Стари игри, нови клинци

Долга магарица, Џамија, Народна, Џиздија и Ќоро-пиле. Овие стари игри се играа  покрај езерото кај Билјанини извори, а ги играа, некои нови клинци.

 |  Маја Савиќ  | 
Да им ги вратиме децата на игрите
Да им ги вратиме децата на игрите

 

долга магарицаПостарите знаат да кажат, денешниве деца не знаат ништо друго освен компјутери, плејстејшени, џојстици и други такви дрангулии кои им го затвораат детството во 4 ѕида. Бабите и дедовците, повозрасните, родителите со носталгија се присетуваат на времето кога детсвото го минувале трчајќи низ маало или во најблиската лединка и играле Долга магарица, Бинек, Џамија, Кини-пантоли, , Народна, Џиздија и Ќоро-пиле. Овие стари игри се играа вчера покрај езерото кај Билјанини извори, а ги играа некои нови клинци.

Шеесетина ученици од 5 то до 7 мо одделение од 9 училишта од Охрид и Дебрца се растрчаа и играа во природа на сонце во склоп на првиот турнир од проектот „Да им ги вратиме децата на игрите“.

Се играа 9 игри од прирачникот изготвен за овај проект кој содржи упатства за вкупно 31 игра. Автор на прирачникот е Томислав Тунтев, чија е и идеjата за еден ваков проект. Тунтев задоволен од реакциите на децата.

Томислав Тунтев

Мене ми е многу драго што ги прифатија игрите и едвај чекаа да дојде денот на натпреварот. Во меѓувреме се информиравме дека си тренирале во своите школи, маала, улици итн. Мислам како почеток, целта на овој проект е исполнета. Значи да се запознаат децата со игрите од минатото, да им се укаже од нас возрасните дека постојат игри кои не ги доведуваат во прашање ни емоционалниот, ни физичкиот развој, `рбетот, очињата.“ – изјави Томислав Тунтев.

Да им ги вратиме децата на игрите

Тунтев им порача на децата да излезат надвор од собите, и да се обидат да ги научат овие стари игри за  да видат дека има игри кои не вклучуваат  насилство и крвопролевање, туку дека има и  игри во природа кои го јакнат нивниот дух од социјален, психички и физички, аспект.

Од Младинскиот совет од Охрид ја препознаа убавината на оваа идеја и се вклучија во нејзина реализација.

 

Децата се многу задоволни, со задоволство ги играат овие игри.Се надеваме и јас искрено се надевам дека оваа иницијатива ќе продолжи понатака уште многу долги години.“ – Александра Јаневска, Младински совет Охрид.

Да им ги вратиме децата на игрите

Младинскиот совет во соработка со локалната самоуправа за учесниците обезбедија скромни награди, по една топка за секое училиште и ланч пакети за дечињата.  

Сега останува децата кои учествуваа на првиот турнир да ги пренесат искустваата на своите другарчиња и кој знае можеби повторно низ охридските маала ќе се игра џамија, куцкана, долга магарица.

 

 

 {loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top