Ознака: своите

den na idei VMRO DPMNE

Охриѓани предлагаа, членови на ВМРО ДПМНЕ запишуваа

Post Views: 0 Охриѓани на плоштадот кај Чинарот денеска имаа можност своите идеи за развој на Охрид да ги соопштат и запишат како дел од програмата на ВМРО ДПМНЕ. Предлозите ги имаше во сите области, но најмногу се однесуваа на инфраструктурата, паркинзите, канализационата мрежа на Јане Сандански и урбанизацијата во централното градски подрачје. „Треба да има и градски парк. Децата не гледам каде можат да се носат освен покрај езеро и не сматам дека покрај езеро оној парк е парк  туку, треба вистински парк каде ќе можат родителите да си ги однесат своите мали деца. Изнанадена сум...

Continue reading

deca skoli

Каде на дополнителна-во редовна или приватна школа?

Post Views: 1 Неизмерна е желбата на родителите да ги видат своите деца како успеваат во животот. Таа желба никогаш не губи на интензитет но со текот на времето добива разни форми на манифестација. Веќе неколку години, во земјава како тренд се јавува запишувањето на децата во приватни школи за дополнителни часови  по јазици, математика, или некој друг предмет. Бројни се  школите кои им стојат на располагање, но и причините поради кои родителите се одлучуваат на овој чекор. „Со текот на времето сите тие причини се искристализираа во едноставни причини, а ние од туторски образовен центар...

Continue reading

odbojkarki

Српски одбојкарки задоволни од спортските услови што ги нуди Охрид

Post Views: 0 Женскиот „Одбојкарски клуб 98“ од Лесковац своите спортски подготовки ги привршува во Охрид. Оваа млада, надежна екипа се натпреварува во Втората одбојкарска лига во Србија, а нивните амбиции се влез во првата лига.  Одбојкарките се за прв пат тука и како што велат не зажалиле што за подготовките го избрале  Охрид.  Александра  Јовановиќ и  Нина Стојановиќ се дел од екипата на „Одбојкарски Клуб 98“ Лесковац и се воодушевени од хотелската услуга и  од одличните услови за тренирање.  Максимално ги користат спортските терени околу хотелот Метропол, теретаната и езерото. Подготовките...

Continue reading

SVR Ohrid

Отворен ден во СВР Охрид

Post Views: 35 Секторот за внатрешна контрола и професионални стандарди при МВР, денеска одржа отворен ден во СВР  –  Охрид. Целта на проектот со кој граѓаните директно се среќаваат со министерката за внатрешни работи е во рамки на стратешката определба на министерството за транспарентно работење. „Ваквите посети се секогаш една добра можност за да размениме мислење и информации околу тековни прашања, а кога станува збор за Охрид  секако дека во периодот на летото и туристичката сезона интензитетот на движење на патници, интензитетот на посетители е значително поголем отколку...

Continue reading

koluseski

4 пасоши зависат од средба

Post Views: 0 После 7 години престој во Виена, Австрија, Никола Колушески заедно со своите четири деца доаѓа во родното место, Лескоец охридско, односно во Македонија, за да извади пасоши за него и  децата. Неговата животна сторија е приказна за еден пожртвуван родител кој со  сите животни предизвици храбро се бори своите деца да ги истурка на прав пат. Како што и самиот кажува пред седум години се развел од неговата жена Невена бидејќи не им одел бракот. При тоа таа уште во тој момент се откажала од децата и му ги отстапила родителските права, со можност Никола да може да патува...

Continue reading

socijala_Nikolco_Krstamoski

Маките на Николчо Крстаноски и неговото семејство

Post Views: 6 Кои се приоритетите и потребите на луѓето? Доколку на некого сон му е да купи автомобил или да оди на одмор, други сонуваат да купат леб и да имаат сопствен кров над глава. 48 годишниот Николчо Крстеноски живее од денеска за утре и мака мачи да обезбеди корка леб за своите две деца. Веќе пет години откако неговата сопруга го оставила поради друг со децата и нговата мајка живее во трошна куќа во Велгошти. Не е способен да работи, а преживува благодарение на хуманите луѓе и Црвениот Крст, кои одвреме навреме му донираат основни прехрамбени намирници и гардероба. „Работа...

