Ознака: своите

Bekdor bend

Хард рок првомајски викенд во Охрид

Post Views: 0 „Бекдор бенд“, охриѓани и туристите ги почестија со своите рок изведби, но на еден малку поинаков начин, на камион, во движење. Тапанарот на бендот, Ози, вели дека идејата за овој нивен музички потфат е малку постара, но дека сега се створиле услови истата да се спроведе. „ Прв пат во нашиов град се случува ова, можеби ни во Македонија не е направено вака на камионче, подвижна рок свирка“ кажува Ози. Ози вели дека го одбрале празникот намерно, со цел да придонесат за збогатување на културните содржини во нашиов град. Инаку Бекдор брои четири членови, покрај тапанарот...

Continue reading

плостад

Одмор или кошмар

Post Views: 0 Годишниот одмор од задоволство може да се претвори во кошмар. На туристите кои доаѓаат да одмараат на охридско-струшката ривиера им се препорачува добро да се грижат за своите лични предмети. Хотелиерите од Охрид и Струга тврдат дека ги превзеле сите мерки за гостите ова лето да имаат што побезбеден одмор. Гоце Тасески од хотелот „Инекс Горица“ вели дека во нивниот хотел поставени се безбедоносни камери како би ги заштитиле гостите од крадците, но потенцира дека и гостите треба да се едуцираат како самите да се зштитат од опасностите кои ги демнат. Според податоците...

Continue reading

ribari

Последен поздрав од охридските рибари до убиените колеги од Скопје

Post Views: 5 Рибарите од СРК „Св. Апостол Петар“ од Охрид испратија последен поздрав до своите колеги – рибарите кои денеска ќе бидат погребани во Скопје. Скопјаните Александар Наќовски, Цветанчо Ацевски, Kире Тричковски и Филип Славковски, сите на возраст од околу 20 години, како и Борче Стефковски (45), биле убиени завчера кај вештачкото езеро кај скопското село Смилковци. Полицијата официјално нема осомничени за убиството ниту, пак, има информации околу можните мотиви за грозоморниот чин. {loadposition content9}

Continue reading

taksi dupka

Дупка по дупка-до безбедни улици

Post Views: 2 Такси превозниците се жалат на состојбата на такси станицата пред „Уни Банка“. Велат: „Со толку насобрана вода, ниту еден патник не би влегол во наше возило.“ Тие не излегоа пред камера бидејќи се плашеле дека ќе ги загубат своите лиценци, но раскажуваат дека ситуацијата оди до таму што еден од нивните патници се здобил со повреда на ногата стапнувајќи во една од нерамнините на асфалтот. Од одделението за сообраќај и улици велат дека се работи на проблемот. „Едно е тоа што таксистите што го кажуваат, дека во одредени периоди кога има обилни врнежи на дожд, на еден дел...

Continue reading

pateka

Пoзитивен пример за општествена одговорност

Post Views: 7  Родителите од детската градинка „Лихнида“ со сопствени средства и со заеднички ангажман бетонираа две патеки во дворот на градинката. Нивната иницијатива потекнува од желбата децата кои своите претшколски денови ги поминуваат во овој објект да уживаат во мигвите поминти таму.Иван Цветкоски, претседател на советот на родители вели дека на ваков начин не само што ќе го разубават дворот туку ќе дадат и позитивен пример за своите деца. Воспитувачките не го криеја задоволството од ваквата иницијатива на родителите. Велика Паункоска, вели дека во дворот на истата не е интервенирано...

Continue reading

иваноски иво министрер

Проектот „регулаторна гилотина“ во Охрид

Post Views: 6 Активноста на министерството за информатичко општество и администрација во проектот „регулаторна гилотина 4 та фаза предност на малите претпријатија“, стигна и во Охрид. Министерот за информатичко општество пред присутните образложи што претставува проектот и која е целта. Тој потенцираше дека со овој проект малите претпријатија многу би добиле. „Идејата е откако ќе ги добиеме предлозите се што ќе биде прифатено од институциите ќе биде ставено во една рамка и со таа рамка ќе се следат институциите колку тоа брзо ќе го завршат. Од првите три фази првата беше 100% завршена,...

