Мештаните од Долно Коњско заробени во своите домови

Жителите на дваесет и пет куќи кои постојано живеат  во Долно Коњско се заробени во своите домови, вели Нада Ламбеска, мештанка која овде постојано живее 3 децении.

 |  Валентина Неловска  | 
konjsko
konjsko

Жителите на дваесет и пет куќи кои постојано живеат во Долно Коњско се заробени во своите домови, вели Нада Ламбеска, мештанка која овде постојано живее 3 децении.  Патот, кој мештаните го користеле 40 години до пред една година, бил претходно компромисно решение со хотелот на поранешниот комбинат на Свилара. Но, работите во меѓувреме се изменија вели Ламбеска. Свилара доби  сопственик кој забрани движење по некогашниот пат и сега  мака мачиме додека дојдема дома, вели Ламбеска. Патот кој во моментов го користат мештаните од Долно Коњско е тешко пристапен, додека пак, жителите на три куќи буквално не можат да го користат ни овој пат туку патека широка  едвај полoвина метар и таа со судни маки, раскажува Ламбеска. zitelka konjsko

  „ Пред една година патот ни се ископа и немаме никаков пристап. За тоа беше известена Локалната самоуправа. Цела година ги викам, ги молам никој не сака да преземе ништо, буквално сме уништени во секој поглед. Ние друг пристап немаме. Само овој кој ни со магаре не се поминува, а пешки пак, мала деконцентрација може да слеташ долу. Ако може некој нека живее само еден ден да носи на рамо, да видам што ќе прави и  дали не ќе преземе нешто“, вели Ламбеска.

Бараат излез да им се најде  било кој пат само да се реши нивниот проблем. Пропаднавме психички, здравствено и финансиски, кажува Ламбеска. Тешко се живее без пат, а најлошо ни е во есен и зима. Огревното дрво го носиме на рамо. Рацете ни отпаднаа носејќи ги дел по дел продуктите за прехрана. Никој веќе не ни доаѓа ни во посета, се жали Ламбеска. За проблемот на овие жители од Долно Коњско знае и градоначалникот Александар Петрески. Укажува дека веќе започнале да работат на случајот.

„Тука дел од имотот, хотелот го купи Станинов. Патот што го користеа мештаните тој го ископа без одобрение, на диво го ископа за да непоминуваат граѓаните. Јас се обидов да се разберам со Станинов, но немам разбирање. Од тие причини таа дупка ќе ја вратиме на негов трошок  во првобитна состојба и патот како што беше ќе го користат жителите“, за ТВМ изјави градоначалникот Петрески.

Ламбеска се жали и на останатата лоша инфратструктура. Живееме во една од најубавите населби но сме без  осветление и канализација. Иако пред една година побаравме да бидеме приклучени на канализација, ние сме без приклучок, а ни пристигаат казни за одвод на атмосферските води, реагира Ламбеска. Таа  апелира до институциите да им помогнат да живеат попристојно, а за возврат да ги плаќаат давачки како и остантите граѓани  кои ги користат јавните услуги.

 {loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top