Охридско ЕМО не го дава својот имот

На имотот на АД ЕМО Охрид нема простор за изградба на фабрика за рециклирање на отпад. ЈП „Охридски Комуналец“, нека си гради во атарот на својот двор, порача извршниот директор на ЕМО, Зоран Филоски.

 |  Николоска Биљана  | 
emo
емо

„АД ЕМО Охрид почна да оди напред и нема да дозволиме никој да ни застане на патот на успехот“. Ова е ставот на извршниот директор на охридско ЕМО, Зоран Филоски, во врска со идејата на Локалната, во атарот на ЕМО да гради фабрика за преработка на отпад. Филоски вели дека Локалната не може и не смее имотот на ЕМО да го гледа како идна депонија на Охрид. zoran emoТој истакна дека сосема бил затечен од неодамнешните изјави на директорот на ЈП Охридски Комуналец, секако со амин на Локалната, кои дрско, без претходно да ги известат ниту писмено ниту усмено, дека размислуваат за реализација на идеја за градба на фабрика за преработка на отпад на туѓ имот. Додава дека со тоа си поигруваат не само со имотот на Емо, туку и со судбината на вработените. Филоски е категоричен  во својот став, дека Локалната треба да ги поддржи напорите на Владата која во оваа тешка економска криза се обидува да ги реши натрупаните проблеми во ЕМО. ЕМО нема да згасне и да го снајде судбината на останатите државни претпријатија, напротив продолжуваме со производство и монтажа на електро опрема, проектирање и надзор и очекуваме уште поголема поддршка од актуелната Влада, дециден е Филоски.

emo„Можам да кажам дека во последниов период со закон донесен во Собранието на РМ, Владата ги презеде обврските за јавнит давачки кои изнесуваат над 4 милиони евра и одреди една позајмица која му се додели на ЕМО за да послужи за надминување на неповолната ситуација во однос со исплата на побарувањето на вработените, таа позајмица е префрлена на сметката на ЕМО и е поделена на вработените“ -вели Филоски.

Филоски потенцира дека ЕМО мора да продолжи да опстојува и да застане на сопствени нозе како некогаш. Додава дека веќе е изработен акциониот план со кој е предвидена кадровска реорганизација.

„Со која би продолжиле со дејност оние капацитети и дејности кои по нашите согледувања можат да се носат на пазарот, се конкуретни и нормално можи да се обезбеди работа. Следува и консолидација на фирмата и после тоа се бараат стратешки партнери кои би влегле во ЕМО со свој капитал нормално и со свој пазар“-истакна Филоски.

ЕМО кој претставува голем капацитет значаен не само за Охрид, туку и воопшто за земјава, во моментов има 1200 вработени. Во моментов работат за извоз на пазарот во Италија и Србија.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top