Continue reading

mace

Масовно труење на мачки во стариот дел на Охрид

Post Views: 4 За една недела отруени повеќе од десет животни. Жителите со брза интервенција на ветеринарен лекар, успеале да спасат дел од животните, но многумина останале без своите домашни миленичиња. Оствариле и контакт со Ј.П. „Комуналец“ од каде негирале дека труењето е извршено од нивна страна. Од ветеринарен лекар добиена е потврда дека станува збор за труење со препаратот ЛАНАТЕ. Ова не е прв ваков случај, па поради тоа истиот е пријавен во полиција од каде е направен записник. После масовното труење на кучиња, овој случај е доказ дека тешко се стигнува до свеста на извесни...

Continue reading

elektronski karticki

Охрид доцни со апликациите за електронски здравствени картички

Post Views: 2 Аплицирањето за добивање на електронски здравствени картички во Охрид тешко се спроведува. Ниту на охридските пензионери, ниту на матичните лекари не им се брза со поднесувањето на формуларите. Пензионерите како најголема група на здравствени осигуреници, во останатите подрачја со далеку поголем одзив од оној во нашиот град. Фондот за здравствено осигурување токму од оваа категорија не очекуваше ваков проблем, бидејќи оттаму претпоставуваа дека поради честите посети на матичните лекари, пензионерите ќе бидат оние кои најбрзо ќе ги поднесат своите формулари. Сепак реалноста...

Continue reading

babino kovceze

Ракотворбите од бабиното ковчеџе стигнаа и до младите

Post Views: 6 Тајните на вештата охридска жена, нејзиното прекрасно везење, шиење на народни носии и плетење допреа до младите. „Ракотворбите од бабиното ковчеџе“ е насловот на проектот кој веќе четири месеци се спроведува во соработка со општина Охрид, односно секторот за туризам и локален економски развој. Денешната работилница со наслов „Вредните бабини раце“ беше наменета за младите средношколки кои покажаа голем интерес да ги научат овие вештини. Ги запрашавме кои вештини кај нив пробудиле интерес и зошто е важно нивното изучување. „Уште како мала ја гледав баба ми како умешно...

Continue reading

sostanok

Локалната самоуправа одобри средства за триесеттина микро проекти

Post Views: 4 Голем број граѓански здруженија, културно уметнички друштва, месни заедници и поединци ќе добијат финансиска поддршка од Локалната самоуправа. Триесеттина проекти поминале на конкурс објавен од страна на општината за поддршка на микро проекти кои ќе обезбедат економски развој на градот. Меѓу одобрените проекти е и оној на здружението на ловци, со кој се предвидува размножувалиште на див зајак, а со кој треба да се развива ловниот туризам, истакна првиот човек на градот Александар Петрески. Во зависност од издржаноста и тежината на проектот, ќе им се одобрат  најмногу...

Continue reading

ucenici

Инструмент со кој се развива демократијата во РМ

Post Views: 1 „Охридскиот рамковен договор го верифицира легитимитетот на нашата држава. После него Македонија подобро место за живеење, истакна Азис Положани Амбасадорот на РМ во ОН. Отворајќи ја Конференцијата Претседателот на РМ Ѓорге Иванов истакна дека кога станува збор за придобивките од потпишувањето на Рамковниот, не треба само да го потенцираме тоа што сме го добиле, како мирот и многу други нешта. „ Но,Треба да се потсетуваме и на тоа што сме го изгубиле. Многу родители ги изгубија  своите деца, но и многу деца ги изгубија своите родители. Некои ги изгубија своите домови,...

Continue reading

Galeb

Доцнењето на јавниот превоз станува се позачестено

Post Views: 4 Летната сезона за Охрид значи екстремно зголемен број на патнички возила кои сообраќаат по нашите улици. Дури и најфреквентната булевар „Туристичка“ не успева да ги прими сите возила кои сообраќаат низ градов во летните месеци. Со ваквата редовна појава, се потешко се справуваат и автобусите на јавниот превозник АД „Галеб“ од Охрид. Автобусите се повеќе доцнат, а патниците кои редовно ги користат услугите на АД „Галеб“ често не успеваат навреме да стигнат на своите работни места. Се поголем број на патници реагираат на доцнењето на јавниот превозник АД „Галеб“ од Охрид,...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top