Ознака: своите

Petreski so matematicari

Охриѓани главни за математика

Post Views: 1 Охриѓани како создадени за математика. Доказ за тоа се нашите осмоодделенци Теодора Бујароска и Виктор Домазетоски од ОУ Христо Узунов и Григор Прличев кои се вратија со блескави медали од математичката олимпијада во Кипар. Вистински куриозитет е тоа што Теодора и Виктор за да ги освојат овие медали единствено се подготвувале со своите наставници или пак си решавале по дома. Замислете го успехот што би го постигнале доколку со нив би работел цел еден тим кој ќе им помага во нивното учење. Тие денес се сретнаа со градоначалникот Петрески и ги пренесоа своите импресии...

Continue reading

gradinka

„Збогум градинке моја, среќно првачиња“

Post Views: 22 Сите ние до крај на животот се сеќаваме барем на еден од нашите другари од градинка. Денес дечињата од охридските градинки, ја завршија оваа учебна година. Подготвени догодина да,седнат во училишните клупи, и да станат првачиња, се пофалија за она што го научиле од професионалниот тим воспитувачи во охридските градинки. Градинката е средина во која се формираат здрави детски личности, со примена на современи воспитно образовни средства и под будното око на професионален тим воспитувачи, опремени со кодекс на однесување на највисоко ниво, кажа директорката на ЈОУДГ...

Continue reading

Veljanoski

„Ова е пирова победа за ВМРО ДПМНЕ“ велат од СДСМ

Post Views: 2 Пратеникот Митре Велјаноски ја честита победата на ВМРО ДПМНЕ на државно ниво и истакна дека СДСМ се математички победници на овие предвремени парламентарни избори освојувајќи 43 пратеници наспроти осумнаесетте кои ги имаа досега. Претседателот на изборниот штаб на СДСМ, Александар Петрески им порача на своите политички опоненти да соберат храброст и да му ја честитаат победата во Охрид. „Власта ги искористи сите можни средства за да победи на овие избори, па некои луѓе поради сиромаштијата биле принудени да го земат она што им било ветено…“ вака рече пратеникот...

Continue reading

Градоначалникот Александар Петрески попушти

Post Views: 2 ВМРО ДПМНЕ сепак ќе митингува на градскиот плоштад. Што се однесува до станатите политички партии, тие  своите митинзи ќе ги одржуваат на просторот на поранешниот полигон за мали спортови, кој деновиве интензивно се подготвува, за претстојните промотивни активности на политичките партии. {loadposition content9}

Continue reading

muzej na voda

Мина времето на магаре туризам , доаѓа ерата на културниот туризам

Post Views: 5 Македонија, за жал ни по 20 години самостојност нема изградено старатегија  за развој на туризмот.. Сопственикот на хотелот Славија Спектар , Зоре Темелкоски, со своите визии за развој на туризмот вели последен момент е кога треба конечно да се изработи  стратегија на национално ниво. Темелкоски препорачува во нејзината изработка да се  вклучат Факлутетот за туризам, Факултетот за економија и стопанствениците, а не поединци кои ќе се промовираат себе си  дека се експерти. Таа треба да биде промовирана како генерална стртегија во светот,  од неа да нема отстапувања туку...

Continue reading

labino

„Лабино“ ќе се средува

Post Views: 3 Охрид ќе добие нови 15 плажи. Една од нив ќе биде и плажата Лабино. Министерството  за транспорт и врски веќе распиша тендер, на кој заинтерсираните ќе треба да ги достават своите понуди. Градоначалникот Александар Петрески ја подржува идејата со која атрактивните локации во Охрид ќе се оплеменат. Градоначалникот забележува што министерството распиша тендер за плажите само два месеци пред истите во владение да ги добие локалната самоуправа. Со средувањето на Лабино и издавањето на оваа плажа под концесија, ќе се докомплетира идејата зацртана подолг приод за овој дел...

