Охридската театарска уметност процветува оваа пролет

Се збогатува младинската сцена. Детското драмско студио ќе прима нови членови. Аудицијата започнува денес, во Центарот за култура „Григор Прличев“.

 |  Мишел Наумсоки  | 
NU Gligor Prlicev
НУ Глигор Прличев

Strezo StamatoskiСе чини дека тргнува возот на креативноста. Работите се поместија од мртва точка.  Мотивирани од добивањето на статус на професионален театар, нови сили ќе влегуваат во театарските води. Центарот за култура „Григор Прличев“ објави конкурс за примање на нови членови во младинскиот театарски состав. Ова е отворен конкурс на којшто единствено ограничување е старосната граница.

„Се работи за младинската сцена или подобро познатото Детско драмско студио кое што покрај професионалниот театар кој што ќе почне да работи, активно ќе работи и таа аматерска сцена. Огласот започнува денес односно аудицијата за огласот е денес, петок во 20:30 часот.“-рече Стрезо Стаматоски-раководител на Детското драмско студио

Бројот на членови кои ќе се примаат не е дефиниран. Раководителот на Детското драмско студио-Стрезо Стаматоски дополни дека тој лично би сакал да има што поголем број на членови, но конечниот состав на младинската група ќе биде познат по завршувањето на конкурсот.

„Секој еден кој што се чувствува моќен да излезе пред група луѓе, кој што сака да си ги изрази своите чувства, и тој еден да не биде помлад од 15 години. Значи ќе работи засега една група која што ќе ја раководам јас. Конкурсот ќе биде отворен некаде до 8ми или 9ти Април и се надеваме дека со таа група оваа година ќе го посетиме фестивалот за драмски аматерски претстави во Кочани, во Мај месец.“-додава Стаматоски

Полека станува очигледно што значи да се има професионален театар. Охрид конечно ја доби можноста да ги регрутира своите таленти, а штиците што живот значат, ќе им станат драги на многу наши сограѓани. Па којзнае, еден ден, овие млади таленти можеби ќе ги заменат своите колеги од професионалниот охридски театар.

 {loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top