Пoзитивен пример за општествена одговорност

 Родителите го разубавија дворот на градинката „Лихнида“

 |  Јаковлева Лионела  | 
pateka
патека

 Родителите од детската градинка „Лихнида“ со сопствени средства и со заеднички ангажман бетонираа две патеки во дворот на градинката. Нивната иницијатива потекнува од желбата децата кои своите претшколски денови ги поминуваат во овој објект да уживаат во мигвите поминти таму.
Иван Цветкоски, претседател на советот на родители вели дека на ваков начин не само што ќе го разубават дворот туку ќе дадат и позитивен пример за своите деца.

Воспитувачките не го криеја задоволството од ваквата иницијатива на родителите. Велика Паункоска, вели дека во дворот на истата не е интервенирано од нејзиното отварање, а тоа било во далечната 1985год. Таа објаснува дека дворот е место каде децата во топлите денови најмногу сакаат да го поминуваат времето и дека е многу важно како истиот ќе биде уреден.
deca rabotat
Директорката на градинките, Марина Петровска Тодороска објаснува дека постојано се борат и бараат начини за прибирање средства како би ги подобриле условите во петте објекти на градиката „Јасна Ристеска“. Петровска Тодороска кажува дека сите заедно влучувајќи ги родителите, Локалната, Министерството за труд и социјала, бизнис секторот и останатите субјекти кои можат да помогнат, ќе направат напори да создадат уште подобри услови за престој на децата. Нареден проект кој ќе биде финансиран од Локалната е промената на дограмата во сите објекти, а еден од капиталните зафати ќе биде промената на кровните конструкции за кои пари треба да издвои ресорното министерство.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top