ДПМНЕ спремни за избори, кога и да се

„Прво скокни, после речи ОП.“ Вака им порача ВМРО-ДПМНЕ на своите противници од СДСМ. Тие потврдија дека се подготвени за избори во било кое време. Ќе им нанеселе убедлив пораз на своите политички конкуренти.

 |  Мишел Наумоски  | 
vmro-dpmne
вмро-дпмне

„Прво скокни, после речи ОП.“ Вака им порача ВМРО-ДПМНЕ на своите противници од СДСМ. Тие потврдија дека се подготвени за избори во било кое време. Ќе им нанеселе убедлив пораз на своите политички конкуренти.

ВМРО-ДПМНЕ користејќи народни мудрости им порача на своите политички противници од СДСМ да не се радуваат предвреме. Велат: „Вчерашното однесување на СДСМ е недопустливо.“ Во име на партијата се обрати Претседателот на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ-Атанаско Михаилов кој реагираше на вчерашното еуфорично славење на членовите на СДСМ. Имено тие вчера најавата за предвремени избори ја дочекаа со прослава пред седиштето на партијата, за потоа да прошетаат по Охридските улици.

Од ДПМНЕ велат дека начинот на кој СДСМ ја прославувал најавата за предвремени избори бил недоличен и недостоен за една политичка партија. Во таборот на ДПМНЕ-повоздржани. Тие ќе славеле кога за тоа ќе дојдело време.

vmro-dpmne„ВМРО-ДПМНЕ-Охрид ќе му нанесе уште еден убедлив пораз на нашиот политички противник од Охрид и ќе биде казнето ваквото арогантно и циркузантско однесување. Општинскиот комитет е подготвен за избори кога и да се распишат. Ќе славиме вечерта на денот на изборите. А народната поговорка: Кој последен се смее, најслатко се смее, ќе биде потврдена на денот на изборите.-рече Претседателот на Општинскиот комитет на ДПМНЕ од Охрид-Атанаско Михаилов

И покрај тоа што никој не знае кога ќе се одржуваат изборите ниту дали ќе има предвремени или не, сепак очигледно започнаа партиските препукувања. Со сиот свој обем и рационалност, ваквите конференции сепак тешко дека ќе бидат од корист за обичниот граѓанин.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top