Дупка по дупка-до безбедни улици

Има решение за насобраната вода пред такси станицата на „Македонски просветители“.

 |  Мишел Наумоски  | 
taksi dupka
такси дупка

Такси превозниците се жалат на состојбата на такси станицата пред „Уни Банка“. Велат: „Со толку насобрана вода, ниту еден патник не би влегол во наше возило.“ Тие не излегоа пред камера бидејќи се плашеле дека ќе ги загубат своите лиценци, но раскажуваат дека ситуацијата оди до таму што еден од нивните патници се здобил со повреда на ногата стапнувајќи во една од нерамнините на асфалтот. Од одделението за сообраќај и улици велат дека се работи на проблемот.

nasobrana voda posta„Едно е тоа што таксистите што го кажуваат, дека во одредени периоди кога има обилни врнежи на дожд, на еден дел се собира вода и во тој период значи такси станицата не е функционална. А ние изработуваме во моментот техничко решение и тоа ќе го средиме, но јас ќе го кажам вториот дел. Од 365 дена тоа се 50 дена или 30.  Јас ќе ги кажам тие останатите 300 дена кога истите тие таксисти не ги возат патниците. Значи ги одбираат релациите и линиите значи прво треба таксистите да си ги средат своите обврски да возат онака како што е согласно законскиот дел и пропишаниот дел.“-вели Раководителот на секторот за сообраќај и улици, Зоран Шикалески.

Шикалески дополни дека во случајов не станува збор за ударна дупка или ископан асфалт туку за денивелација на теренот. Според тоа, тие бараат решение како насобраната вода со цевка да се спроведе во дождовната канализација. Од одделението најавија и решавање на делот од пресекот помеѓу улиците „Македонски просветители“ и „Димитар Влахов“.

taksi vozila

„Значи по должината на завршетокот на „Димитар Влахов“ поминува еден огромен канал од поштата чинам дека е значи каде што подземно се водат сите кабли околу телефонијата и на тој дел редовно пропаѓа шахтата најверојатно поради тоа што просторот долу е комплетно празен. Значи Македонски телекомуникации на неколку пати тука вршеше некои санирања но во целост не е досанирано, ние ќе стапиме во контакт со Македонски телекомуникации или T-Home или T-Mobile или како се вика фирмата не е важно и ќе видиме заеднички да го решиме овој проблем.“-рече Шикалески.

Дупка по дупка, улица по улица. Факт е дека има градови со многу полоша патна инфраструктура од нашиот, но решавањето на дури и најмалите проблеми, може да го направи Охрид попријателски расположен кон вашето возило.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top