Ознака: своите

raskopana ulica

Раскопан патот во населеното место Велгошти

Post Views: 1 На поплаките од жителите дека овој дел од патот се раскопува по втор пат, Цветкоски вели дека тоа е така затоа што најпрво се поставувала канализација, па нова водоводна линија и дури сега се поставува атмосферска канализација. Не  е возможно сите активности да се изведуваат истовремено, додава директорот на ЈП„Нискоградба“. Темпото со кое се одвиваат сите започнати активности е според зацртаниот план. Се надевам дека до Велигден ќе се завршени сите активности.Владо Цветкоски директор на ЈП„Нискоградба“ објаснува дека активностите за ставање на атмосферска канализација...

Continue reading

Nova Godina

Новогодишните тезги слабо посетени од граѓаните

Post Views: 4 Тезгаџиите не се задоволни од продажбата. На тезгите се забележува асортиман кој останал непродаден со години наназад. Дел од целата новогодишна атмосфера се и неизбежните тезги со новогодишен асортиман. Тезгаџиите кои продаваат таму крајно незадоволни. Се жалат на остварениот промет, велат дека продажбата е пониска од било кога. Оваа година се забележуваат повторно истите честитки, украси, сијалички. Продавачите не можат да остварат промет ни колку за да направат обрт на стоката. Се помалку граѓани застануваат на тезгите, а камоли да купат нешто. „Луѓето застануваат...

Continue reading

policija

Ги натепал вработените затоа што побарале плата

Post Views: 1 Четири вработени во текстилната компанија „ Викторија – Фешн “ барајќи си ги своите основни права биле нападнати вчера од сопственикот. Вербалната расправија до која дошло во просториите на компанијата излегла од контрола и можело да заврши трагично. Вработените само си ги побарале своите неисплатени плати по што следувало неочекувана реакција од страна на сопственикот Н.К. (28). Тој извадил стартен пиштол од своето биро и сакајќи да ги заплаши вработените испукал во воздух. Една од вработените Љ.У. (46) била нападната со дршката од пиштолот при што и е нанесена повреда...

Continue reading

магазин

Охрид на страниците на најтиражниот туристички магазин во Финска

Post Views: 5 На страниците на Олинкоматхат, најголемиот туристички магазин во Финска се најде и Охрид. Со своите убавини нашиот град се нуди како туристичка дестинација покрај голем број туристички места од Хрватска, Шпанија, Португалија, Грција,Тајван. „На пребирливите фински туроператори им се допадна охридското крајбрежје, па на нивниот пазар го понудија Охрид како добра туристичка дестинација“ Македонија прави напори да се пробие и презентира на пазарот на Скандинавските земји нагласува Зоран Стрезоски дир на Агенцијата за поддршка и  промоција на туризмот. За што поголема афирмација...

Continue reading

Kanceska Milevska

Кандидатите очи в очи со Канческа Милевска

Post Views: 11 12-те кандидати кои се токмат да седнат на челната фотеља на реномираниот фестивал „Охридско лето“, в понеделник очи в очи со Министерката за култура, Елизабета Канческа Милевска. Апликантите ќе имаат можност лично да ги презентираат своите проекти во врска со фестивалот и своите визии за развојот на истиот. Кандидатите ќе се обидат да ја убедат министерката дека токму тие се вистинскиот избор за директорската функција. Ова за ТВМ го изјавија од Министерството за култура. Инаку на конкурсот кој заврши на 26 октомври пристигнаа12 пријави. Дел од нив се потпишани со...

Continue reading

sloboden Ohrid

Започна чествувањето на 66 години слободен Охрид

Post Views: 2 Започнаа активностите со кои се прославува 66 годишнината од слободен Охрид. Свечената седница започна со едноминутно молчење со кое им се оддаде почит на погинатите борци за слободата на Охрид и починатите учесници во Народно Ослободителната Борба. На седницата свое обраќање имаше градоначалникот Александар Петрески, кој истакна дека одбележувањето на ваквите важни датуми од историјата на Охрид не’ обврзуваат ние како генерација да дадеме свој придонес за неговиот натамошен развој. „ Нивниот придонес за денешната слобода го чувствуваме ние, но обврска е тоа да го прават...

Continue reading

den na idei

Владина кампања „Ден на идеи 2010“

Post Views: 1 Охриѓани се вклучија во владината кампања „Ден на идеи 2010“. Тие денес на градскиот плоштад ги запишуваа своите предлози со надеж дека ќе стигнат во вистински раце и дека за скоро време владата ќе ги прифати и реализира. Охриѓани на градскиот плоштад ги запишуваа своите идеи и предлози. Голем број од нашите  повоздрасни сограѓани имаа што да и предложат на Владата, верувајќи дека нивниот предлог во голема мера ќе им помогне на останатите. Владината кампања  „Ден на идеи“ Граѓаните за Македонија во  Охрид ја надлегедуваше Министeрството за одбрана со свои претставници. „Преку...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top