Continue reading

konjsko

Мештаните од Долно Коњско заробени во своите домови

Post Views: 3 Жителите на дваесет и пет куќи кои постојано живеат во Долно Коњско се заробени во своите домови, вели Нада Ламбеска, мештанка која овде постојано живее 3 децении.  Патот, кој мештаните го користеле 40 години до пред една година, бил претходно компромисно решение со хотелот на поранешниот комбинат на Свилара. Но, работите во меѓувреме се изменија вели Ламбеска. Свилара доби  сопственик кој забрани движење по некогашниот пат и сега  мака мачиме додека дојдема дома, вели Ламбеска. Патот кој во моментов го користат мештаните од Долно Коњско е тешко пристапен, додека пак,...

Continue reading

mitrovic

Сеуште актуелни паркинзите

Post Views: 2 Петрески и неговиот тим, произведуват неред во Охрид, обвинуваат од ОК на ВМРО – ДПМНЕ. Продолжува сторијата на охридските вмровци околу издавањето на паркинзите, цената и законитоста на одлуките кој ги носи првиот човек на градот. Портпаролот на партијата Никола Митровиќ, уште еднаш нагласи дека издавањетона паркинзите на начин на кој тоа го направи градоначалникот Петрески и луѓето околу него, е резултат на нивното незнаењето и енормната желба за лично богатење. „Деновиве сме сведоци на буквален криминален чин со кој паркинзите во Охрид кои со одлука на Советот се...

Continue reading

izlozba crven krst

Во ОО на Црвен крст формиран клуб за цртање

Post Views: 7 Идејата за формирање на клуб за цртање ја реализираше Филип Стојкоски студент од трета година, заедно со триесеттина волонтери. Овој тим на млади уметници изминативе два месеци ги надоградуваа своите таленти во разни техники и модели на креативно изразување.  „Нашата цел беше да направиме нешто што ќе биде блиску до луѓето, а не да покажеме висока уметност која би била за затворен круг на луѓе“, вели Стојкоски за ТВМ. „Јас преку оваа акција сакам да ја промовирам потребата за неформална едукација. Затоа сакав да организирам нешто на тоа поле. Изненаден сум многу во...

Continue reading

Да им ги вратиме децата на игрите

Стари игри, нови клинци

Post Views: 3   Постарите знаат да кажат, денешниве деца не знаат ништо друго освен компјутери, плејстејшени, џојстици и други такви дрангулии кои им го затвораат детството во 4 ѕида. Бабите и дедовците, повозрасните, родителите со носталгија се присетуваат на времето кога детсвото го минувале трчајќи низ маало или во најблиската лединка и играле Долга магарица, Бинек, Џамија, Кини-пантоли, , Народна, Џиздија и Ќоро-пиле. Овие стари игри се играа вчера покрај езерото кај Билјанини извори, а ги играа некои нови клинци. Шеесетина ученици од 5 то до 7 мо одделение од 9 училишта од Охрид...

Continue reading

znak

Автобусите се паркираат без исаф

Post Views: 16 Закони и сообраќаен режим имаме, локација имаме, но автобусите со туристи речиси секој викенд можеме да ги сретнеме паркирани на неколку улици низ центарот на Охрид. Нивните несовесни возачи навистина храбро го тестираат прагот на толеранција на СВР Охрид. Од СВР Охрид информираат дека имаат одредено ниво на толеранција кога патниците се превезуваат со автобусите до сместувачките објекти во централното градско подрачје, но потенцираат дека за паркирани автобуси на места кои не се предвидени за тоа, важат истите сообраќајни правила, а за нивно непочитување и истите казни....

Continue reading

decinja so maski

„Здрава храна за детство без мана“

Post Views: 27 Јаболка, јаготки, цреши, моркови, патлиџани и многу други овошја и зеленчуци никнаа во дворот на градинката „Јасна Ристеска“. Дечињата од петте објекти на оваа градинка на возраст од 4 до 6 години преку своите маски упатија порака до сите деца, но и возрасни дека треба здраво да се храниме. Секое од децата си има свое омилено овошје и зеленчук: „Јас сум јаболко зошто многу сакам да го јадам ова овошје“„Јас сум цреша, таа е најслатка“„Јас сум јаготка“ „Јас сум патлиџан, едвај чекам да дојде лето за да можам да јадам патлиџани, ама охридски“„Јас сум морков, го јадам како...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top