмор училишната зграда била заклучувана, а децата морале да седат во дворот на училиштето. На ваквите обвинувања од родителите, раководителот на секторот за образование при локалната самоуправа, Серафим Наумоски, со следната изјава: „Веќе подолга пракса е на ЕМУЦ и во други училишта на големите одмори училниците...

Continue reading

приредба

Приредба по повод патронот на О.У. „Григор Прличев“

Post Views: 3 Традиционално и годинава О.У. „Григор Прличев“, го одбележа својот патрон. Во рамките на одбележувањето преку низа активности, учениците, како и целокупниот наставен кадар, добро се покажаа пред охридската јавност, синоќа во Центарот за култура. Најмладите со нетрпение чекаа да се претстават. Полни со емоции, а пред се максимално концентрирани за настап, кажаа дека чест е да се биде учесник во програмата за одбележувањето. Основците преку својот настап низ музика, игра, песна, рецитал и други точки го потврдија својот талент. Исто така воодушеви и настапот на учениците...

Continue reading

nadzorna kamera

Раката на законот кратка за сограѓаните со лепливи прсти

Post Views: 8 Крадењето е секојдневие во Охрид. Нема да кажеме ништо ново со информацијата  дека кражбите се зачестена појава во градов. Се краде насекаде, во становите, во куќите, во институциите, во продавниците, во хотелско угостителските капацитети, како и во добро обезбедени објекти. Сограѓани,  внимавајте добро, па дури и кога сте на работното место. Крадците не бираат место и начин како да дојдат до својот плен. На записите од видео надзорот, регистрирани во два наврати во нашава телевизија за краток временски период, повеќе од јасно се гледа се. Проблематичната Џемиле позната...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top