Continue reading

kuce-maska

СВР Охрид со мерки против несовесни сопственици на кучиња

Post Views: 15 Секторот за внатрешни работи Охрид, до Основниот Суд во Охрид поднесе  барања за поведување прекршочна постапка против шест лица кои, своите домашни миленици односно кучиња, невнимателно и без заштитни маски ги шетале своите кучиња на јавно место. Пријавите се поднесени против Е.М.(18) С.С.(29) И.Р.(29) М.Г.(26) П.С.(24) и Д.М.(48) сите од Охрид кои во текот на минатиот месец се затекнати на различни места  на подрачјето на Општините Охрид и Дебрца. Тие ги воделе односно невнимателно и без надзор ги имале пуштено своите домашни   кучиња од расите „Пит бул,, „Доберман„...

Continue reading

decinja

Дечињата и нивните Првоаприлски маски

Post Views: 3 1ви Април, денот на шегата е веројатно денот кој дечињата нетрпеливо го очекуваа. Градинките од Охрид, со заедничка огранизација им овозможија да ја покажат својата креативност. Заедно со своите воспитувачки тие си имаа подготвено музички и танцови изведби, се забавуваа, кажуваа шеговити стихотворби. Но, за нив најважно беше што можеа да се маскираат во своите омилени ликови од цртаните филмови, од приказните… Пеперутки, самовили, принцези, мечиња, пчелички се само дел од креативните маски на дечињата кои беа присутни. За „Априлијадата“ да изгледа и звучи онака...

Continue reading

shankovi

Градежниот инспекторат денес рушеше шанкови

Post Views: 1 Урбаната опрема се отстрануваше од градскиот плоштад и на потегот помеѓу обложувалницата премиер и  Амамот. Неуспешни беа обидите да се стапи во контакт со првиот човек на инспекторатот Танас Танасоски. Ниту ние, ниту портпаролот на локалната самоуправа Симон Илиевски не успеавме да добиеме одговор дали станува збор за отстранување на дивопоставени шанкови, или пак се отстрануваат оние за кои сопствениците не ги подмириле своите обврски кон локалната самоуправа. Останува да видиме дали утре надлежните ќе излезат со објаснување, дали отстранетите шанкови работеле на...

Continue reading

NU Gligor Prlicev

Охридската театарска уметност процветува оваа пролет

Post Views: 6 Се чини дека тргнува возот на креативноста. Работите се поместија од мртва точка.  Мотивирани од добивањето на статус на професионален театар, нови сили ќе влегуваат во театарските води. Центарот за култура „Григор Прличев“ објави конкурс за примање на нови членови во младинскиот театарски состав. Ова е отворен конкурс на којшто единствено ограничување е старосната граница. „Се работи за младинската сцена или подобро познатото Детско драмско студио кое што покрај професионалниот театар кој што ќе почне да работи, активно ќе работи и таа аматерска сцена. Огласот започнува...

Continue reading

bela tehnika

„Потрошувачите секогаш се во право“ ама си молчат

Post Views: 6 Граѓаните и понатаму слабо се интересираат како да ги заштитат  своите права како купувачи. Само 300 граѓани лани побарале помош во решавање на проблеми кои ги имале при купувањето  до општинската потрошувачка канцаларија информира  Вангел Спироски претседателот на ОП на Охрид. Според него мал е бројот на граѓаните кои пристапиле кон организацијата, таа брои само 100- тина членови. Поупатените потрошувачи, пак и понатаму се  жалат  на вообичаените проблеми. Поплаките се однесуваат на неисправните технички апарати, прехранбени производи со изминат рок, како и на небезбедните ...

Continue reading

vmro-dpmne

ДПМНЕ спремни за избори, кога и да се

Post Views: 10 „Прво скокни, после речи ОП.“ Вака им порача ВМРО-ДПМНЕ на своите противници од СДСМ. Тие потврдија дека се подготвени за избори во било кое време. Ќе им нанеселе убедлив пораз на своите политички конкуренти. ВМРО-ДПМНЕ користејќи народни мудрости им порача на своите политички противници од СДСМ да не се радуваат предвреме. Велат: „Вчерашното однесување на СДСМ е недопустливо.“ Во име на партијата се обрати Претседателот на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ-Атанаско Михаилов кој реагираше на вчерашното еуфорично славење на членовите на СДСМ. Имено тие вчера најавата...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top